28.12.2012, 17:11 Мислења
Што ќе беше ако му се случеше ова на ДУИ?
Ѓорѓи Спасов
Со настаните во Собранието Груевски му помогна на Црвенковски да ја зацврсти својата позиција. Но, никој нема да и' прости на опозицијата ако преку бојкот на изборите, ги стави граѓаните целосно под контрола на ваква власт
Замислете она што им се случуваше на пратениците од опозицијата во Собранието да им се случеше на пратениците од ДУИ. Замислете да гледавме како специјалните сили на полицијата наречени „собраниско обезбедување“ го влечат и клоцаат по подот додека го исфрлаат надвор командантот на ОНА, Али Ахмети. Замислете како на Теута Арифи, да кажеме со скршена нога, и' пристапуваат четворица силни момци и како со крпа го бришат собранискиот под со неа. Замислете, бремената Ермира Мехмети од седиштето во парламентарните клупи да биде влечена врескајќи за помош со цел да биде исфрлена од собраниската сала. И замислете, Талат Џафери, кој би сакал да им помогне на Теута и Ермира, да беше кренат на клоци и да му беше искината облеката додека го изнесуваат од Собранието. Што ќе се случеше?
Командантот Али Ахмети и борците за човекови права ќе објавеа дека повторно е формирана Ослободителната армија на Албанците. Ќе беа веќе гранатирани неколку полициски станици и можеби убиени неколку полицајци. Ќе беше објавено дека Македонија влегува во опасна фаза од проширување на конфликтот. А меѓународната заедница наместо да дава соопштенија во стилот „ги молиме глувците и слоновите во македонското Собраните да не се газат меѓу себе“, ќе побараа итно формирање широка коалиција и започнување преговори за промена на Уставот и за национално помирување. Ќе ни беше објаснето дека Уставот и законите мора да се менуваат, бидејќи премиерот објаснил дека се' се случувало според Уставот и законот, а дека полицијата при тепањето на опозициските пратеници не ги надминала овластувањата добиени од премиерот Груевски, бидејќи досега никој не поднел приговор до нејзината комисија за внатрешна контрола. Многу тешко би било да се поверува дека по таква епизода Груевски би останал уште долго на власт и дека Македонија може да се надева на уште попозитивен извештај од ЕУ по добивањето на „најпозитивниот“ за напредокот во развојот на демократијата.
Но, не се случи тоа. Не беше тепана и влечена Теута по подот на собраниската сала од специјалците, туку Радмила Шеќеринска, поранешна вицепремиерка, потпретседателка на Социјалистичката интернационала, шефица на изборните мисии на ОБСЕ во неколку земји. Не беше тепана бремената Ермира Мехмети, туку бремената Маринела Тушева, која не ја блокираше говорницата, туку од собраниските клупи „неовластено“ го снимаше настанот додека нејзините колеги од власта удобно седеа на своите места, ја снимаа глетката за своите албуми за спомен, аплаудираа и воскликнува од радост при секој удар на специјалците. Не беше тепан Али Ахмети, ниту му беше искината облеката на Талал Џафери, туку беа тепани некои Сугаревски, Марјанчо Николов, Миле Андонов и други и тоа прописно, според Уставот и според законот.
Стана јасно дека тоа што не смее да им се направи на пратениците Албанци може во секое време да им се прави на пратениците Македонци од опозицијата. Ако му беше направено такво нешто на кој било Албанец во Собранието, тоа ќе беше чин на етничка дискриминација и ќе водеше кон меѓуетнички конфликт и војна, а премиерот Груевски ќе беше обвинет од Албанците дека се однесува како Слободан Милошевиќ. Но, политичката дискриминација е дозволена. Неа ја одобрува лично и борецот за човекови права Али Ахмети, чии пратеници мирно го следеа чинот на бруталното исфрлање од салата на опозициските пратеници. Тоа за нив беше веројатно „војна в�� туѓиот двор“ и затоа ДУИ излезе со апел до тепаните од опозицијата и опозицискиот „Сојуз за иднината“ да ги „спуштеле тензиите“. Или, ДУИ бара од опозицијата да не му прави проблеми на мнозинството на Груевски како досега.
