Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
07.01.2013, 15:33
Традиционален божикен ручек за 500 деца во Прилеп



За околу 500 деца од речиси сите краишта на Македонија денеска во прилепскиот хотел „Кристал палас“ се одржа традиционалниот свечен божикен ручек.

На овој седми божикен ручек, којшто четврти пат се одржува во Прилеп, присуствуваа деца од речиси сите делови на Македонија од Табановце преку Скопје, до Гевгелија, од Кичево до Штип и од Прилеп, Битола.

- Децата се собраа на заедничко дружење, заеднички да си посакаме љубов, здравје, и децата да имаат безгрижно детство. Со ова се потврдува мотото на Детската амбасада за сите деца во светот, а тоа е: сите деца под едно небо, без разлика на верската припадност, изјави генералниот секретар на Детската амбасада Дамјанчо Стојаноски.

Божикниот ручек го благослови владиката Петар кој упати порака за смиреност, скромност, во духот на православието.

По повод 15-годишниот јубилеј на Организацијата на прилепскиот градоначалник му е доделено признанието Орден за носител на мирот.

Градоначалникот Марјан Ристески упати порака до сите кои помагаат и до оние кои сакаат да бидат хумани.

- Ова е обврска но и поттик за понатаму да помагаме. А ние во Прилеп тоа го правиме користејќи ја секоја можност, вели Ристески.

Децата денеска се дружеа во весела атмосфера и добија слатки пакетчиња.

Генералниот спонзор на седмиот Божиќен ручек е ЕВН Македонија, под покровителството на градоначалникот на општина Прилеп, Фруктал Мак и Медиа Принт Македонија со дневните весници Дневник, Утрински Весник и Вест, Наша ТВ, МРТВ, Канал 5 и Алфа ТВ од Скопје.



Статијата е прочитана 351 пати.


Испрати коментар



Празниците ја изедоа месечната кошничка
Нема објекти во економската зона во Тетово, само трње



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -9°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 0°C, Мин: -9°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 1°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (46)
Амбициите на Даријана.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон |