27.12.2012, 16:19 Отворена изложбата „Археолошка Македонија 2012“
На шестата по ред, годишна археолошка изложба во Музејот на Македонија беа презентирани податоци откриени на локалитети: Стоби, Хераклеја и Баргала и Исар Марвинци
На шестата по ред, годишна изложба „Археолошка Македонија 2012“ која вчера беше отворена во Музејот на Македонија се презентирани податоци откриени на четири археолошки локалитети: Стоби, Хераклеја и Баргала и Исар Марвинци. Таму годинава археолозите откопаа 50.000 артефакти, датирани од 8 век п.н.е. до крајот на 5-6 век, од кои на изложбата може да се видат 3.200. За истраженото говореше директорот на Управата за културно наследство, Паско Кузман кој напомена дека избраните локалитети се сметаат за археолошки центри во Македонија бидејќи нудат многу материјали кои освен за презентација, ќе придонесат и за афирмација на македонската археологија во научна смисла. |