Што се случуваше навистина тој ден во Македонија стана јасно од една изјава на жена која беше во првите редови меѓу оние што Владата ги повика да протестираат против опозицијата. На прашањето зошто протестира, таа убедена дека се' уште е на власт Црвенковски, рече: „Барам да падне Владата и да победи ВМРО“. Груевски преку својата интензивна кампања за насочување на гневот на толпите кон Црвенковски и опозицијата за се' што се случува во изминатите седум години, додека тој е на власт, успеа вистина да убеди голем дел од населението дека формално тој е претседател на Владата, но Црвенковски ја има сета власт во земјата. Веројатно и самиот убеден во тоа, Груевски веднаш по настаните и' се обрати на нацијата и соопшти дека „на Црвенковски му се случил народ“. Можеби ќе беше добро неговите соработници да го информираа дека оваа фраза ја користеше само Слободан Милошевиќ кога преку организирање толпи ги менуваше раководствата на Црна Гора, Војводина и Косово.
Но, факт е дека Црвенковски не е на власт во Македонија. Тој не е ниту пратеник во Собранието на Македонија и сета негова власт се сведува на раководење со една од опозициските партии. Бидејќи на Груевски му пречи кој било центар на моќта надвор од неговиот, тој смета дека проблемот со опозицијата во земјата ќе го реши ако на Црвенковски му се случи народ. Затоа се организираат протести пред седиштата на СДСМ, опозицијата е обвинета дека е вовлечена во сценарио за создавање хаос во земјата, чија цел била Црвенковски да ја спасел својата политичка кариера и функцијата претседател на СДСМ. Оттука, Груевски, во стилот на еден политичар од време на Коминтерната, ги повикува „здравите сили“ во опозиција да се ослободат од својот Гадафи, кој бил „алтруист“, односно аутист и кој живеел во погрешно убедување дека него се' уште го поддржува народот. Немало, вели Груевски, во стилот на Ѓорге Иванов „кој да му каже на Црвенковски дека царот е мртов“, иако во приказната на Андерсон за „царевото ново руво“ пишува дека „нема кој на царот да му каже дека е гол“ бидејќи ако е мртов, бескорисно е што било да му се кажува.
Опозицијата по сите овие настани доби доволно причини за напуштање на Собранието и за стравувања дека дел од буџетските пари власта може да ги искористи за купување на социјалниот мир за одржување на илузијата за успешните економски реформи, па и за отворено корумпирање на дел од гласачкото тело. Опозицијата тврди дека на оваа Влада не може да и' се верува дека ќе организира фер и слободни избори и дека ако таа ги тепа пратениците, може уште полесно да го прави тоа со кандидатите за пратеници и за градоначалници.
Но, и да е тоа така, секоја власт во демократските земји може да биде сменета само на избори. Никој нема да и' забрани на опозицијата да бара одржување предвремени парламентарни избори и се' до денот на изборите, чинот на исфрлањето на опозициските пратеници од Собранието, да го нуди како доказ за карактерот на власта на Груевски. Никој нема да и' забрани да инсистира на правилото за изборни цели да не се користат државните фондови, ресурси и функции.
Но, никој нема да и' прости ако преку бојкот на изборите, судбината на населението ја стави целосно под контрола на ваква власт. Ако во живиот штит околу собраниската говорница застанеа и пратениците на ДПА и на НДП, тогаш Груевски веројатно малку ќе размислеше дали така ќе постапи. Затоа е добро во протестите и негодувањата да бидат вклучени и опозициските пратеници од ДПА и од НДП, бидејќи овој пат станува збор за политичка, а не за етничка дискриминација. Со неколкумина пратеници во Собранието, опозицијата би можела со заеднички сили да ја принудува власта да се занимава со нивни предлози и закони, со нивни амандмани и преку анкетни комисии да го држи овој случај отворен со сите снимки од насилството што и' стојат на располагање. Веќе голем дел од новинарите што беа исфрлени од галеријата опозицијата ги доби на своја страна. Со власта останаа само неколкумина кои на времето го поддржуваа Милошевиќ и кои можеби несвесно објавија дека „на Црвенковски му се случил народ“. Груевски и со овој чин му помогна на Црвенковски да ја зацврсти својата позиција.
(Авторот е универзитетски професор)
Наш став
Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација. |
Статијата е прочитана 7676 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Animator, 29.12.2012 00:22:27 | Замислете што ќе се случуваше дoколку бц не сметаше дека по СЕКОЈА цена треба да се врати на власт надвор од редовни избори?!? |
| DUI, 29.12.2012 00:29:14 | Ne podbucnuvaj megjuetnicki nemiri, pomina vaseto vreme. |
| jovan, 29.12.2012 01:30:47 | Navistina e *tesko* da se predpostavi kako bi reagirale DUI/Albancite, dokolku niv gi vleckaa i isfrlaa nadvor od Parlamentot, namesto SDSM. Edna od varjantite e, deka odma ke zemea puski i ke zaminea vo suma. No so obzir na toa sto site sumi gi isposekoa i ispokradoa, tesko deka ke mozat da se krijat tamu, pa taa varijanta veke ne e vo igra. Ostanuva varijanta koja e po verojatna, a toa e deka sigurno vednas(na prepad)ke go zapalea Parlamentot(zaedno toptan sose Makedonskite znaminja). Vo toj slucaj Gruevski ke zaminese na Bahamite, a narodot *hrabro* ke komentirase po mediumite. Toa e mojata teorija, a ako nekoj ima poinakva, neka dopise. |
| ljubotan Trade Name, 29.12.2012 03:18:21 | Bravo Jovane . Kako sto gledam,citas i srpski pisanija i komentari,a posebno so strategijata, iseceni sumi od komentarite na napisot ;Paravojni Mu Pretat na Dacic.Mnogu pocituvan Jovane,iako sme na dve suprotni tezista!. Kako sto gledam ,dobar si na pero,ama bi bil mnogu poefikasen, ako si pokus so komentarite. Dobro e, sto se znaeme i od tamu i od ovde! |
| Sasho, 29.12.2012 04:06:53 | Gospodine Spasov, potreben ste na SDSM, zastanete na stranata na OTPOROT protiv ovaa fasizoidna vlast! |
| bez trag, 29.12.2012 04:07:09 | Gujo izbega na drug kontinet koga slavea Albancite a vie zboruvate da mu se slucelo takvo nesto na Dui .neli e malce komicno. |
| Bojan, 29.12.2012 04:20:14 | Gospodine Gjorgji,ili bi trebalo da ve narecam drugar ,bidejci i vi ste sigurno del od Narodnata Revolucija sostavena od 20 000 gragjani vasi sopartijci,koja treba da ja rusi so sila ovaa nenarodna vlast izbrana od narod po 3 pat vo 6 godini pa uste kolku treba da mu bidne jasno na BC da se trgne od politika za da konecno glasam protiv Gruevski
A sega za leka noc vie drugar Gjorgji zamislete si deka se ova sto go napisavte vo tekstot e vistina(ama ubavo zamislete
Od NEOPREDELEN |
| USA, 29.12.2012 04:59:42 | Zatoa postojat koordinatori na grupite vo Parlamentot. Kako SDSM ja koordinirase raspravata, taka se donese budzetot. Zamislete DUI da se odnesuvase kako SDSM vo komisiite?? Ne znam dali ke bese isto scenario. I ne mesajte donesuvanje na zakon i budzet. |
| ivan, 29.12.2012 05:15:27 | Gospodine vie ste so ista namera kako i BC, narodo ne ve saka a vie sakate na vlas da bidete, zarem ne e toa utopia SD da bide na vlas. |
| Трпе, 29.12.2012 07:30:08 | Македончето било вакво и продолжува да си биде онакво.Секогаш сам против себе си одело.А најлесно се владе кога подели па владеј.Тепај па владеј.Без разлика што тепаниот има кубур го чува за полоши денови.Кога се однесува за националност албанците се едно.А кога се однесува за македонците имаме антички македонци,словенскии македонци,патриоти македонци,лажни патриото македонци,предавници,дпмнеовски,вмровски,сдсмовски итнт.Во таква мешавина кој може да каже кои се вистинските македонци.Брат на брата не се цени.Во едно семејство од 4 члена може да се пронајдат од четри парти.Сите македонци се од врстата кучиња но различни раси.Затоа има и ќе има давење. |
| kaktus, 29.12.2012 07:56:44 | Дури овде си прајме хипотези што
ќе беше ако (не)беше власта се динга со кредити што ќе си ги троши за недефинирани потреби, и го зголеми долгот за преку 200 евра по грло, пардон по глава на жител |
| Stipjanec, 29.12.2012 08:18:20 | Povtorno iststa i istata pesna! Albancite trebale da ne branat nas Makedoncite od samite sebe? Vecno treba nekoj da go brani Makedonceto. Da se slucese toa so pratenicite na DUI koj go bojkotiraa zakonot za branitelite, ke izlezea site Albanci pred Sobranieto, bez razlika na nivnata partiska pripadnost, i ke se slucese Vostanie, vo koe ke pobedea Albancite. No TIE imaat mu.a, nemase da cekaat da gi brani Liljana ili Ilija Dimovski! A okolu ovoj Ilija, vidno vozbuden kaza deka vo redovite na novinarite dosle od info plus i Gerovski. Zamislete kakva drskost! Ke treba da gi ispruzi ne na naslovnite stranici, tuku da gi ispruzi na patos. Se razbira, najsreken ke bide ako vo Sobranieto dojdat Milenko, Jadi Burek, Mirka, Dr.Prof.Latasovic i drugi ZDRAVI i CESNI novinari.Taka ke moze da se donesuvaat novi zadolzuvanja za novi vrbi, spomenici i fasadi, se razbira po nekoi si ceni koi ne postojat nikade vo svetot. |
| Ana, 29.12.2012 08:29:23 | Господине Спасов, очигледно ја имате заборавено 2004 година и она што им го направивте на СТРУЖАНИ. Но стружани не забораваат!!! |
| Наташа, 29.12.2012 08:46:18 | На ДУИ нема шанси да му се случи вакво нешто. Тие одлично знаат да го следат патот на парите т.е. тендерите. На нив очигледно многу повеќи им одговара Груевски одоѓшто Црвенковски. Рамковниот им е на устите но тендерите во душата, во срцето. Тачи, ДПА ни угоре ни удоле. Изигруваат Ванѓа за случувањата во Парламентот и надвор од него. ДПА попат го изгуби и Рамковниот. Во потрага за власт и профит и сите тие заборавија на исто така осиромашените етнички албанци. Браво за албанските интелектуалци. За македонските ќе почекаме . До кога? |
| sonlija, 29.12.2012 09:28:56 | ni vo najubavite snista na Kim Gru JONg i na onoj devel Qebab precednik ne smee da im se soni takvo nesto . ce stanat i pomocani i ispostrani od strav. ce mora da odat kaj odzata od Puturus da im zabae. cela albanija im dodjde vo sred skopje, im se iznasmea i gi otera u p.m. a tie bea stutkani kako krpi. mivki |
| Цаци, 29.12.2012 09:30:52 | Мислам дека власта е предолго горе, и мислам дека опозицијата, ако сака да ги поправи работите, мора да учи малку од позицијата. Не може еден и ист човек, кој веќе неколку пати бил на власт, и кој во своето владеење не направил ништо да ги реши најбитните прашања за државата, да се врати назад на тронот само со реченицата тие не чинат, јас ќе ја оправам.
Под итно да се тргнат сите познати ликови од опозицијата и да се донесат нови, млади луѓе. Нова енергија, нови идеи. Па зарем годиниве наназад не научивте дека тоа е единствениот начин.
Со глумење непослушно дете пред родителите во продавница, ништо не се решава. Фатете се за работа. Оставете го минатото и планирајте ја иднината. Иднината е за младите поколенија. |
| Faton, 29.12.2012 09:45:51 | A da zamisli Spasov SDSM (vo negovo vreme) da ne gi prezemeshe kaznenite ekspedicii (slicni na juznoamerikanskite diktatori) vo Bitpazar, Radolishta, Gostivar itn. itn., a negoviot togashen gazda BC ne go digneshe prstot vo znak na odobruvanje za golemata pobeda na negovite ekzekuturi, naoruzhani do zabi, protiv, starcite albanci vo Gostivar vooruzeni so opasni bastuni!. Sega mozhebi i mozhe da zamisli... No togash ne mozhel. Duri se gordeeshel so tie hrabri akcii na nivnata bestrashna policija. Dali misli Spasov deka tie sceni mozhe da se izbrishat tukutaka od kolektivnoto pomnenje na albancite vo MK. Inaku i jas sum protiv nacinot na koj se izglasa zakonot i podrshkata na DUI i DPA. No, se e toa vo korist na nivna shteta... t.e. protiv albancite i nie sigurno ke ja platime smetkata na naludnicaviot nacin na troshenje pari, a pritoa bez da imame nitu gram pridobivki. Ama, koga se raboti za nas albancite nie sekogash birame megju nekolku zla, a treba da go odbereme najmaloto |
| novak, 29.12.2012 09:54:25 | Sto ke bese ako bese. Toa site go znaat so ista preciznost kako i profesorot.
Fakt e deka toj den spontano se sobra najneciviliziranata makedonska politicka masa (i od vlasta i od opozicijata), i na liceto na makedonskata nacija zalepija lepeska. Sega sekoj makedonec si ja nosi taa vecna smrdea. Da bese povod nekoj vazen zakon od bezbednosen karakter ili sl. mozese da se najde alibi za nekakvo opravduvanje, no za nacin na trosenje na samo 10 % od cela suma, toa e neviden apsurd. Kako prikaznata so cetirite grosa.
Ako makedonskata nacija ne se otrezni i se vpusti vo istraga po vistinskata (tajna) pozadina na ovie nastani, togas neka si se podgotvat za najlosoto scenario. Jas sum ubeden deka se vmesani prsti so svetsko renome. |
| ФЕЛИКС, 29.12.2012 10:13:22 | Почитуваниот професор греши кога тврди,,му се зацврсти позицијата на Црвенковски,,Нема тука зацврстување туку вистинска политичка ерозија на оној кој во неможност демократско-опозициски делува посега по барутно улично однесување.Одсаството на коментар за непромисленото барутно однесување на вашиот потпреседател вероватно е од срамење да ваков имате во свои редови.Инаку сум убеден да ако имаше во вашата партија демократски капацитет и ако се објавеше писмото-одговор од СБ ќе немаше вакви вандалски скечеви во парламентот.Оти ќе паднеше теоријата за ,,недомаќинлокот,, и ќе се мораше амандманската расправа добие нормален тек.Инаку вашиот лидер е длабоко свесен да било кој избори неговата партија со него заедно ќе ги изгуби.Па од тие причини се посега по штетно бумеранг политичко однесување.Кое нешто уште долго по неговото заминување ќе ја чуствува опозицијата,кога ќе прави напори за консолидација. |
| makedonec, 29.12.2012 10:21:02 | A ZAMISLI TI ti doadjam doma i ako ne mi dades ova ili ona ti legnuvam pred vrata. Ti na jadenje jas na masa, ti vo VC jas vo kada. Zamisli legnati pred garaza, ovde, onde i nema mrdanje. Nekoj ti go grabnuva penkaloto (ili mikrofonot) NA SILA - so arno ne go davas (mislis deka treba da stoi tuka kade e postaven otsekogas).
Nema da viknes policija? Makar specijalci? DEMOKRATIJA? Rumunija? Causesku? Od kade ovie nadziveani paroli i povik na linc? Ke si igrame Partizani JURIIIS URAAA. Protiv kogo Ura? Pa toj policaec nema doma dete? Istiot e toj i tuka e odsekogas.
Ne se sekiraj - zamisluva makedonceto i se pozamisleno e. Na kogo doverba mu dalo, koj go predstavuva pred svetot.KOJ KE NE SAKA BEE.SAMI SE NEJKIME.
More da saka Gospod pa site 120... prejadeni, doterani, ne znaete avtomehanicar kade ima.
Ne vi placat decata i ne odite so kompiri i domati na odmor tuku samo so aktovki.
Ke vi recev SRAMOTA da znaevte za SRAM, vaka na site neka vi e ARAM parata sto ja jadete od ovoj narod. |
| Mirko, 29.12.2012 10:32:48 | Jadno i zalno! Nema sreka tamu, kade decinja si igraat kako vlasta! Da bides vlast i da imas avtoritet, pred se treba ba imas dovolno zivoten i raboten staz. Vaka, so vlast koja ja imame, tesko ke postigneme nesta. Ambicii se edno, a upravuvanje so drzava e sosema drugo i mnogu odgovorno. Tuka nema mesto za lekuvanje na frustracii. Do koga ke slusame za BC? Pa toj nema nikakvi aspiracii za vlasta, a sto mu i treba? Ima se i postigna se, sto mozi eden politicar da dosegne. NG e iskompleksirana licnost, a tuka e potreben medicinski tretman. |
| Worried, 29.12.2012 10:49:27 | *А меѓународната заедница наместо да дава соопштенија во стилот „ги молиме глувците и слоновите во македонското Собрание да не се газат меѓу себе“...* Za žal megunarodnata zaednica celo vreme go pravi samo ova. Tolku molčat za toa što godinive se slučuva kaj nas (urivanje na demokratijata, kratenje na slobodata i pravata, golema bezrabotica i osiromašuvanje), što duri izgleda deka nim im odgovara da se vloši sostojbata vo Makedonija bidejki taka polesno ke im pomognat na Albancite da se obedinat vo edna država (šeste zvezdički na znameto na Kosovo). Samo čekaat povolen moment. A toa ke se sluči ako Makedoncite se raskaraat megu sebe. Potrebno e da sfatime deka narodot ima zaednički interesi i celi, a ne da se delime, slepo da se poveduvame i site da stradame zaradi partiskite interesi i celi (i džebovi, se razbira).
|
| karokan, 29.12.2012 10:54:44 | Г-дине Animator,што ќе ти се случи тебе,кога по одредено време ќе утврдиш дека денешниот коментар си го напишал без употреба на “сивата маса“???
Мое мислење е дека нема да ти се случи баш ништо,освен што тогаш ќе напишеш друг коментар,повторно без употреба на “сивата маса“!!!
А кога нешто излегува на виделина без употреба на таа “сива маса“ се вика
(ај погоди) Г.....т!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
| ,,Благородени,, а однародени !!!, 29.12.2012 11:06:00 | Кого спасува Спасов? Видовме што видовме и единствено што не ми е јасно како можеа ,,благородените,, да паднат толку ниско !!?? Да ги влечат по подот а тие да мафтаат со нозете !! Е тоа г.Спасов никогаш нема да и се случи на Теута Арифи (иако многу не ја ценам, менува ставови како фустани !!!) бидејки има нешто што нашиве ,,благородени,, немаат !!! Достоинство !!! Да си дозволиш да те мава обезбедувањето ( а тоа им, е работа,за друго и незнаат,конечно за тоа се и платени) пред цела јавност зборува само оти или не те бидува,или пак ,,љубовта,, кон Водачот е толку голема па целосно те заслепува !!! |
| Димитар од Битола, 29.12.2012 11:18:59 | Замислете што ќе се случеше ако ВМРО-ДПНЕ ги прифатеше главните барања на опозицијата за буџетот.
Ќе се намалеа издатоците за владини реклами, за договорни услуги, за луксуз за 10%.
Немаше да земаме кредит во декември кој Ставревски ќе го чуваше на посебна сметка до април?! (Нешто поглупаво не сум чул до сега од министер за финансии).
Немаше да се случи овој срам за македонската демократија пред ЕУ, НАТО и целиот демократски свет.
ВМРО-ДПНЕ ќе имаше помалку пари од буџетот да ги троши за предизборни кампањи и помалку пари за длабокиот џеб на фамилијата.
Македонија ќе имаше поголеми шанси за фер и демократски избори на пролет.
Дали вавките настани би биле повеќе во интерес на граѓаните на Македонија, или е повеќе во интерес на граѓаните ова што се случи, падот на демократијата и етаблирање на диктатурата на Груевски и фамилијата, мислам дека секој просечно интелигентен Македонец може да процени. |
| Rezzilof, 29.12.2012 11:55:29 | Што ќе беше ако полицијата не го спречеше б.ц.во намерата да ги судри двете групи? |
| milko, 29.12.2012 12:02:17 | g-Spasov zamisluvanata i predskazuvanata bea odlika na baba vangja od petric realnost e odlika na sekoj covek.Vaseto mislene e takvo kako go prikazuvate vo tekstot no mojeto e poinakvo.(najstaro demokratsko pravo :sekoj ima pravo na sopstveno razmisluvane neli)Od davna veke ukazuvav deka opozicijata e samobendisana partija i pribiliste na se i sesto sto e preostanato ili isfrleno od nekade se so cel da se zgolemi brojot no nebese obrnato vnimanie na kvalitetot.Prisobraa sekogo ama kvalitet nikade.Poarno da zemeea samo nekolku ama provereno kvalitetni odkolku celi partivcina od po tricetvorica luge istroseni i provereno nekvalitetni.Poarno da se debatirase vnatre kako da se podobri kvalitetot i sposobnosta od kolku toa sto se sluci. Vaka poznatite i isti lica odnapred se procitani i se znae sto moze da se ocekuva.Nekoj mozebi ima poinakvo mislene ova e moje mislene jas go pocituvam vaseto no neznaci deka se slozuvam so nego.poz |
| Trajanka, 29.12.2012 12:19:01 | Perfektno izlozeno Profesore!! Nemem nikakva zabeleska. No, dali kje prodolzi natamosnoto tempo na ovaa vlast kon makedoncite razdeli pa vladej???? |
| m.m, 29.12.2012 12:36:53 | Nepotrebno dolevanje na maslo .Se soglasuvam edinstveno so toa deka na ovoj nacin ostana Branko da zivurka.Pa ke pocnam da se somnevam deka toj mu odgovara na Gruevski kako oponent .Neka odi Branko ,neka sednat pomladite umni ,uceni neka go napravat SDSM kuklapa zdravje za dve godini so site nisani napred .Kolku pobrzo se napravi ova ,tolku podobro (ako ima sila da se stori ova )
Aod ulica ,ulicarski i za zal arogantnost ,ama bas vo sekoja mimika ....golemo NE .
Makedonija ne e VMRO-DPMNE ,ama ic ne e SDSM . |
| сељанка,придојдена во градо, 29.12.2012 13:03:33 | Се се наслушавме годињево,ама најмногу денојве.Преку гласното думање мие само си кажоме за све на што сме спремни да напрајме(направат) и поднесеме (поднесат),дури и да предвидуваме нечии планој за вечното прекројување.Да бидеме малку и реални.Со самото прашање и покушајот да деме одговор,ете,уште една потврда,дека,сепак тепањето колку и да било лошо сепак не е исто,кога би се случило како што се вели меѓу двете страни што се клени во книга..Голем проблем.Значи ли дека и да се пука кога се знае меѓу кој се пука и не е толку страшно.Не,така не играме,вели народот.Во битката за пари на народецот и крвта може да му биде вода.Око не му трепнува и за братот ако аздисал од раскош,а тој и фамилијата принудени да питет.Ех,времиња,времиња.Брат брата нерани,ама блазе тој што го немат,вељат младиве,а така е вељат старите,кога жената ќа повељат во куќата.Мажљиња се децава денешни,старооо! |
| Anonimen, 29.12.2012 13:28:05 | razlikata e vo toa sto za nekoi raboti covek treba gaz da ima a ne recnik koj vodi do meguetnicki raspravija |
| Мартин, 29.12.2012 13:42:28 | Не би сакал да бидат изваден надвор од контекст и да бидам предрасудно проценет за мојата политичка определба, но дали воопшто треба да се разговара за тоа како би се одвивале работите ако некој друг го стореше ова? Најпрво, вакво политичко однесување воопшто не смее да се повторува од ниту една политичка партија. Ако вака треба сите да ги решаваат проблемите во оваа држава, тогаш каде ќе ни биде крајот? Јас не би сакал да го замислам одговор на ова прашање, бидејќи ниту ВМРО-вците ниту СДСМ-овците нема да видиме аир. |
| LKM, 29.12.2012 15:24:41 | Одличен напис и анализа Проф Спасов, секоја мисла е толку длабока и вистинита. На Македонија и се потребни професори, политичари, луге како Вас, искрено речено на секое општество. |
| Tomas,Anglija, 29.12.2012 15:38:57 | Steta sto veke ne ste aktivni vo Mak.Politika.Bevte i ke ostanete olicenje na Evropski politicar .With Respect,-Macedonian from England |
| m. edelweiss, 29.12.2012 15:50:06 | Istoto odnesuvanje i istoto scenario se odnesuva za birlo koja makedonska partija pa spored toa i ako bese obratna situacija istoto scenario gi ceka. Vo ovoj pogled albanskite partii si napravija svoj pravilnik na odnesuvanje vo site sferi i za niv ne vazat opstoprifatenite normi vo drzavata. Zatoa odgovornosta za svoeto odnesuvanje i licna i partiska mora da bide deset pati pogolema i da se vnimava i sto ce se rece a uste povece sto ce se napravi. Nepocituvanjeto medju sebe unistilo manogu narodi i ova ako od ovoj moment ne go sfatat seriozno i poedincite i partiite nabrzo ce se povtori ona sto se slucuvase vo tekot nasata istorija. Posebno na onoj sto ja ima vlasta mora da go kontrolira tretiot i cetvrtiot esalon od svoite prestavnici, i da se zalaga za pocituvanje i pravedno i korektno odnesuvanje oti ce nema da ima so kogo da upravuva vo kolku narodot se proglasi deka e neadekvaten za drzavata iako glavno pravilo e ne mu nametnuvaj na narodot obvrski i koj ne moze da gi prifati |
| marcus marius, 29.12.2012 16:48:37 | G-dine Spasov, vistina izleguva od toa shto go pishuvate kako i od zakluchocite. Jasno e deka za privrzenicite na VMRO-to toa ne e vistina i deka drugata strana se pokazala a i porano se pokazuvala kako nedemokratska. Isto, za privrzenicite na SDSM e jasno deka za se e kriva ova vlast na VMRO-to. Sekoj si go brani svoeto po sekoja cena. Zoshto? Sekoj ima svoi prichini. No za sekoj eden nadvor i od ednite kako i od drugite (a toa se najmalku 70% od gragjanite na Republikata) ona shto e videno od brojnite video snimki i fotografii, toa e poveke od apsolutno neprifatlivo i sramno |
| markos, 29.12.2012 19:52:39 | Da se penzionira Branko da glasameee protiv Grujoooooooo!!!!!!!!!! |
| do site dobronamernici, 29.12.2012 22:11:33 | Bravo, od edna kolumna do druga, Gospodinot Spasov,e sé. popozitiven.Vo mnogu, sosema se soglasuvam so nego, ako napishanoto vistina taka i go misli.Ne bi bilo loso,na nekoi zatupeni i polupismeni, podobro im objasni deka, Branko seto ovoa sto go pravi, e za dobro NA SITE NAS oti Branko postigna SÉ vo politikata kako i privatnp ;solidno semejstvo,ubavo vosqpitani i diskretni deca. A za nas, napravi mnogu; ni NAPRAVI DRZAVA koja edni drugi decki ja rasturaat so pecalba za sebe, stavajki ni nam prav vo ocite i rozovi ocila na drugite. No, Spasov koj ubavo sovetiva,NE GO VIDOV na sobirot niti vo Ponedelnk niti deneska. Kako sto ne gi vdovme niti Osmani, niti Ruzin, pa niti TRAJANOV koj na VREMETO, uspêshno go organizira napadot na USA ambasadata! Nejse, drugpat bidejki nema mesto, samo NEKA IM E SREKNA NOVA 2013 g. na site koi ja smetaat Makedonija za svoja tatkovina.Ajde site na *gragjanska neposlushnost* toa ni e domznost za podobra Makedonija. |
| cacko e od kavadarci, 30.12.2012 01:41:25 | Od probni baloni i pametuvanja dosta, pogotovo od luge kako tebe i tvojata tajfa. Imavte dobivte sansa i napravivte a sto napravivte gledas sega si /ste nadvor od parlamentot i site javni funkcii. Naravoucenie deka ni ti ni tvoeto opkruzuvanje nema ni kapacitet ni kvalitet vo ona sto go rabotat a sto se odnesuva do albancite ostavi gi na mira . Nie vo Kavadarci vikame ne go cepkaj lavot dodeka spie. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 5°C
Магла
|
Четврток
Ведро
Макс: 6°C, Мин: -3°C
|
Петок
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: 0°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (43)Дилемите по шлаканицата.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|