07.01.2013, 17:55 Едиториjал
Идните години може многу повеќе да боли
Нина Нинеска-Фиданоска
Министерот за финансии, Зоран Ставрески, спокојно ја дочека Нова година и божикните празници. Со благослов од пратениците од владејачкото мнозинство и без „здодевните“ опозиционери кои единствено знаат да прашуваат како и зошто ќе се трошат народните пари, првиот финансиер уште пред почетокот на годинава успеа да ја „натокми“ државната каса со значајни 290 милиони евра од странски кредити. Овие пари само што не пристигнале на македонското државно конто, па министерот има големи причини за задоволство од комоцијата што му ја дава солидната финансиска покриеност со која стартува буџетот за 2013.
Ефектот на „радост“ кај владиниот врв за навреме изгласаниот буџет и странските задолжувања, покрај дамката што ја носат случувањата од 24 декември, датум што веќе беше прогласен за „црн понеделник“, можеби ќе ја помати и денешниот одлив на 183 милиони евра за еврообврзницата, која достасува за наплата. Пред неколку дена од Министерството за финансии потврдија дека исплатата на еврообврзницата сега е осигурана, откако се обезбеди собраниска верификација за буџетот и за странските заеми. Инаку, случајно или не, Владата денес планира на домашниот пазар да се задолжи за околу 127 милиони евра.
Значи, дури и даноците да потфрлат, прогнози што воопшто не се далеку од реалноста, ако се има предвид економската криза која ги притиска компаниите и граѓанството, пари во буџетот, барем на стартот, сигурно ќе има. Пари се неопходни, бидејќи Владата зацрта оваа година да ги зголеми пензиите, и тоа почнувајќи од март, потоа социјалните надоместоци, а и спомениците и барокот треба да продолжат со „предвидената динамика“.
Кон крајот на минатата година, кога буџетската приказна почна да зоврива и да добива драматични размери, многумина тврдеа дека за Владата е најбитно навремено усвојување на буџетот, бидејќи во спротивно државата не можела да функционира. Сега станува малку појасно дека странските кредити, сепак, и' биле побитни, бидејќи токму тие ќе го осигураат финансирањето на вака испланираната и скроена државна каса. А во неа, за волја на вистината, можат да се пронајдат ставки чие бришење ќе беше рационален економски потег, како што, впрочем, направија многу други европски држави. Математиките на социјалдемократите покажаа дека ако се примени тој рецепт на редуцирање, буџетските расходи ќе можеа да се олеснат за околу 204 милиони евра. Наведоа и конкретни позиции каде што нема многу да „боли“ ако се пресечат, а како такви ги препознаа трошоците за владино рекламирање, за „Скопје 2014“, за мебел, за возила, за непотребни патувања... тврдејќи притоа дека овој модел нема да им наштети на планираните зголемувања на пензиите и на социјалните издатоци, ниту на субвенциите и на платите на административците. Затоа и инсистираа задолжувањата малку да забават и да се заменат со одговорно водење на фискалната политика. Сега веќе го имаме пред себе епилогот од ваквото упорно опозициско барање, а тоа е длабоката политичка криза.
Сепак, и натаму остануваат да бидат актуелни дебатите за тоа како Владата успеа толку лесно да ја обезбеди оваа странска кредитна финансиска поддршка од цели 290 милиони евра и тоа во временска отсечка што се смета за предизборна, исто како што во 2011 година се обезбеди кредитната линија од 220 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд, на само неколку месеци пред вонредните парламентарни избори. Кои и да се мотивите на светските финансиери, јавноста овде секако дека многу повеќе ја интересира како во годините пред нас ќе се враќаат позајмените пари. Кредитот од Дојче банк во износ од 250 милиони евра ќе се отплаќа во два дела и тоа првиот после пет, а вториот по седум години. Или, 220 милиони евра од ММФ стасуваат за плаќање од средината на 2014 година и треба целосно да се исплатат до јуни 2016 година. Можеби некому овие рокови сега му изгледаат доволно далеку, но кредиторите секако дека ќе дојдат по своите средства. Ручекот никогаш не е бесплатен, ова е девизата на која во Владата веројатно не и' го посветија потребното внимание. Домаќинското трошење сега можеби ќе беше поевтино од цената на зголемените долгови што ќе биде поболна и ќе стигне во наредните години! |
Статијата е прочитана 3296 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 08.01.2013 00:53:51 | SDSM na mnogu neodgovoren nacin sakase da go skrati budjetot. Ako se skratese stavkata za patuvanje, Premierot ce treba na svoja smetka da ja pridruziva vo shoping soprugata ako albanskiot i kosovskiot premier posakaat nesto da slavat vo Skopje. |
| USA, 08.01.2013 01:44:18 | Јас мислев дека оваа е Нова Година. Ама гледам некои сеуште живеат во старата. Не сме ни почувствувале ништо од 2013та, а веќе е црна. И не само оваа, туку и многу идни. Само не разбрав, враќање на долг од 183 миљона од време на СДСМ е добра или лоша работа? Јас мислев само се задолживаме. |
| Ljupco, 08.01.2013 02:10:56 | Da se nadevame deka vo noviot hotel vo Ksanje ke ima mesto za Ali baba i 40-te razbojnici. Vikaat deka imalo gospod |
| Solidarnost, 08.01.2013 09:39:57 | Koga pogolemiot del od naselenieto e prinudeno da shtedi, chesto i na hrana i na lekovi, togash i vladata moze so svoj primer da pokaze solidarnost. Ako poglednete kolku pomalku se troshelo za sluzbeni patuvanja, shoferi, telefoni, obezbeduvanje, mebel, pred 10 do 15 godini, ke vidite shto se toa narodot mora Nepotrebno da plaka. Malku USUL! |
| мУСАв, 08.01.2013 10:28:53 | УСА, кога би можел да мислиш , ќе знаеше дека обврзницата која сега се исплатува (183 милиони евра со камата) е онаа истата која кум Ставре ја издаде во 2009-та година , која поради имиџот на РМ е со 9,9 % камата! Во 2009 СДСМ беше на власт? Прочита ли дека денес хунзите се задолжуваат со нови 127 милиони евра?Те молам , немој повеќе да размислуваш , не е тоа за тебе , само проследувај ги коментарите од штабот , како Феликс! |
| Buntovnik, 08.01.2013 10:29:29 | Do Urednikot
ovoj komentar sakav da go objavite kolomata od Blazevska, Vernicite ne stedat na verata. No ne e mozno zatoa sto ne ja primate sifrata.
Pa nisto cudno, religijata e vekovna pijavica koja i pored sekoja siromastija, pored toa sto lugeto se gladni, penzioneri i pobolni luge umiraat od stud i glad, deca nerodeni umiraat vo klanicite, izvinete bolnicite, religijata, iako najbogata vo zemjata, kako ligav prosjak pak trazi doprinos od narodot. I seto toa vo ime na Boga koj tie go stavile na krst i so toa go manipuliraat narodot. Mnogu luge velat vo komunizmot bese podobro. Ne e toa deka togas bevme pobogati, ne, togas bevme isto taka siromasi, no bevme slobodni. Go nemavme jaramot na religijata. Pogledajte samo kako vladat ja koristi istata religija za ugnetuvanje, lazenje i pljackanje na narodot. |
| ФЕЛИКС, 08.01.2013 10:30:53 | Интересантна завршница на написот.Имаме како тоа СБ,ММФ,кредитни агенции не гледаат тоа што го ,,експертски,, согледуваат некојси-идикојски ,,домаќи експерти,,Па така изостана дека денес,баш денес кога Шатевци дебатираат како и на кој начин ќе се ,,врнат тази ,,собрание,се враќаат 183 мил.евриќи кој ги зеле и потрошиле дебатните Шатевци во далечното минато над пола децениско.И на крај една констатација на која ни Евдините Зумбуљки,ниту 5001 и др. компањони упорно како некои колумнисти одбегнаа да не просветлат со,,зш не се објави писмото на СБ,, ем работите ќе беа појасни,ем вероватно ќе немаше 10 дневна Вандалска република со краен иселувачки финиш,ем ќе немаше цупкање во место пред Рекорд,ем ќе немаше ,,зад ушки,, од Брисел и ,,големиот брат,, ем т.н Или можеби го прочитале ама по навика погрешно го разбрале па затоа и не коментираат околу она,,зш бе....,, |
| Петар, 08.01.2013 11:03:56 | Светска банка и ММФ не прават ништо без претходна анализа и истражувања. Штом тие не прават никаков проблем за давање на заем, значи дека состојбата со задолжувањето на Македонија не е загрижувачка. И оваа Влада не го измисли задолжувањето, тоа е постапка се користела и во минатото а ќе се користи и во иднина. |
| сумо, 08.01.2013 11:53:30 | Единствено ке ги боли СДСМ во идните години ,затоа што не ги бива |
| Ivkova slava, 08.01.2013 14:13:20 | Zarem ushte krediti? Pomogaj sv.Gjorgjija! Kako toa nekoi opravduvaat zadolzuvanje - bilo tak normalno! (malce, samo malce trudna). Pa ako e tak normalno, shto tie lichno ne se zadolzat (pa i decata) i vozat mercsdesi, nego gledat familija da nahranat i da nikakvi dolgovi na decata ne ostavat, pravejci/placajci si gi duri i vlastite grobovi. A shto pravi ovoj shto izigruva premier? Spomenici so krediti, koi ne mozeme da gi upotrebioime ni za grobovite. Prekrasna idnina! Ma neka si gi svoite pari taka troshi, a ne nashite. Vreme mu e da odleprsha. Vo Vashington, Praga ili Hag - se edno! Samo neka se goni u ... |
| Marjan, 08.01.2013 14:35:49 | Успешен менаџер е оној кој ќе земе кредит ама со работа, визија, план и способност ги враќа истите. Владиниот тим може и знае да управува и со финансиите и со државата, ама на некој тоа не му одговара !!! |
| makedonka, 08.01.2013 17:35:29 | Единствено кого ќе ги боли се СДСМ затоа што никогаш повеќе нема да дојдат на власт.За греота!!!!!! |
| Елена, 08.01.2013 21:46:17 | ,,Здодевните опозиционерите правеа се, освен поставување нормални прашања од говорница, како што треба да биде. Можеа да прашуваат, да образложуваат и да си го убедат народот во нивните чесни намери. Наместо тоа, сите ние бевме сведоци на едно недолично и срамно однесување. Децата во градинка учат како треба да се одржуваат клупите, столчињата и останатите предмети со кои се служат секој ден. Такво вандалско и насилно однесување, не може да се оправда со здрав разум. Она што треба да не плаши е гневот на овие луѓе, кои незаситно работат спротивно на интересите на граѓаните и на Република Македонија. Оваа Влада покажа и докажа дека знае да води здрава економска политика, која дава позитивни резултати. Таквата одговорна политика не остава простор за да веруваме во сите црни сценарија, кои експертите сезнајовци ги предвидуваат. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 1°C
Делумно облачно
|
Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 3°C, Мин: -3°C
|
Сабота
Мешавина од снег и замрзнат дожд
Макс: -1°C, Мин: -9°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (49)Самоизолацијата на Јованка.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|