08.01.2013, 13:13 Твитер проценет на 11 милијарди долари
Пазарната вредност на микроблог-сервисот Твитер е проценета на 11 милијарди долари, наведе аналитичарот на инвестиционата компанија „Гринкрест Капитал“, Мак Волф.
Во јули минатата година, Твитер вредеше осум милијарди долари, а за зголемувањето на вредноста на компанијата според Вулф, придонеле неколку фактори пред се`, растот на бројот на корисниците, како и новите инструменти на монетизација.
Покрај тоа, на пораст на цената на Твитер влијаеле и гласините дека ќе ја купи компанијата Епл.
Кон средината на декември централата на Твитер соопшти дека оваа мрежа има 200 милиони активни корисници. |