07.01.2013, 12:26 Аврамопулос: Од посетата на Нимиц може да се очекува напредок!
Грчкиот министер за надворешни работи пред посетата на медијаторот на Атина и на Скопје
Грција сака решение кое ќе ги задоволи основните национални позиции, со почитување на историјата и културата на сите и кое ќе ја зајакне регионалната стабилност и безбедност, изјави грчкиот министер Димитрис Аврамопулос пред посетата на медијаторот Метју Нимиц на Атина и на Скопје.
- Турнејата на Нимиц е развој каков што сакаме затоа што може да создаде услови за напредок во однос на прашањето за името. Тоа е резултат на нашата иницијатива за потпишување на меморандумот меѓу двете земји, во кој се поставува рамката за решение, рече Авр��мопулос.
Тој потсети дека во заклучоците на Советот на министрите од декември се вели дека за да се почнат пристапните преговори треба прво да се решат сите отворени прашања за добрососедските односи, а „во случајот на Скопје е изнаоѓање на решение за прашањето за името“.
Во меѓувреме, „Катимерини“ пишува дека Нимиц доаѓа со нов предлог за името. Според весникот, новата иницијатива на Нимиц е резултат на контактите кои ги имал со претставниците на двете земји, амбасадорите Јолевски и Василакис во Њујорк, при што е создадена атмосфера во која, според извори во ОН, двете страни сериозно му пристапиле на прашањето што се покажува и со фактот дека ниту една од двете влади не ги откри последните идеи на медијаторот.
Со оглед на барањето на Атина за сложено име со географска одредница, во овој дух се движеше и последниот предлог на Нимиц кој беше „Република Северна Македонија“, а потоа размислуваше и за „Република Вардарска“. Повикувајќи се на извори во Обединетите нации, весникот пишува дека „понекогаш се навраќа на некои идеи кои претходно биле предложени и кои тогаш не биле прифатливи за двете страни, но денес можеби се“.
„Во секој случај, предлогот е сеопфатен. Атина бара едно име за секаква употреба како најрационално и практично решение. Се размислува за усвојување на сложено име за билатералните односи и меѓународните организации, и препорака до сите држави, со резолуција на Советот за безбедност ОН, за поширока меѓународна употреба. Земји како САД дадоа до знаење дека ќе го прифатат името што ќе биде договорено“, анализира „Катимерини“.
Присуството на „крутите за компромис“Андонис Самарас и Никола Груевски во властите на двете земји на прв поглед може да биде пречка за постигнување компромис, но извори на ОН проценуваат дека тоа би можело да дејствува како катализатор во смисла на тоа дека тие се двајца лидери во кои нивните народи имаат апсолутна доверба за справување со ова прашање, и затоа секој компромис што ќе го постигнат ќе биде прифатен од партиите и граѓаните на двете земји, пишува грчкиот весник.
Поддршката која Атина неодамна ја доби од ЕУ со тоа што решавањето на прашањето за името беше поставено како предуслов за почеток на пристапните преговори, се очекува Македонија да ја натера да покаже поголема флексибилност. Но исто така, релевантни извори истакнуваат дека Унијата сега очекува и од Атина да одговори. „Катимерини“ подвлекува дека во сличен дух е и изјавата на портпаролот на Стејт департментот кој ги повика Македонија и нејзините соседи „да работат за пристојно, практично и взаемно прифатливо решение за актуелниот спор што е можно побрзо, со цел на Скопје да му се отворат вратите на ЕУ и НАТО“.
„Иако досегашните дведецениски напори не вродија со плод, се чини дека Нимиц е одлучен да продолжи да се занимава со ова прашање. И покрај неговата возраст и фактот што не добива финансиска награда за својата работа, тој се чувствува обврзан да го направи она што може за да се дојде до решение. Неговото посредство двете земји го опишуваат како ’фер и искрено’“, заклучува „Катимерини“
|
Статијата е прочитана 868 пати.
