Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
28.12.2012, 16:49

И синот на Црвенковски на барикадите

Синот на Црвенковски, Љупчо, има 22 години и беше прв до својот татко кога се пробиваше барикадата на полицијата

Љупчо Црвенковски, синот на лидерот на СДСМ, на понеделничките протести беше рамо до рамо со својот татко Бранко Црвенковски. Во моментите кога лидерот на опозицијата ги поведе своите приврзаници да ги урнат барикадите и полицискиот кордон, 22-годишното момче беше во првиот ред во групата.

Објективот на фоторепортерот на „Утрински весник“ го забележа Љупчо уште на самиот почеток на протестите. Тој цело време беше до својот татко, дури и во моментите кога го пробија кордонот и кога полицијата интервенираше. Тој досега не беше политички активен и не можеше да се забележи на политички настани. Ова е прво негово појавување во јавноста во политички контекст, со кое јавно ја манифестираше поддршката што му ја дава на својот татко.

Синот на опозицискиот лидер, кој се роди во моментите кога се градеше самостојна Македонија, денеска е студент, со очигледно јасни политички ставови. Студира на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Според податоците од неговиот профил на „Фејсбук“, тој денеска полни 22 години. Бидејќи за денеска опозицијата предводена од СДСМ најави протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, не е исклучено Љупчо својот роденден да го прослави пред седиштето на оваа владејачка партија, спротивставувајќи се на нејзината политика. (Т.П.)


Статијата е прочитана 6358 пати.


Испрати коментар



Кризата нема да се надмине без дијалог. Единствен излез е смена на власта
Ахмети ќе ја враќа опозицијата во Собранието
Судскиот совет им дава предност на адвокатите за судии
Даниел Сервер
Николиќ се нуди за медијатор, сите молчат
Духот на мртвиот Гадафи низ Македонија



