07.01.2013, 13:11 Хилари Клинтон се враќа на работа
Американскиот државен секретар Хилари Клинтон денеска се враќа на работа по едномесечното отсуство, соопшти Стејт департментот.
Клинтон, која не се појавуваше во јавноста од 7 декември, поради здравствени причини, оваа недела мина три дена во болница во Њујорк, поради тромб во вената во близина на мозокот.
Клинтон (65) беше задржана на лекување во Презбитеријанската болница, отако за време на прегледот е утврдено дека во вената меѓу черепот и мозокот има згрутчување и е проценето дека во болница треба да остане најмалку 48 часа. Нејзините лекари претходно изјавија дека тромбот не предизвикал мозочен удар, ниту невролошки оштетувања.
Портпаролот на Стејт депарѕментот Викторија Њуланд изјави вчера дека Клинтон е во добра состојба, мотивирана е и едвај чека да се врати на работ��.
Според неделната агенда, која ја објави Стејт департментот Клинтон в четврток ќе се сретне со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, кој пристигнува во посета на Вашингтон.
|