|
|
Испрати коментар
|
| Брахими - Нема место за Асад во преодната влада во Сирија | (ФОТО) Шефот на „Гугл“ го повика Пјонгјанг да дозволи интернет во земјата | Нимиц доаѓа во Скопје | Пожар во Градскиот трговски центар | Јанкулоска - Омразата на СДСМ се проектира и кон институциите | Новинари внесoa експлозив во полскиот Парламент | Разбиени три наркогрупи, приведени 14 лица | Царината заплени живи бумбари | НБРМ ја намали основната камата на 3,5 отсто | Кампања „Траен налог“ за плаќање на сметките за струја | (ФОТО) Државниот врв на именден кај г.г Стефан | Руфи Османи доби признание за најреформаторски градоначалник | Нови претседатели на комисиите на ВМРО-ДПМНЕ | Телевизите Канал 5, Сител и Алсат-М нема да емитуваат домашна музика | Обвинетите од „Монструм“ тврдат дека не се виновни | Собраниските комисии експерсно носат измени | Црвенковски - Без Влада од доверба, не одиме на избори | До крајот на декадава кинеската економија ќе ја надмине американската | Референдум за обединување на Албанија и Косово | Македонците најчесто го користат интернетот за читање вести | Јанша и Јанковиќ под сомнение за корупција | Одложена инаугурацијата на Чавез | За развој и промоција на туризмот 2,5 милиони евра | Дачиќ - Државно единство во врска со Косово | (ФОТО) Повторно добра волја место решение | Светска банка ја одобри гаранцијата за Македонија | Продолжува судењето за случајот „Монструм“ | Нимиц на средба со Самарас и Аврамопулос | Грчкото лоби ги блокираше американските фрегати за Турција | Годината што измина била најжешката во САД од 1895 | Истрага во Тајван заради обложување на болни од рак | СДСМ на избори, но со Влада од доверба | Фајон - Се уште нема договор за механизмот за враќање на визите | (ФОТО) СДСМ ќе оди на локални избори, ако има и парламентарни | На еден телевизор две програми истовремено со 3Д-очила | Гркинка ќе добие 800.000 евра отштета поради инфекција со ХИВ | РФИ - Македонија сака да го избегне грчкото „менгеме“ | Промовирана нова лабораторија за детектирање на ХПВ | На Меџитлија запленети 350 килограми марихуана | Македонија ја исплати еврообврзницата од 183 милиони евра | Пешачката улица „Тоше Проески“ ќе продолжи во Јане Сандански | Евидентирани оштетувањата во пленарната сала на Собранието | Рекордна стапка на невработеност во еврозоната од 11,8 отсто | Нимиц во Атина ќе се сретне само со Аврамопулос | Поддршка од 13,37 милиони евра за малите и средни претпријатија | За десет години од Хрватска илегално изнесени 15,2 милијарди долари | Хиџаб и турбан не се за норвешката полиција | Над 100 активни пожари во југоисточна Австралија | Прогнозите погрешни, штедењето не вроди со плод | „Лагард листата“ предизвикува политичка нестабилност во Грција | (ФОТО) Повторно судири во Белфаст | Обама го комплетира кабинетот | На Тајланд уапсен најбараниот светски хакер | Дачиќ - Односите меѓу Србија и Хрватска треба да се „рестартираат“ | Македонски полицајци ловеле посредници за бугарски пасош | „Ер Франс“ со поевтини билети на редовни летови | И Кинезите станаа против цензурата | Борисов лобира против нуклеарната енергија | Традиционален божикен ручек за 500 деца во Прилеп | Фирмата на Беџет Пацоли ќе го гради стадионот на Интер | Претепан и ограбен жител на тетовско Селце | Изет Зеќири избран за секретар на НДП | Повредено лице во судар на воз и автомобил | Белгиски амбасадор навредувал претседател | Берлускони скромен - сака да биде само министер | САД - Асад сака само да ја задржи власта | Охридските разбојници и натаму во бегство | Втор обид за реконструкција на владината зграда | Амбасадор на Хондурас сменет заради „дива забава“ | Хилари Клинтон се враќа на работа по едномесечното отсуство | „САС“ го обвинува „Рајнер“ за тарифна измама | Обама ќе го номинира