11.01.2013, 13:23 Мајами падна и во Портланд
Бранителот на титулата тргна по стапките на Лејкерси, новиот пораз го заработи на гости кај Блејзерси (92:90)
Бранителот на круната Мајами го запиша петтиот пораз во последните осум натпревари откако на гостувањето кај Портланд беше поразен со 92:90.
Иако „жешките“ на минута до крајот го имаа водството, сепак, не успеаја да најдат решение за Весли Метјуз - јунакот на Портланд. Бекот на домашниот тим во последните 60 секунди погоди две тројки, со што прво изедначи на 88:88, а потоа по забивањето на Крис Бош повторно ја врати предноста. „Тесната“ победа ја потврди Ламаркус Олдриџ со половичен ефект од линијата за слободни фрлања.
„Ништо не ми одеше од рака, не можев ништо да погодам, но имав доволно самодоверба и верував дека ќе проработам. Најважното прашање е дали можеме ли да продолжиме во овој ритам? Мораме, немаме друг избор, бидејќи ние сме најпријатното изненадување во лигата, играме со срце и нашите цело се поголеми“, изјави по мечот Метјуз кој запиша 18 поени.
Најефикасен кај Блејзерси беше Никола Батум со 28 поени, седум скока и пет асистенции, Олдриџ уфрли 20 поени.
Кај „жешките“ Бош со 29 поени беше прв стрелец на средбата, а додека Леброн стави крај на серија натпревари на кои што постигнуваше најмалку 20 поени. Зошто Мајами не го доби двобојот говорат скромните 15 поени на кралот.
Без суспендираниот Кармело Ентони, Њујорк беше поразен од Индијана со 81:76. Пејсерси на средбата против вториот најдобар тим на Истокот покажаа дека имаат една од најдобрите одбрани во лигата, на Мајами му дозволија да даде само 77 поени, а додека Никси ги спуштија на 76. Пол Џорџ пружа уште една феноменална партија: 24 поени (осум ги постигна во клучната серија (13-0) во последниот период), 11 скока, шест украдени топки и пет асистенции.
„Сакаме да бидеме високо, да се бориме за едно од првите две места. Доколку ја отворивме сезоната на овој начин сега сигурно ќе се боревме за водечките места. Убаво е што успеавме да ги совладаме Мајами и Никси, а одбраната е нашиот клуч“, рече по средбата Џроџ.
Во третата средба што се одигра Далас по продолжението го совлада Сакраменто со 117:112.
|