07.01.2013, 13:07 Обама ќе го номинира Џон Бренан за директор на ЦИА
Американскиот претседател Барак Обама ќе го именува својот советник за безбедност и борба против тероризмот Џон Бренан за нов директор на ЦИА, изјави претставник на Белата куќа.
Оваа вест ќе биде соопштена официјално денеска попладне, а Обама ќе потврди ја потврди и номинацијата на поранешниот републикански сенатор Чак Хејгл за нов министер за одбрана. Двете номинации треба да бидат одобрени од Сенатот на САД.
Бренан е долгогодишен службеник во ЦИА со стаж од 25 години во разузнавачката агенција. Обама планираше да го назначи за прв човек на ЦИА уште во 2008 година, но тогаш Бренан ја повлече својата кандидатура во поради сомневањата дека бил поврзан со тортури кои ги вршела ЦИА, додека бил во нејзините редови за време на владеењето на Џорџ Буш помладиот. Тој демантираше дека е вмеша�� во таквите измачувања врз приведени лица.
Изборот на Хејгл најверојатно, според проценките на аналитичарите, ќе ја распламти битката при утврдувањето на неговата кандидатура во Сенатот поради неговите ставови кон стратешкиот сојузник на САД, Израел.
Поранешниот сенатор од американската сојузна држава Небраска ги критикуваше плановите за воен напад врз Иран од страна на еврејската држава и ги поддржува напорите да се натера Техеран да седне на преговарачката маса.
Шеесет и шест годишниот Хејгл има лични врски со Обама од времето, кога и двајцата биле во Сенатот, јавуваат американските медиуми.
|