08.01.2013, 10:51 За десет години од Хрватска илегално изнесени 15,2 милијарди долари
Во последните десет години од Хрватска илегално се изнесени најмалку 15,2 милијарди долари, тврдат финансиски експерти од американската невладина организација „Глобал фајненшл интегрити“.
Станува збор за пари поврзани со разни криминални активности како корупција, организиран криминал, шверц, затајување данок и перење на пари.
Според „Глобал фајненшл интегрити“ овие средства можело да останат во земјата доколку државните институции си ја вршеле подобро работата и ако постоело законската рамка, со која се регулира конфискувањето илегално заработени пари и спречување тие да бидат изнесени во странство.
„Глобал фајненшл интегрити“ е програма на американскиот Центар за меѓународна политика, кој ��е занимава со истражување на илегалните движења на финансиски средства и препорачува мерки за борба против корупцијата. |