Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
01.01.2013, 16:50

Жената од Драгоево не е умрена, а кога ќе умре не се знае!

Милан Ѓошев стана медиумска ѕвезда во 2012, кога повикал мртовечка кола за се' уште живата жена. Но, неговата приказна е малку поинаква од онаа што ја објавија некои медиуми

Иван Боjаџиски

Штип – Милан Ѓошев, 90-годишен жител на штипското село Драгоево, борец од НОБ со шест одликувања кои секогаш ги прикачува на палтото кога има некоја свеченост, ја испиша најголемата драма во 2012 година во Источна Македонија. На електронските медиуми беше објавено дека тој, за жена која се' уште била жива, побарал во селото да дојде брза помош, а во исто време викнал и возило за погребални услуги.

Но, Ѓошев тврди дека приказната е до половина вистинита.

„Јас сум многу стар човек, живеам сам во трошна куќа во Драгоево која само што не паднала. Сум си приспособил една собичка за живот и во неа имам се' што ми треба. Пред четири години ми се јави пријател од Македонска Каменица и ми рече дека низ гратчето бесцелно скитала помлада жена која била дојдена од Србија и барала човек што ќе ја прибере, ќе и' даде покрив над глава, кревет за да може пристојно да преспие. Јас сум емотивен човек, ги сакам луѓето, па си реков, ќе ја прифатам. Ем таа ќе има топол дом, ем ќе има кој да ми готви, бидејќи со пензија од 11.500 денари јас можам да се прехранам, да си ги платам сметките за струја, вода и телевизија. И, така, еден ден жената дојде да живее кај мене“, вели Ѓошев.

Но, по кусо време дојденката почнала се' почесто да бега од дома, да не се враќа по неколку дена, потоа да се врати без да му каже на Милан зошто и каде отишла.

„Јас ја примив, ја хранев, а таа стана неиздржлива. Тогаш се јавив во социјалното и реков да дојдат да ја приберат, да ја удомат некаде, бидејќи животот покрај неа ми стана пекол. Им кажав дека жената живеела кај шест мажи, дека нема дом, дека постојано е болна и и' е потребна нега, која јас како стар човек кој живее на село не можам да и' ја овозможам. Тогаш таа беше многу болна и ми беше страв оти може да умре, па на тие од социјалното им реков да пратат брза помош за да и' помогнат. Бидејќи не го знаев законот, прашав и кој ќе ја погребе ако евентуално умре, кои се моите обврски, бидејќи јас со неа не сум регистриран, туку само сум ја примил како човек да има покрив над глава“, вели Ѓошев.

Тогаш од социјалното, како што вели Милан, пратиле брза помош, но не и мртовечка кола, како што беше објавено од некои медиуми.

„Па жената беше жива, како на жив човек да му порачам мртовечки сандак? И јас сум човек“, тврди овој старец.

Жената од Драгоево, која стана медиумска сензација, не ја најдовме кај Милан. Стариот борец ни рече дека пак заминала некаде и го моли господ да си најде нов дом, да не му се враќа и да не му го нарушува спокојот. Сето ова не' потсети на една стара драма од поранешна Југославија, во која главната улога беше во чест на извесна постара жена Џекна. Тогаш сите роднини секој ден го прашуваа нејзиниот стар сопруг дали Џекна умрела, а тој на сите им одговараше дека Џекна не е умрена, а кога ќе умре не се знае. Па така и нашиот Милан, човекот кој се најде сред најпикантната приказна во 2012 година, сега не знае ништо за дојденката кај него, бидејќи таа пак фатила магла од неговиот дом.


Статијата е прочитана 6239 пати.


Испрати коментар



„Кромберг и Шуберт“ како Дедо Мраз за битолчани!
Реактивирана касарната во Прилеп
Американски стил на живот во Бутел
Американски стил на живот во Бутел
Во „Аџибадем Систина“ изведена прва ендартеректомија на белодробна артерија
Нема ни свински ни обичен грип, настинките се во пораст
Македонија ја пречека новата 2013 година со многу очекувања



ilija dzisev, 02.01.2013 15:07:06
Zedekiah toa bese crnogorska serija a imeto dzekna kazuvase za yugoslavija - dzekna jos nije umrla a ne znase kad ce -ama ZA ZAL I NA DZEKNA I DOJDE KRAJOT SI UMRE T.E. Y U G O S L A V I J A
Choche, 02.01.2013 16:32:15
Djekna nije umrla! Kada ce, ne zna se!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Претежно облачно

Недела
Облачно
Макс: 2°C, Мин: -2°C

Понеделник
Мешавина од снег и замрзнат дожд
Макс: 1°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (45)
Инцидентот на Бајкалско Езеро.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |