07.01.2013, 12:47 Во три сообраќајки, настрадаа тројца пешаци
Тетовецот Џелал С. (49), преминувајќи преку булеварот „Илинденска“, бил прегазен од патничко возило, по што почина на самото место. Несреќата се случи во неделата околу 12,30 часот, во централното градско подрачје на Тетово. На пешакот налетало возило „ровер 200“ со тетовска регистрација, управувано од А.А. (28) од Тетово. Беше извршен увид од страна на истражен судија, јавен обвинител и полиција. Се расчистуваат причините за несреќата.
Од полицијата известија за уште две сообраќајни несреќи викендов, во кој настрадаа пешаци. Во саботата околу 20,20 часот на крстосницата од булевар „Јане Сандански“ во близина на ТЦ „Веро“, автомобил „пасат“, управуван од Б.Х. (22) од Скопје, удрил во скопјанката Даница Ј. (67), која што починала на самото место. Надлежните вршат истрага.
Истиот ден, во еден часот по полноќ, во близина на клучката Орман на автопатот Северна обиколница, автомобил „ауди“ со швајцарска регистрација, управуван од Џ.Џ. (27) од Липково ја прегазил Љубица Т. (76) од Скопје, усмртувајќи ја на самото место. И во овој случај се истражуваат причините за несреќата. (Х.Р.)
|