Жозе Мурињо втор пат по ред одлучи шпанскиот голман да го оствави на клупата за резерви и предност да му даде на Адан
Реал Мадрид стартуваше со победа од 4:3 во новата година, но во навистина тежок меч. Ова беше средба која имаше многу интересни моменти и на теренот и надвор од него така што во прв план беше одново Икер Касиљас. Мурињо одлучи средбата против Сосиедад да ја почне со Адан на голот. Ова беше втор меч во серија во кој што капитенот Касиљас остана на клупата, што пак наиде на негодување од трибините. Сепак, судијата беше сојузник на фановите на Реал Мадрид, па откако Адан во 5. минута направи прекршок во шеснаесетникот доби црвен картон, а гостите можност да израмнат од пенал бидејќи уште на отворањето на средбата примија гол.
Касиљас доби шанса брзо да се најде на теренот. Мораше да се менува поради тоа што Адан се пресели во соблекувалната. Сепак, брзо стана јасно дека нему не му е до играње откако не го добива своето место во првиот тим.
Само што влезе на терен, Кристијано Роналдо му ја донесе капитенската лента, но Касиљас одби да ја земе и да продолжи да го води тимот во останатиот дел од средбата. Имаше неколку лоши интервенции кои во друг случај се лесна задача за него.
Овие моменти само потврдуваат дека во Реал Мадрид работите продолжуваат да бидат вжештени така што ништо не е смирено и с останува исто како и при крајот на минатата 2012 година.
"Фановите се навистина перфектни. Навистина добро свират, а мене не ми пречи воопшто кога тие свирежи ми се упатени. Драго ми е кога мене ми свиркаат, а потоа го поддржуваат тимот. Знам дека тие свирежи се поради мојата одлука да го оставам Икер на клупата за резерви и поради фактот дека имаме големо заостанување зад Барселона", изјави Мурињо после натпреварот.
Тито се врати на клупата на Барса
Тренерот на Барселона, Тито Виланова се врати на клупата на својот тим речиси еден месец порано од сите предвидувања. Откако го пропушти дуелот од 17. коло поради операцијата, не сакаше и Каталонското дерби да го следи пред ТВ екраните. Тој се најде на клупата и доби поддршка од својот колега од Еспањол, но неговите фудбалери беа безмилосни и одржаа голема лекција за противничките играчи.
Само 30. минути беа доволни голот на Еспањол да биде преполнет, на крајот Барса славеше со 4:0.
Амбициите на Даријана.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“