07.01.2013, 14:36 Охридските разбојници и натаму во бегство
Полицијата и натаму трага по четворицата разбојници кои во саботата наутро од охридски бизнисмен ограбија 120.000 евра. Нападот беше извршен во 8 часот на улицата „Дејан војвода“ кога напаѓачите, кои се движеле со „фолксваген џета“ со кичевска регистрација, со возилото го удриле 48-годишниот охриѓанец и му ја одзеле чантата со парите. Разбојниците побегнале кон Кичево. На потегот меѓу селата Требеништа и Мешеишта е пронајден автомобилот, кој напаѓачите го опожариле за да ги скријат трагите. (Х.Р.)
|