07.01.2013, 16:01 Истанбул, Мадрид и Токио во трка за организација на ОИ 2020
Претставници на градовите Истанбул, Мадрид и Токио денеска во седиштето на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) во Лозана ги предадоа кандидатурите за организација на Олимписките игри во 2020 година.
Во поднесената документација се наоѓаат податоци за буџетите, финансиските гаранции, безбедноста и капацитетите на овие градови за сместување.
Претставници на МОК ќе ги посетат Истанбул, Мадрид и Токио во март, а одлуката за домаќин на ОИ во 2020 година ќе биде донесена на 7 септември оваа година на тајно гласање во Буенос Аирес.
|