28.12.2012, 17:17 Реплики
Повеќекратно политичко убиство
Соња Крамарска
Сосема е јасно дека по понеделникот, е убиен политичкиот дијалог во Македонија
Веќе е се' кажано за настаните од понеделникот, но откако тие ја добија својата дефиниција во прилично точна форма, време е да се занимаваме и со последиците од тепањето и влечењето на опозициските пратеници во народниот дом. Како прво, сосема е јасно дека по тој црн понеделник, е убиен политичкиот дијалог во Македонија. Него веќе нема да го има се' додека на политичката сцена се актерите од овие настани. Втората директна последица е што е однапред убиен секаков можен консензус околу името, односно секаква можна разврска и решение на проблемот околу името и влезот на Македонија во НАТО и во ЕУ. Барем додека се' уште за тоа одлучуваат сегашните политичари. Убиена е и секаква соработка меѓу двете најголеми партии од македонскиот политички камп, најмалку во наредните пет години. Ако досега имаше конфликт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, по влечењето и тепањето на пратениците, овој конфликт се проширува. И да замине Црвенковски од кормилото на СДСМ, напнатоста меѓу двете партии ќе продолжи без оглед на тоа кој ќе го наследи на лидерското место. Се пролеа крв, всушност, политичка, но по тие настани, никој не може да гарантира дали нема да се пролее и вистинска. На изборите, на изборните места кои се далеку од очите и ушите на јавноста. Парламентот е под камери и новинарски опсервации, па не беше проблем да се удри врз народните избраници.
Направен е и преседан на немање почит кон бивш претседател на држава кој е се' уште под полициско обезбедување, односно е третиран во согласност со мотото „еднаш претседател засекогаш претседател“. По овој чин, и сегашниот претседател Ѓорге Иванов и сегашниот пре��иер Никола Груевски можат да очекуваат еден ден кога ќе бидат бивши претседател и премиер, да бидат влечени и напаѓани од полицијата на улица. Убиена е секаква почит кон поранешни носители на највисоки државни функции. Мислам дека понеделничките настани ќе ја парализираат Македонија во нејзиниот политички и демократски, па и економски развој во наредните десет години. Македонија, по понеделникот, веќе не е земја на која и' треба помош да се развива, туку е земја на која и' треба помош да се стабилизира. Потоа е на ред развојот.
А што да кажеме за ниското, речиси никакво ниво на познавање на политичкиот систем од страна на оние што опстојуваат и работат во него? Оние што посегнаа по полициските насилни методи во разрешувањето на еден школски пример за политички судир. По реакцијата од понеделникот, излегува дека оние што пратија полиција или што пуштија полиција во парламентот, и што и' дадоа задача да тепа и влече опозициски пратеници, не знаат дека пратениците се суверени во парламентарен политички систем каков што практикува Македонија. И дека тие се испратени како народни претставници во ��арламентот и никој не смее да ги исфрли од него.
Иако првите анализи се дека тешко ќе функционира власта во парламентот и, воопшто, на секое ниво, јас мислам дека на опозицијата ќе и' биде многу потешко. Веќе се јавуваат различни мислења внатре за тоа дали треба да се вратат во парламентарните клупи или треба да останат на улица. Прогнозите дека Црвенковски ќе се повлече во мај ги разбрануваа внатрепартиски духови и се формираат внатрешни лоби-групи за нов лидер. Веќе има видливи знаци на соло-настапи на членови на партискиот врв во обид да се излезе од партискиот шинел и да се промовира сопствена политика. Лидерска. Затоа, сега Црвенковски е повторно на потег. Тој треба јасно да им каже на неговите соработници какви се неговите идни планови со што ќе и' отвори чист пат на СДСМ за натамошното дејствување и со тоа ќе ја ослободи од товарот на внатрепартиска неизвесност.
Што се однесува до Груевски, првите денови по тешките инциденти, покажуваат дека тој нема да има проблем да ги одржи институциите (и власта) и без опозиција. Не му пречи фактот што управува со држава со еднопартиски парламент, односно парламент со исклучиво владини пратеници. Од првата реакција на премиерот кој се обрати до нацијата во понеделникот вечерта, може да се заклучи дека следните потези што ќе ги преземе Владата и владејачката ВМРО-ДПМНЕ нема да бидат во насока на смирување на ситуацијата, туку во насока на нејзино разгорување.
Груевски, наместо со политичка оцена и со најава за следните негови чекори како државен лидер, настапи со тешки лични квалификации кон опозицискиот лидер Црвенковски, кои се непримерни за еден шеф на влада и народен водач. Тие се во спротивност и со христијанските начела на кои толку многу се повикуваат првенците на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер. Неговите квалификации што ги даде подоцна на една од неговите телевизии дека Црвенковски е „болна личност“ и дека тој, Груевски, „е загрижен за неговото здравје“ се тежок престап во политичката комуникација на највисоко ниво и претставуваат лош пример за политичка толеранција и лична култура на еден поединец. Во која било земја по едни такви тешки квалификации, таквиот политичар ќе завршеше засекогаш со својата кариера. Но, во треската на разгледување на снимките од тепањето и влечењето на пратениците, ова изгледа дури и сосема „нормално“.
По сево ова, пристојно би било Владата да ја откаже посетата на медијаторот Нимиц, кој е најавен по Божик во Скопје. Наивно е да се очекува дека Владата може да разговара (конструктивно) за таков сериозен проблем кога опозицијата и' е на улица и кога е замрзнат секаков внатрешнополитички дијалог за прашањето за името. Или да ја откаже посетата или „преговорите за името“ се само фарса за залажување на меѓународната јавност и дел од домашната јавност. И на медијаторот треба да му биде јасно дека со ранета земја се невозможни разговори. А Македонија е токму тоа во моментов. Тешко ранета држава.
Локалните избори, ако се одржат, ќе бидат првиот тест дали по црниот понеделник Македонија може да продолжи понатаму, или ќе продолжи да се врти во круг. И дали ќе добие уште еден критериум за одредување датум за почеток на преговорите со ЕУ – внатрешнополитичка стабилност. Сегашните состојби не ветуваат многу. |
Статијата е прочитана 2151 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Protumachete si!, 29.12.2012 00:35:35 | Член 79
Собранието не може да расправа ��о прашања за кои матичното работно тело и Законодавно-правната комисија не зазеле став, ако со овој деловник поинаку не е уредено.
Член 93
Претседателот на Собранието го отстранува пратеникот од седницата, кога и покрај опомената, односно одземањето на збор го нарушува редот на седницата или употребува изрази со кои се нарушува достоинството на Собранието.
Пратеникот кој е отстранет од седницата, должен е веднаш да ја напушти салата во која се одржува седницата.
Ако претседателот на Собранието не може да го одржи редот на седницата, ќе одреди краток прекин на седницата.
|
| jovan, 29.12.2012 01:21:54 | Ova do sega bese samo zagrevanje. Problemite doprva zapocnuvaat. Ke se resat samo ako onie koj sega imaat mnozinstvo vo Parlamentot, bidat i mnozinstvo vo Idrizovo. Poinaku, tesko. |
| oceski, 29.12.2012 01:55:06 | ednostavno i so jasna dikcija kazano, toa e vistinata . po se ova izgleda ne ce e rabotata deka b.c so sila saka da se vrati na vlast, tuku deka gruevski e bolen za vlast i so sila-zloupotreba na instituciite po sekoja cena saka da ostane na vlast. |
| tose, 29.12.2012 02:28:14 | se soglasuvam so site kritiki upateni kon mnozistvoto vo parlamentot. Ona sto me iznanaduva e zosto nema nikakva osuda za odnesuvanjeto(diveenjeto) na opozicionite pratenici i napadot vrz Veljanovski. Vo nieden vesnik ili televizija ovie denovi nema nitu zbor za toa, kako da ne se sluci. zatoa ke bidde dobro ako Kramarska, Rizaov i ostanatite kazat sto mislat za ovoj nastan i dali go osuduvaat ili go opravduvaat.
Kolku i da ne se soglasuvam so politikata na Gruevski, za mene Crvenkovski, Makraduli, Zaev e poslednata prifatliva opcija a veruvam i za poveketo gragani. i ednite i drugite se pokazaa vo vistinskoto svetlo.
tesko na nas ako spasot od Gruevski ni e Crvenkovski i karikaturata Zaev.
SE nadevam deka na slednite izbori ke imame dostojni kandidati zatoa sto na ovie segasnite i od vlast i od opozicija ne im e mestoto vo parlamentot. |
| prijatel, 29.12.2012 04:13:21 | Odlichna analiza Sonja. Dobro si primetila deka zaminuvanjeto na Crvenkovski od SDSM nema da ja smiri situacijava, mozhe i da ja vloshi. Ali zaminuvanjeto na Gruevski od Pretsedatel na DPMNE i te kako ke ja smiri sostojbata. Vo mnogu opshtinski komiteti na VMRO-DPMNE veke odamna ne se zadovolni od nego i chekaat da izgubi izbori i da go batalat. Znachi najdobro za Makeodnija sega bi bilo da ischezne Gruevski od politichka scena. |
| Manav, 29.12.2012 07:49:07 | Јас сум од село и мојот дедо и постарите соселани велеа:ако кутре го натепаш, тоа повеќе на местото на тепање не се враќа. Ова Вељановски добро го знае, па си го натепа џганот(новинарите и пратениците) кои му го реметат мирот во собранието и повеќе никогаш да ги види. Тој џѓан за него не се луѓе од македонија, туку залутале во парламентот, а ги гласал некој си друг народ. Трајче, ако твојата сопруга беше пратеник и ја влечае по подот како партал, како ли ќе размислуваше.Е..е Трајче, Соња е во право,ја знаеш народната песна ,,Црна се чума зададе там долу во балканот (Македонија), кој ќе се јунак зададе чумата да ја протера...... |
| Ајван Доктор®, 29.12.2012 09:24:05 | Да повторам: кога разликата од изборите меѓу „победникот“и „губитникот“изнесува 6% (не повеќе од 70.000 гласови) невозможно е претседателот на Собранието,на државата и оној на владата да си умислуваат дека тие се државата и да се претставуваат дека говорат од името на народот!Процентот од 39%,наспроти 33-те отсто на опозицијата (од оние кои излегле на гласање),не може да даде право некому да владее апсолутистички и да раскажува дека неговите луди потези и делувања се израз на народната волја!Оттаму јасно е дека се работи за узурпација на власта од една политички нетолерантна идеологија склона кон фашистичка диктатура!Тоа им е вкоренето низ историјата на нивното постоење!Дури ни во нацистичка Германија првиот човек на тајната полиција не бил во крвно сродство со Хитлер,а не помнам пример во светот каде тоа е така,освен кај нас!Сепак,точно е дека Хитлер му бил кум на својот секретар М.Борман,но тоа веројатно нема никакви сличности со нашиот министер кој е неодговорен со финансиите! |
| Demonstracija na sila, 29.12.2012 09:53:22 | Moze nekoj da go saka ili da ne go saka Crvenkovski, no toj ja vrsese funkcijata na pretsedatel na RM i taa funkcija treba da se pocituva. Utre ke ima drugi bivsi pretsedateli, a kaj nas moze da stane normalno tie da se tepaat. Dali e toa prifatlivo vo SAD, Velika Britanija, Germanija? |
| Mirko, 29.12.2012 09:57:55 | Za dijalog se potrebni dvajca! Vo slucajov na nasata politicka scena, postoi samo MONOLOG! Vlasta e totalitarna, a vo isto vreme nezrela i samobendisana. Sto moze da se ocekuva od decinja koi ja vodat drzava, a nemaat ni rabotno, a ni zivotno iskustvo? |
| ФЕЛИКС, 29.12.2012 10:24:42 | Г-ѓо Крамарска она околу ,,преседан кон бившиот председател,, не ви држи вода оти имаме друга величенствена врста на преседан.Кажете еден единствен пример да експредседател на држава јуриша партиски на полициска барикада,ја руши и ги гази полицајците.Тоа е едно,како второ дали за 10 дена Собраниска Република од опозициски ков видовте или забележевте дијалог.Едино ако под дијалог се подразбира корнење микрофони,корнење камери,евидентно силеџиство од поедини опозиционери кон своит колеги од спротивниот табор.И на крај врвот на демократијата е полевање со вода собраниските компјутери,качување по маси,расфрлање на документи,корнење на копчиња за гласање иу врв на врвоте демократски обид да се искорне спикерот на собрание.Истиот мораше да биде евакуиран а неговата фотеља ја зазеде демократ опозициски.И сега жалопојки за исфрлање од салата а не од собранието на докажаните вандали.И на крај моја голема осуда кога во исфрлувачки занес настрадаа ни криви ни должни новинарите. |
| Може ли да има дијалог кај што има насилие?, 29.12.2012 10:27:32 | Г-ѓо Крамарска, Вие и другите Ваши колеги сте должни како новинари НАЈПРВО да заземете став (и јасно да го искажете) за НАСИЛИЕТО во Собранието и политиката. Тоа трае веќе подолго време од страна на една политичка гарнитура и вие го премолчувавте и уште го правите тоа. Дури потоа имате право да пишувате за вакви теми како политички дијалог и слично. Кој го убил политичкиот дијалог? Па јасно - НАСИЛИЕТО! Не може да има дијалог кога има насилие. (Од неутрален граѓанин) |
| karokan, 29.12.2012 10:43:02 | Г-дине Tose,одговорот ти го дава коментаторот Protumachete si!,освен ако со сила не сакаш да се правиш луд!!!Сите видовме дека местото на спикерската говорница е “окупирано“ од оп. пратеници (но не и нападнат спикерот),како што видовме дека и порано на повеќе наврати имало исто сценарио и тоа токму од сегашните властодршци,но не резултирало со видената бруталност (веројатно е до капацитетот на самиот спикер).Си поставуваш ли прашање зошто токму новинарите од “Дневник“ лажно се преставиле токму на Заев???Зошто токму Заев беше предмет на апсење со првично известување:“На Заев му заврши политичката кариера!!Денес е уапсен“ (Иво Котевски).Од неговото “јадење живи луѓе“ не видовме баш ништо,но затоа од другата страна видовме курбан-младо момче во чест на изборната прослава,како и со оружје бранење на семејството на избран пратеник од опозицијата (само затоа што бил избран).Што тогаш по ваквиот редослед те/ве чуди предвидувањата дека “ќе има пукање“.А,да пука може оној кај кој е оружјето!!! |
| Коста Стоименовски, 29.12.2012 10:48:27 | Политичката „крвава“ (за сега само фигуративно) борба е израз на големите привилегии што ги ужива власта во РМ! Во мојот напис за поранешниот шевдски премиер Ингвар Карлсон напишав дека, за разлика од вистинские демократски држави, во РМ политичарите на власт, наместо да управуваат со државата, РАСПОЛАГАТ со неа и, без каква било одговорност, прават што сакаат со државниот имот и со народните пари! Во повеќе наврати укажував дека актуелниот македонски премиер не е заинтересиран за влез на РМ во ЕУ и НАТО бидејќи тоа ќе означи крај на неговото авторитарно и автократско владеење! Нималку не е случајно што тој мошне често се среќава со неговиот „побратим“ од Унгарија, В. Орбан, кој поради своите „демократски“ манири има сериозни проблеми со примената на стандардите кои важат во ЕУ. Жестоката борба за одбрана на власта е мотивирана и поради определбата, по секоја цена, да се спречи можноста за преселувањето на Реметинац (затворот во кој се наоѓа И. Санадер) и во Македонија! |
| do protumachete si, 29.12.2012 11:15:17 | A clenot 79 bese vo 2003 godina? Eve nekolku primeri Primer 1) za liderot, http://www.youtube.com/watch?v=wfIBSGuynWs Primer 2) za pratenicite haos http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=eg7E95E8nVY Primer 3) za mikrofonite http://www.youtube.com/watch?v=wXAt7G0Zp_k
I malku kako za potsetuvanje od komsiitehttp://www.youtube.com/watch?v=6-98Emk9epY. No izgleda sme so kusa memorija, ili pak selektivna ?! |
| milko, 29.12.2012 12:39:19 | g-go vo tekstot hrabro analizirate mnogu raboti za koj jas nese slozuvam!1.rabotodavec na sekoj pratenik e glasacot vo mkd.2.danocnite obvrznici se finanseri na nivnite licni dohodi.3.rabotnite zadaci i obvrski se napraveni prema mislenoto na rabotodavacot.4raboto davacot go obezbeduva neophodniot materijal i inventar za uspesno rabotene.od tuka vasata analiza padja vo voda.se drugo e luk i voda.kako dan.. obvrzik ne me interesira ni partija ni poedinec tuku dali mojot denar ke bide bide pravilno iskoristen .vo vasitete tekstovi redovno sum zaboraven.posvetuvate vnimanie na partii i poedinci zapostavuvajki me nas(rabotodavcite)sekoj e obvzan da si ja sraboti rab zadaca za da bide platen kako sto sum jas platen za moite uslugi sto gi davam kako sto si ti platena za svojata rabota.kako sto nie morame da dademe izvestaj pred nasite rabotavci mora i tie da dadat pred nivniot. ne mesajte ulica i rabota semejstvo i prijateli vo kompanijata. nedozvolam nekoj odnadvor da mi se mesa.poz |
| Naum, 29.12.2012 15:11:45 | Istava garnitura na opozicijava pred samo 6 god ostavi pojke od 300000 iljadi narod na ulica i kako mozite na ovie huligani da veruvate ne mi e jasno |
| meksikanec, 29.12.2012 16:49:00 | Почитувана Крамарска, дадовте совршена анализа на ситуацијата во земјава.Крајот не да е тешко да се предвиди, туку не може.Тоа е затоа што со државата владеат Децата од шаторот пред собранието кои штрајкуваа во едно многу подемократско општество, заради тоа не им се случи ништо.Тие деца тогаш немаа завршено ниеден факултет, денес откако станаа пратеници и дел од власта, завршија по два, некои магистрираа, а некои дури и докторираа како политичари, пратеници и министри, а не како вработени во некоја фабрика или институција.Во своето владеење направија многу грешки на политички,економски и културен пл��н. Најголемата им е онаа со која до гуша не задолжија, а не направија ништо корисно за народот.За тие проклети пари го срушија и понижија и собранискиот дом.Лично мислам дека овие млади луѓе не само што не сакаат да учат, туку го загубија патот по кој одат.Сега набрзина прават некои патеки низ снегот, но не се свесни дека целата држава ја носат во провалија, а цената ќе ја платиме сите. |
| do Sonja, 30.12.2012 06:13:22 | Ne samo sto ne mozat ovie politicari,ne mozat i nekoi naredni politicari da resavaat za imeto.Mozat samo gragjanite bidejki toa e demokratija,sto znaci deka za znacajni i krupni nesta resavaat gragjanite,a gragjanite se za zacuvuvanje na imeto. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 6°C
Делумно облачно
|
Петок
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: 0°C
|
Сабота
Локални грмотевици
Макс: 3°C, Мин: -3°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|