Џон Бренан за директор на ЦИА | Црвенковски за Божик посака мир, спокојство и здравје во секој дом | Во три сообраќајки, настрадаа тројца пешаци | Премиерот Груевски на божиќна литургија во црквата „Св. Петка“ | Иванов - Да бидеме сплотени во текот на целата година | (ФОТО) Православните христијани го слават Рождеството Христово - Божик | Ќе се гради Аква парк во СРЦ „Борис Трајковски“ | (ФОТО) Даниел Воиновски го презеде кумството на скопското бадникување | Пешак почина во сообраќајна несреќа во Скопје | (ФОТО) Скопје во знак на коледарските огнови | Три лица убиени во престрелка во Аурора | Почина поранешниот државен јавен обвинител Александар Прчевски | ДУИ ги откри кандидатите за локалните избори |
|
pile, 07.01.2013 14:48:22 | Posle vakvite stavovi na oficijalni lica na Grckata diplomatija G-din Nimic dali treba veke da doagja, deka memorandumot-predlog revizija na VS od 1995 godina, e ramka za nadminuvanje na razlikite za imeto, a ne VS od 1995 godina, so koja nedvosmisleno vizionerite na regionalniot progres, a posebno ekonomskoto i politicko zajaknuvanje na R.Makedonija kako na vnatresen taka i na nadvoresen plan,ja postavile osnovata za nadminuvanje na razlikite za ime za megjunarodna upotreba,so ekonomska i druga sorabotka,so neblokiranje na R.Makedonija od strana na prvata strana potpisnik,za clenstvo pod privremenoto ime vo Organizaciite vo koi taa clenuva.Inaku t.n.,,krutite za kompromis vo koj krug se nabrojuva i aktuelniot Premier vo zaminuvanje vo R.M.,na koj narodot mu dal pravo da go pravi toa sto go pravi,kako soglasnost za ime Republika Makedonija (Skopje) za clenstvo vo NATO 2008,ili neprifakanje ime Republika Makedonija vo 2005 godina,so neisklucuvanje atlantis bonbona biznis kako so OKTA |
| kris, 07.01.2013 16:52:10 | За мене е ова денгубење.........барем додека е Грујо на власт.................... |
| oceski, 07.01.2013 19:16:06 | mislam mora da bideme svesni deka imeto ce se menuva so dodavanje na nekakva geogravska odrednica(severna,vardarska,gorna, i sl.) i site politicari koi i mislat dobro na zemjava treba vo izjavite narodot da go informiraat i podgotvuvaat za toa. Mislam dosega se iscrpeni site mozni varijanti za resavanje na problemot so grcija, od tvrdi i ekstremni stavovi do polabavi stavovi. Mislam e glupo vece polit.partii vo makedonija na ovaa tema da sobiraat poeni i glasovi, bidejki toa e vece utopija-nemenuvanje na imeto, so sto i se poprecuvaat perspektivite na zemjava i podobriot zivot na graganite. Dosegasniot tvrd stav za nemenuvanje na imeto kolku navidum e patriotski tolku e i antinaroden-bidejki makedonija stanuva rizicna i nebezbedna zemja pa realna e opasnosta odvnatre kako drzava da se podeli i rasturi. Pa sega koj priod e podobar mislam e jasno. Sto porano ja prifatime realnosta tolku podobro za makedonija i graganite. Ubeden sum deka ime so geog.odred. nema da go zagrozi identitetot |
| ,,Cesnata kokoska,, e vece umorna!, 07.01.2013 19:24:24 | Vo minatite sedum godini ,,cesnata kokoska,, istrca mnogu krugovi za da dokaze deka ne e lesna zenska, no vece e umorna i ce bide primorana da se predade! Zaludno zagubeni sedum godini, no tokmu poradi ,,granitnata,, odbrana na imeto, ,,Cesnata kokoska,, uspevase da pobeduva na site izbori i da vladee vo minatite sedum godini! Prasanje e samo so koi finti sega ce se brani apsurdnata politika sto dosega ja vodese ,,Cesnata kokoska,, i zadrtite apologeti na takvata politika? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -6°C
Ведро
|
Четврток
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: -2°C
|
Петок
Делумно облачно
Макс: 4°C, Мин: -2°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (48)Напуштена и гладна.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|