penzionerka, 29.12.2012 00:12:39
neka mu e cestit rodendenot,da e xiv i zdrav i da bide vistinski covek kako tatko mu
Donka, 29.12.2012 00:31:57
Sreken rodenden LJupco!Dasi zdrav i ziv i gordost na roditelite!
Поборник на реформи во СДСМ, 29.12.2012 00:36:17
Ги повикувам сите сопартијци членови на СДСМ, за доброто на нашата партија денес и во следните денови да не го подржат Бранко Црвенковски на уличните протести. Кога ќе види дека нема подршка ниту од членството, белким сам ќе си даде отказ. Колку порано се случи тоа, толку подобро за иднината и на СДСМ и на Република Македонија.
bate Vane, 29.12.2012 02:47:31
Samo komentarot na Pobornik za reformi vo SDSM go kazuva ispravniot pat na partijata vo idnina.Se drugo e vetar i magla,shto pobrzo sreduvanje na redovite na SDSM tolku poblisku do posakuvanata cel vo Martovskite izbori.Momentalnata strtegija na SDSM vodi kon tezok ubedliv poraz.Vreme e za bistri glavi a ne tobogani.
bo, 29.12.2012 07:06:20
respect!!!
titovi komunisti, 29.12.2012 09:04:25
dali so pojavuvanjeto na sinot na crvenkoski, a i so objavuvanjeto na toa vo utrinski nema jasna poraka- zarem roditelot bi povel na demonstracii protiv diktatura svoe dete ako ako toa ne e vo interes na drzavata.
do site dobronamernici, 29.12.2012 09:13:31
Nisto poubava i popoeticna slika od taa, sinot so nasmevka da se vide pokraj svojot tatko, vo slucjaov, Liderot na partijata, nepravedno kritikuvan,ozboruvan i osuduvana i odmognat . Im posakuvam mnogu uspeh na sinot, tatkoto i site simpatizeri na pravednata cesna ideja za podvigot na SDSM.Sreken rodenden na mladiot Crvenkovdki.Gi povikuvam site sovesni lugje (zaedno so uplashenite sokrieni vo *mishja rupa* inelektualci) koi ja sakaat svojata tatkvina i imaat zelba za podobra utresnica, so nuzna promena, da dojdat sto pomasovno na denesniot protest i mirno da go poddrzat kuraznoto dvizene na Opozicijata. Vreme e da svatime deka ne e vo prashanje PREVLAS I FOTELJA, tuku PROMENA, bez novi zadolzuvanja so koi gi hipotikirame i nasite vnuci i nivnite.
Johnny, 29.12.2012 10:02:30
Не ли ве потсеќа ова на некои ликови во Северна Кореја, тато ја препушта власта на синчето.
Поборник на реформи во сите македонски партии, 29.12.2012 10:09:33
Го повикувам народот да излезе што помасовно пред седиштето на ВМРО-ΔΡΠΑΜΕ и да го изрази својот револт заради секојдневните притисоци и тортурата со која се соочува секојдневно!Уште колку тепани и убиени младинци ни требаат за да го увидиме самоволието на власта?Да се потсетиме,Мартин Нешковски беше јавно егзекутиран на прослава на „победата“ среде Плоштад Македонија!Убиството го криеа со денови,а кога излезе на виделина,за тоа,едвај одговараше само директниот извршител жртвуван од врвот на партијата на власт!Крвнички беше убиен и малолетникот Мухамед Јашари во училишен двор,а прогласија дека починал затоа што бил болен!(?)Деца средношколци ги закрвавија заради некакви бледи национални цели,се тепаат и премлатуваат секојдневно!Студенти кои протестираа на плоштад беа натепани од партиски активисти,лажни верници!Мајмуни со џипови слободно преминуваат преку насобрани протестанти и тоа го оправдуваат со пијанство!?Зарем мислите дека следниот пат нема да му дојде редот и на вашето дете?!
srebre, 29.12.2012 10:27:31
toa se patrioti crvenkovski bravo..sonuvam za negovoto vreme koga bese eftinija....i golemite bureci za 20 den...i 20 denari participacija vo zdravstvo.
Mark, 29.12.2012 10:33:01
Sreken rodenden momce! Te znam od dete, uste od Koco Racin(drugarce na kerka mi) i milo mi e sto si izrasnal vo zdrav i hrabar mlad covek! Sledniot rodenden da go slavis vo NORMALNA MAKEDONIJA!
Lucifer, 29.12.2012 10:44:43
Smesno no ete ega znaeme koj ke go nasledi Bane vo SDSM, ke zalici na Severno Korejska prikazna.
od makedonka koja zivee vo usa i zali za makedonja, 29.12.2012 14:04:44
mnogy cydno zosto branko nego pysti vo prilep da stydira pa da bide ycen i yspesen kako nasijo si nikola gryeski samo od toj ekonomski fakyltet izlegyva mnogy yceni
riki, 29.12.2012 18:43:50
cisto normalno e da sinot stoji do svojot tatko.nedolicno i nemorlno e da se vrega bez razlika na negovite politicki ubeduvanja.pa neli treba da imame respekt sprema sekogo i sekoj moze da si go dade svojot komantar ama na objektivna baza a ne sporeduvanja so s.koreja ili ne znam sto.ne treba nikoj da se najde pogoden ako deteto vo ovie momenti stoji do svojot roditel.site imame deca i site treba da imame razbiranje.
SP, 29.12.2012 23:29:28
Dobro ne mi e jasno zosto e ovaa vest. Zosto mora da go markirate sinot na Branko. Pa normalno e sinot do tatko mu da bide nema sigurno sovetnik na Gruevski da mu bide. Odnosno toa bi bila prava demokratija tatko socijaldemokrat a sin demohristijan, samo toa kaj nas nema skoro da se sluci.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Облачно

Четврток
Сончево
Макс: 8°C, Мин: -1°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 6°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (43)
Дилемите по шлаканицата.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Интервју - Зоран Заев: Локалните избори зависат од власта
Очекувам фер борба, натпревар на идеи и проекти и победа со разлика од 10 илјади гласа...
Светот се движи со непредвидливи и тешко совладливи брзини
„Уметноста е само првиот степен на интелигентното самокреирање“, потсети на крајот на годинава, сликарот, академик Глиго...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |