Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
06.01.2013, 13:13

(ФОТО) Даниел Воиновски го презеде кумството на скопското бадникување

Главната свеченост почна со подигнување на бадникарското знаме, по што следеше осветување на бадниковите гранчиња

ФОТО: Петр Стојановски и Киро Попов

Пред платото на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ денеска се одржа 21-то традицонално скопско бадникување во организација на Здружението на граѓани Одбор за традиционална прослава на Бадник.

Поглаварот на Македонската православна црква г.г.Стефан од старите кумови Борче Петрушевски и Александар Пановски-Мац од Одборот на Бадник 2012 го прими преодниот бадникарски ќуп што симболизира единство и му го врачи на годинашниот кум на манифестацијата, бизнисменот Даниел Воиновски.



Главната свеченост почна со подигнување на бадникарското знаме придружено со бадникарска химна, по што следеше осветување на бадниковите гранчиња. Свештениците од Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ ги осветија нафората, чајот и ракијата, како и бадникарските гранчиња, што годинашниот кум и здравичарот традиционално порано ги набраа од падините на Водно, а кои им се делеа бесплатно на присутните.

- Па има ли поголемо и посвето од славањето на Бога. И што и е попотребно на земјата од мирот, од мирот во семејствата, од мирот во државата, од мирот меѓу луѓето и народите. И што може да биде попотребно од добрата волја меѓу луѓето. Таму каде што има добра волја, таму нема нетрпеливост на едни со други, ни на верска, ни на национална, ни на било која друга основа. Таму каде што има добра волја, таму има и морално и пријателско, и човекољубиво, и богољубиво живеење и однесување, рече поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан.

Зошто во време на највисоките дострели на науката, истакна поглаварот, со човештвото владеат најголемата морална криза и најдлабоката духовна празнина.

- Бадник, како и сите наши празници е прекрасна прилика да се вратиме на најисцрпниот извор од кој можеме да ги залечиме сите духовни рани и лузни. А Господ Христос на себе примил човечко тело токму за тоа, за да ни ги покаже патот, вистината и животот. За да ни покаже дека нема спасение надвор од неговото свето евангелие, рече г.г. Стефан.

Честитајќи им го празникот на сите православни верници во Македонија и насекаде во светот, поглаварот посака што подостојно да се пречека празникот роденденот на Богочовекот и спасител Исус Христос.

- Посакуваме мирот божји, единството и меѓусебното почитување да завладеат меѓу нас, а за доброто и на црквата и на родот наш православен, рече г.г. Стефан.



Здравичарите Влатко, Силви и Деаделина Плевнеш на сите христијани им посакаа искрени желби за добро здравје, среќа и бериќет.

- Животот да ви биде исполнет со љубов, слога, почитување и успех. Убавата мисла и благородноста секогаш да ве красат, рече Влатко Плевнеш. Својата здравица за Бадник и Божиќ тие ја преточија и во песна.

Новиот кум Даниел Воиновски рече дека денешниот голем христијански празник е ден на добри желби и мисли, кога сите го имаме чувството на колективна среќа и љубов.

- Моја искрена желба е да го задржиме тоа чувство што е можно подолго. Бог нека е со нас, нека не благослови со многу љубов, бериќет и стеќа, рече Воиновски, кој со своето семејството помина меѓу присутните бадникари и замина со пајтон.

Пораката од Град Скопје, кој ја поддржува оваа манифестација, ја пренесе Ирена Мишева, претседател на Советот на Град Скопје. Таа посака многу здравје, благосостојба во сите семејства, духовна смиреност и чистина, добра мисла, поставување цели и нивна реализација, како и повеќе време за најблиските.




Статијата е прочитана 1029 пати.


Испрати коментар



Фајон - Се уште нема договор за механизмот за враќање на визите
СДСМ ќе оди на локални избори, ако има и парламентарни
На еден телевизор две програми истовремено со 3Д-очила
Гркинка ќе добие 800.000 евра отштета поради инфекција со ХИВ
РФИ - Македонија сака да го избегне грчкото „менгеме“
Промовирана нова лабораторија за детектирање на ХПВ
На Меџитлија запленети 350 килограми марихуана
Македонија ја исплати еврообврзницата од 183 милиони евра
Пешачката улица „Тоше Проески“ ќе продолжи во Јане Сандански
Евидентирани оштетувањата во пленарната сала на Собранието
Рекордна стапка на невработеност во еврозоната од 11,8 отсто
Нимиц во Атина ќе се сретне само со Аврамопулос
Поддршка од 13,37 милиони евра за малите и средни претпријатија
За десет години од Хрватска илегално изнесени 15,2 милијарди долари
Хиџаб и турбан не се за норвешката полиција
Над 100 активни пожари во југоисточна Австралија
Прогнозите погрешни, штедењето не вроди со плод
„Лагард листата“ предизвикува политичка нестабилност во Грција
(ФОТО) Повторно судири во Белфаст
Обама го комплетира кабинетот
На Тајланд уапсен најбараниот светски хакер
Дачиќ - Односите меѓу Србија и Хрватска треба да се „рестартираат“
Македонски полицајци ловеле посредници за бугарски пасош
„Ер Франс“ со поевтини билети на редовни летови
И Кинезите станаа против цензурата
Борисов лобира против нуклеарната енергија
Традиционален божикен ручек за 500 деца во Прилеп
Фирмата на Беџет Пацоли ќе го гради стадионот на Интер
Претепан и ограбен жител на тетовско Селце
Изет Зеќири избран за секретар на НДП
Повредено лице во судар на воз и автомобил
Белгиски амбасадор навредувал претседател
Берлускони скромен - сака да биде само министер
САД - Асад сака само да ја задржи власта
Охридските разбојници и натаму во бегство
Втор обид за реконструкција на владината зграда
Амбасадор на Хондурас сменет заради „дива забава“
Хилари Клинтон се враќа на работа по едномесечното отсуство
„САС“ го обвинува „Рајнер“ за тарифна измама
Обама ќе го номинира Џон Бренан за директор на ЦИА
Црвенковски за Божик посака мир, спокојство и здравје во секој дом
Во три сообраќајки, настрадаа тројца пешаци
Премиерот Груевски на божиќна литургија во црквата „Св. Петка“
Иванов - Да бидеме сплотени во текот на целата година
Аврамопулос - Од посетата на Нимиц може да се очекува напредок!
(ФОТО) Православните христијани го слават Рождеството Христово - Божик
Ќе се гради Аква парк во СРЦ „Борис Трајковски“
Пешак почина во сообраќајна несреќа во Скопје
(ФОТО) Скопје во знак на коледарските огнови
Три лица убиени во престрелка во Аурора
Почина поранешниот државен јавен обвинител Александар Прчевски
ДУИ ги откри кандидатите за локалните избори



Stojko, 07.01.2013 12:00:19
Цитирам:...Зошто во време на највисоките дострели на науката, истакна поглаварот, со човештвото владеат најголемата морална криза и најдлабоката духовна празнина. Е ,со ова не можам да се сложам, од кого и да е.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -9°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 0°C, Мин: -9°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 1°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (46)
Амбициите на Даријана.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон |