11.01.2013, 14:00 Серхио Рамос ќе паузира пет меча
Дефанзивецот на Реал Мадрид доби суспензија поради навредување на судијата за време на дуелот со Селта во шпанскиот Куп
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Рамос доби суспензија од пет меча поради навредување на судијата за време на дуелот со Селта, во Купот. Рамос беше исклучен во 72. минута, а играчот нервозен поради црвениот картон упатил неколку навредливи зборови кон судијата Мигуел Гомез. Арбитарот го пријавил Рамос, а Дисциплинската комисија реши да му додели суспензија од четири меча, плус еден поради црвениот картон. Рамос е рекордер во клупската историја на Реал Мадрид по бројот на добиени црвени картони. Ова беше негово 15-то исклучување.
„Мислам дека суспензијата е непреведна, би сакал да им се извинам на тренерите, соиграчите и навивачите. Се надевам дека во иднина и судиите ќе добијат еднакво праведни казни за своите грешки исто како и фудбалерите“, порача Рамос.
Поради суспензијата од пет меча Рамос ќе мора да ги пропушти двата меча против Валенсија во Купот, како и мечевите против Осасуна, Валенсија и Гетафе во домашното првенство.
Со суспензијата на Рамос, Реал ќе остане без двајцата централни дефанзивци откако Пепе поради повреда со сигурност нема да биде во тимот до крајот на февруари.
|