Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
01.01.2013, 17:44

Мислења

Кому му припаѓа и кој се гордее со Киро Глигоров?

Живко Кондев

Зошто другите многу подобро ја знаат и разбираат и нашата историја и сегашноста, а често пати и многу повеќе се загрижени за нашата иднина и ги почитуваат нашите авторитети отколку ние самите

Пред една година, тивко, скромно и достоинствено, онака како што и живееше, без државни и црковни почести, без говори и лицемерие, во алејата на великаните на гробиштата Бутел во Скопје беше погребан првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. Во присуство на синот, ќерките, внуците и правнуците, неговите најблиски соработници и многубројни граѓани, негови соборци, пријатели, луѓе кои многу го почитуваа и сакаа да бидат учесници во последното збогување со големиот човек.

Уште за време на животот влезе во легендите. Од творец на Приговорот на АНОК на Манифестот на Главниот штаб на НОВ на Македонија, преку собеседништво и дружба со Шатев, Брашнаров, Апостолски и Ченто, како дел од конституирањето на Првото заседание на АСНОМ, со „Кировите реформи“ во поранешна СФРЈ со кои беше радикално пренасочен курсот на државата во правец на пазарно стопанство, до главен архитект и актер во осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Со својата личност и со својот придонес, тој ги поврза двата столба на современата македонска државност - АСНОМ 1944 и 8 септември 1991 година.

На 27 јануари 1991 година беше избран за Претседател на Републиката, а вториот мандат го доби на непосредни избори во ноември 1994 година. На функцијата остана до ноември 1999 година. Глигоров беше највозрасниот македонски функционер. Кога во ноември 1999 година му заврши вториот претседателски мандат имаше 82 години.

Во 1991 година го предводеше мирното осамостојување на Македонија од Југославија, без војна и крвопролевање. Во април 1993 година Глигоров се обрати од говорницата на Обединетите нации, за првпат на македонски јазик, кога Република Македонија стана 181 членка на светската организација. Во октомври 1995 година преживеа страшен атентат во Скопје, а неколку месеци потоа продолжи да ја извршува функцијата претседател.

Како Глигоров го доживуваа неговите современици?

„Глигоров беше патриот и вистински државник. Неговата посветеност на самостојноста на Македонија доведе до мирна транзиција во 1990-91 година, а неговото цврсто лидерство беше инспирација во годините кога земјата ги надмина огромните тешкотии. Претседателот Глигоров беше пријател на САД и лидер што имаше визија за својата земја“ - Хилари Клинтон.

„Глигоров претставуваше глас на разумот не само во Македонија, туку и во целиот регион и тоа тогаш кога насекаде околу нас владееше националистичко лудило и се водеа крвави етнички војни“ - Бранко Црвенковски.

„Киро Глигоров ќе биде запаметен како еден од ретките политичари и државници од овие простори кој знаеше да ги препознае, застапува и брани интересите на својата земја, а притоа да не подлегне на екстремниот национализам. Благодарение, во прв ред, на неговата мудра политика, Македонија успеа да тргне на патот кон независноста“ - Стипе Месиќ.

„Животот на Киро Глигоров беше историја на македонската држава. Глигоров ја имаше историската улога прв да застане на чело на независна и суверена Македонија во време кога државата беше негирана, блокирана и игнорирана“ - Ѓорге Иванов.

„Џентлменот од Балканот“ - Сајрус Венс и лорд Карингтон така го нарекува Киро Глигоров.

„Она што мораше да го импресионира секого кој одблиску го познаваше, секако е негова восхитувачка интелигенција, изразена, меѓу другото, и низ способноста и по бурните времиња и турбулентни ситуации непогрешливо да ги препознае позитивните тенденции“ - Љубомир Маџар.

„Сите го ценеа и сакаа. Со Киро Глигоров замина последниот Мохиканец на сите големи реформи“ - Драгомир Војниќ.

„Балканот не е добар кон своите политичари. Значи, ќе помине некое време пред придонесите на Глигоров да бидат признати во неговата проблематична татковина. Но, тој постигна нешто што другите лидери на Балканот во 1990-те години не можеа или не сакаа. Тој ја држеше својата земја понастрана од војни“ - Кристофер Хил.

Овој избор на искажувања е селективен, но истовремено и реален и доволно речит. Тука секако можат да се поместат и искажувањата на Жељу Желев, Милан Кучан, Сулејман Демирел, Бил Клинтон, Жак Ширак и многу други домашни и странски политичари, како и огромен број граѓани на Република Македонија од сите етникуми, кои искрено го поч��туваа претседателот Глигоров. Но не и на оние кои денес, без мерка и без образ, ги користат и ги крчмат благодатите што им ги создадоа, градеа и за кои гинеа луѓето од профилот на Киро Глигоров.

Кога деновиве ги прелистував овие и многу други искажувања за животот и делото на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров уште повеќе ме зајаде јанѕата која никако не можам да ја оттргнам и објаснам долги години: зошто другите (надвор од Македонија) многу подобро ја знаат и разбираат и нашата историја и сегашноста, а често пати и многу повеќе се загрижени за нашата иднина и зошто повеќе ги ценат и почитуваат нашите докажани авторитети, отколку ние самите?

Што се однесува за Глигоров, во сите анкети што се правеа по разни поводи, тој имаше највисок рејтинг (како речиси никаде во светот), а каде и да се појавеше, во било која средина, во земјава или надвор, секаде наидуваше на овации и беше пречекуван простум.

(Авторот беше шеф на кабинетот на претседателот Киро Глигоров)

Наш став



Објавувањето колумни и мислења од надворешни автори е одраз на намерата на „Утрински весник“ да биде влијателен глас на заедницата. Но, напоменуваме дека не се согласуваме секогаш со ставовите што ги изнесуваат нашите колумнисти, особено кога станува збор за лични дисквалификации, етикетирања без основа и извртување на контексти со цел да се наштети на други личности од која било сфера. „Утрински“ се оградува од таквиот речник и конотации и ги смета за непримерни во јавната комуникација.


Статијата е прочитана 3488 пати.


Испрати коментар



Среќна нова 2013!
Вистинска мера
Граѓанската непослушност e потреба на демократијата
Како од пуч стана пуф
Тежината на новинарскиот збор



Debarca, 02.01.2013 02:28:45
Koga se zeme negovata vozrast koga ja vrsese funkcijata Predsedatel i vozrasta na godinite na na Ljubco Podpresedatel ,kako i na Branko Premier, I pokraj toa sto imase krupni politicki promarsuvanja vo svojata rabota go zasluzi imeto so koe go oslovuvase narodot Star Lisec.
USA, 02.01.2013 03:40:48
Na pogrebot na Tito imase zbir na svetskata elita koja retko moze da se povtori. Se vo ime na negovite zaslugi i pocit kon nego. Potoa i se do denes gi ziveeme delata na negovite politicki ceda. Koj potfrli? Toj ili negovite ucenici. Svetot pripadja na zivite. Pokojnite neka ostanat upokoeni.
mile, 02.01.2013 05:24:14
Сигурно на ДПМНЕ-��вците ??????
ohrid, 02.01.2013 08:00:35
Kiro Gligorov so site doblesti i mani sepak bese velikan na naseto vreme.Cudno i za neveruvanje bese docekana vesta deka rakovodstvoto na SDSM ne go prifaka nitu podrzuva predlogot na pretsedatelot Ivanov za pogreb so site najgolemi voeni i drzavni pocesti.Pretsedatelot Gligorov bese svetla licnost i najmalku zasluzuvase takvo ponizuvanje od partijata na koja bese clen
Joc, 02.01.2013 08:37:21
Vakov covek, koj tolku mnogu pominal i postignal vo zivotot za na kraj so zelba da se otkaze od drzavni pocesti za negoviot pogreb za mene e nesfatlivo. Toa vo najmala raka e nepocituvanje kon sopstvenata drzava i neprifakanje za svoja.
arhitekt, 02.01.2013 09:07:58
g-din Kondev, Kiro Gligorov ni pripagja NAM, na obicnite makedonski gragjani, koi sto i den - denes go spomenuvaat negoviot lik, a se GORDEAM barem JAS posebno so nasiot Pretsedatel, zosto denes i taka mnogu retko spomnuvam nekogo na makedonskata politicka scena, koj gi dostigna negovite golemini !! Neka e vecna slava, Gligorov !!!
MITRE OD PRILEP, 02.01.2013 10:34:03
КИРО ГЛИГОРОВ беше и останува неповторлив во македонската историја,човек кој со своето искуство и мудрост ја спаси Македонија од војна во 1991,меѓутоа негова грешка е што дозволи 1998 година да дојде ДПМНЕ на власт.Со октоподот требаше да се расчисти онака како што најави Бранко.Ако тоа се направеше нашава држава ќе беше држава и ден денес,а не ова што е сега со овие кои владеат и лудуваат
До охрид, 02.01.2013 11:49:35
Не го одби раководството на СДСМ државниот погреб ,туку семејството на покојниот Претседател,Не сакаше лицемерите од следбениците на БМОРК , кои сега се на власт и кои го плукаа додека беше жив , да испоганат еден чин на достоинствено испраќање на легендата!Вечна му слава и голема благодарност од чесните македонци.
Blagodaren, 02.01.2013 11:58:50
Predsedatelot Kiro Gligorov im pripadja na blagodarnite/chesnite i poshtenite ludje. Onie drugite, neka gi djavol nosi!
R N-B, 02.01.2013 13:34:58
Neka mu e lesna zemjata sto go pokriva, Pretsedatelot Gligorov koj zamina*tocno na vreme*, za da ne vidi sto deneqs stanuva od negovata Makedonija za koja ubavo kaza deka e *...sé sto imame*! Zamina na deneshen den, *pocasten* kako sto samo Bogovite mozat da zaminat, so KRALEVSK SMRE, nikomu tezok i dosaden. Nie ne uspeavme dodeka beshe ziv, da mu ukazeme cest koja ja zasluzuvase i za nas deneska i za sé onoa sto ostavi zo istorijata. Plukan i kritikuvan poradi imeto FYR Makedonija A (koe dobro im go objasni vo ONU deka ne se soglasuva, no prifakja), ne izvadi od SFRJ na miren pat i zaedno so mladiot Crvenkovski, napravija DRZAVA. Stariot liosec isplukan, i vecno odmognat. Zamina skromno a najbliskite, sopartiicite, samo se soglasija so negovzata zelba za skromen pogreb i otvorija kniga na zalost. Gligorov ke go zapomnime i po toa, sto kaj nego se dovagjase lesno, kako vo crkva, sto ne e slucaj i deneska.Prekrasen raskazuvac, bese zadovolstvo koga imavme moznost da go slusame
Трајан Петровски, писател, Амбасадор, 02.01.2013 15:07:53
претседателот Глигоров беше исклучителна личност, искусен политичар и ценет државник, мудар,сталожен соговорник. Особено беше респектиран од познатите странски политичари.Имав привилегија да ја исполнувам својата дипломатска мисија во неколку земји во негово време, во најтурбулентните години.Првите признавања на Македонија како независна се случија тогаш.И првата негова посета во странство. Беше државник со визија. Неговите заслуги со ништо не можат да се избришат.Фалсификатите и лицемерието покажано кон него во нашава, жална Македонија,наместо заслужениот респект, се надвор од секаков разум. Глигоров е со иднината!
EU, 02.01.2013 20:16:51
Pretsedatelot Gligorov bese politicar koj so svoeto znaenje, mudrost i trpelivost ja zastana Makedonija na noze. No, sto e mnogu povazno, toj bese isklucitelno golem covek. Neka mu e vecna slava!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Претежно облачно

Недела
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -4°C

Понеделник
Мешавина од снег и замрзнат дожд
Макс: -1°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)
Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |