07.01.2013, 13:57 Руската Република Мордовија го пречека Депардје како херој
Главниот град на Мордовија, Саранск беше првиот град, кој актерот го посети како руски државјанин
Францускиот актер Жерар Депардје, кој во саботата доби руски пасош со одлука на рускиот претседател Владимир Путин, вчера беше пречекан со големи почести во руската Република Мордовија, каде му понудија куќа, жителство и министерска функција.
Главниот град на Мордовија, Саранск беше првиот град, кој актерот го посети како руски државјанин. Во Саранск, кој има 300 илјади жители, Депардје беше пречекан со сите почести на мордовското гостопримство, на аеродромот пристигнаа лично гувернерот на републиката Владимир Волков, прет��едателот на Парламентот Владимир Чибиркин и градоначалмникот на Саранск Пјотер Тултаев. Жени во народни носии му пееја народни песни на актерот.
Веднаш по пристигнувањето Депардје го покажа својот руски пасош пред топлата новинари и фоторепортери, кои го чекаа на аеродромот, прекриен со снег.
- Многу сум задоволен, тука е многу убаво, рече тој.
За време на средбата со жителите на Саранск во театарот за опера и балет Депардје од Волков доби понуда да се пресели во Мордовија, да избере локација на која ќе изгради куќа, а му дал и предлог да стане министер за култура.
- Доколку господинот Депардје посака ние можеме да му ја предложиме таа функција, додаде Волков.
|