Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
01.01.2013, 17:11

Интервју - Зоран Заев: Локалните и��бори зависат од власта

Очекувам фер борба, натпревар на идеи и проекти и победа со разлика од 10 илјади гласа

РИСТО ТАСЕВ


Кои се најголемите проблеми со кои се соочува Струмица?

Најголем проблем на Струмица е (не)поврзаноста со останатиот дел од светот. Нашата општина ќе беше далеку попросперитетна доколку Владата го завршеше својот дел од обврските. Зборувам за патот Струмица - Радовиш, за Валандовско Брдо, кои, пред се', ни се потребни за натамошен развој на економијата. Само од извоз на земјоделски производи во Струмичко влегуваат околу 120 милиони евра, а тие се многу значајни за трговскиот баланс на државата и за вкупниот економски развој. Ова е јасна и конкретна причина зашто треба да се подобри патната инфраструктура. Тоа е најголемото прашање за кое треба да бидат заинтересирани струмичани.



Што беше најголем предизвик за да се кандидирате за трет мандат и на кој проблем ќе му дадете приоритет при решавањето, се разбира доколку повторно ја освоите Струмица?

Јас сум осум години градоначалник. Покажав и докажав кој сум. Струмица по многу нешта е прва во Македонија. Предизвикот во следниот мандат ќе биде економијата. Прашањето кое постојано си го поставувам пред себе е: како можеме економски уште повеќе да придонесеме за квалитетно подобрување на животот на граѓаните. Со постојните ресурси и со наредните фази на децентрализацијата, со европската перспектива која ја има цела Македонија, а со тоа и Струмица, сметам дека како градоначалник ќе имам можност да покажам решенија и од економска природа, кои ќе значат нови работни места, инвестиции, но и нови даноци за државата и за Општината, нов развој и раст на Струмица.



Колку финансиската независност на локалната самоуправа му ја олеснува или отежнува работата на градоначалникот доколку не е од иста политичка партија со централната власт?

Во овие осум години колку што ја водам Струмица, централната власт е седум години од спротивниот табор. И покрај тоа, Струмица е најуспешна општина во државата. На маката се гледа колку луѓето ги бидува. Во овој период кога власта одмагаше, не' стави во состојба повеќе да размислуваме, повеќе да работиме и да се трудиме, но и да покажеме повеќе резултати. Тешко е кога гледате дека државата за едни општини е мајка, а за други маќеа. Но, кога гледате на среден рок, осознавате дека многу побрзо созреваат капацитетите на една општина кога сте оставени сами. Струмица е единствена општина која не зема кредит, бидејќи Владата не даваше согласност. Јас правам и една друга споредба: Општина Струмица се натпреварува со целата Влада и таа каска зад нас. Владата гради со кредити, Струмица со сопствени средства. Ние ја изградивме првата катна гаража и, ете, Владата почна да гради такви во Скопје. Почнавме плоштад, по нас тргна и Владата, градиме црква во која досега се инвестирани 700.000 евра, Владата става камен-темелник на црква во Скопје. И најсреќен сум, еве изградивме гасовод, а државата дебатира и тендерира за гасовод. Каде ќе и' беше крајот на Струмица ако оваа Влада барем малку и' помогнеше на Општината.



Струмица е рак-рана на владејачката партија која во два наврата катастрофално ја поразивте. Што очекувате од оваа изборна пресметка со противкандидатот на ВМРО-ДПМНЕ?

Јас ниту сум скромен човек ниту сум претенциозен оптимист. Имам противкандидат. Тоа е Васил Пишев. Никого не потценувам. Тој е кандидат за градоначалник не на која било општина, туку на Струмица. Го респектирам и го почитувам, но и настапувам со претпазливост. Доаѓа од голема политичка партија која ја води државата. Иако сите анкети покажуваат кој е фаворит во нашата општина, очекувам фер борба, натпревар на идеи и проекти, бидејќи само така и двајцата ќе можеме да оставиме добар впечаток за да можат граѓаните да донесат мудра одлука. Тоа што за мене претставува очекување е следното: ако во 2005 година победив во прв круг со 17.000 гласа, ако во 2009 година, кога секаде победуваше ВМРО-ДПМНЕ, јас победив со разлика од 7.500 гласа, сакам да го задржам овој тренд. Очекувам победа со разлика од 10.000 гласа.



Што ќе им ветите на струмичани, што да очекуваат од Зоран Заев од евентуален трет мандат?

Моите ветувања за трет градоначалнички мандат се во согласност со созреаните очекувања на Струмица и струмичани. Кога давате многу, луѓето очекуваат уште. Така што и понудата ќе биде уште повеќе од тоа што е направено. Затоа велам дека ќе влезам во битка со економски менаџмент. Ќе помогнам таму каде што најмногу боли. Но, тоа не е доволно. Граѓаните очекуваат и капитални проекти, очекуваат динамичен развој, што значи модернизацијата на Струмица мора да продолжи, и тоа како на градот така и на населените места. Имам многу проекти, но би ги издвоил трендот на отворање индустриски зони, развој на туризмот, подземна сообраќајна инфраструктура која ќе го спои едниот со другиот дел на градот, Цареви кули како вековно наследство на градот, кој ќе биде целосно обновен и, секако, развој на секое населено место, за што имам подготвено посебни проекти.



Колку последните настани во и пред парламентот, особено Вашите изјави дека ќе се пука на изборите ќе влијаат на позицијата на Заев? Сметате ли дека тоа ќе Ви го намали рејтингот, или можеби уште повеќе ќе Ви ја зацврсти позицијата во Струмица?

Последните случувања и изјави, секако, дека имаат своја рефлексија врз мислењето кое го имаат граѓаните за мене како политичар и градоначалник на Струмица и тие тоа свое мислење ќе си го кажат во првата шанса кога ќе ја имаат. Лично мислам дека јас не сум ново лице, сите добро ме познаваат, знаат што душа носам, како работам и по какви дела сум познат. Одлуките да излезам пред полицијата се одлуки на нормален човек кој добил информација дека во парламентот ги удираат и ги влечат неговите пријатели на недостоинствен и на неморален начин. А, за изјавата дека ќе има пукање, јас навистина нема да бидам изненаден од оние кои удрија врз пратеници во парламентот, врз лидерите на опозицијата надвор од парламентот и да пукаат по неистомислениците.



По познатата изјава „ќе јадеме живи луѓе“, сега дојде и ова со пукањето. Зошто излегуваат такви, за многумина непромислени изјави од Вас, особено што сте искусен политичар, веќе една деценија сте во политиката, а имате и висока функција во СДСМ? Дали Заев има конфликтен карактер?

Валканите сценарија на владејачката гарнитура, со кои се обидуваат да ме прикажат во поинакво светло, нема да им успеат колку и да се обидуваат. Преголеми се добрите дела поврзани со мене, премногу докази има околу мене, за некој да тврди дека Заев е лош човек. Изјавите за кои зборувате, треба само да се слушнат целосно, без да бидат селективно прикажани во делови. Не треба да се биде нешто посебно паметен за да се сфати намерата на зборовите кои се составен дел на тие изјави. Во нив е присутен стравот во мене дека е можно во иднина некој да пука по нас, неистомислениците со власта. Присутна е пораката дека никој нема право, без разлика на која политичка партија припаѓа, да не му дозволи на родителот да го лечи своето болно дете само поради тоа што не е поддржувач на власта, никој нема право да ја укине социјалната помош од 2.000 денари само поради тоа што некој не ја поддржува власта. Јас стојам зад моите изјави и не бегам од нив. А, за мојот карактер, не е во ред јас да зборувам, зашто го знаат сите во оваа наша мала земја. Само ќе кажам дека јас сум тоа што го работам за моите сограѓани, моите дела, моето секојдневје е доказот за мојот карактер. Прашајте во Струмица каков сум јас и сите чесни луѓе ќе ви ја кажат вистината.



Дали по се', СДСМ ќе учествува на претстојните избори и дали Зоран Заев останува на кандидатурата за градоначалник на Струмица?

Секако дека останувам на кандидатурата. И не само тоа, јас сум сигурен дека ќе ја добијам поддршката од струмичани и ќе победам со многу голема разлика. Впрочем, тоа можете да го препознаете и од мојот противнички политички табор - Струмица им е однапред предадена. Сите подготовки за изборите јас и мојот изборен штаб целосно ги реализираме. Подготвуваме исклучително позитивна кампања со многу убави проекти и програми. А, тоа, дали ќе учествуваме на изборите, зависи од власта. Таа е најповиканата и најодговорната страна која треба да создаде достоинствени услови за фер и демократски избори. Власта едноставно треба да ги прифати препораките на ОБСЕ и ОДИХР за да можеме да излеземе на демократски избори. Состојбите во земјата предизвикани од случувањата на 24 декември се посебна обврска на власта и за нив таа треба под итно да се зафати со изнаоѓање решение.


Статијата е прочитана 4800 пати.


Испрати коментар



Бесими и Котески на различни страни за воениот рок
Васил Пишев го откажа интервјуто
Новогодишни обраЌања на државниот врв
Опозицијата ја одби поканата на премиерот за враќање во парламентот
МВР не нашло прекумерна употреба на сила врз новинарите



Jelovica - nece im uspeti!, 02.01.2013 00:32:44
Zoki, srecna ti NG i odnapred chestit reizbor. Ovie dpmne-vcite gi pravish pashteta. Tako, tako, samo tako! Pukanjeto ne ni e potrebno, iako ne e losho da im se pushti *buva* na ovie samonarecheni patrioti, odnosno plashlivi zajci. Se uprpija!
riki, 02.01.2013 01:19:22
zoran zaev,nepobitno nas naj efikasen gradonacalnik.delata kazuvaat se.strumica bez pomos od drzavata e mala vistinska metropola i prijatno mesto za ziveenje.ednostavno zaev so negoviot entuzijazam,ambicioznost i solidarnost so sekogo,gi osvoji srcata na graganite od strumica i okolinata.zaev ima vreme i strplenie za site.prepotentnost i arogancija,se nepoznati zborovi za nego.sekoj,bez razlika na kakov profil luge se i so kakvi nameri se,licni ili opstestveni,zaev ima vreme za site.zatoa e takov kakov sto e.taka bi trebalo da bidat site nositeli na opstestveni funkcii.sploteni i edinstveni koga se raboti vo interesot i idninata na nasata zemja.a ne sekojdnevni izmisleni aferi i tracevi sto pridonesuva razdol megu lugeto.
cista realnost, 02.01.2013 07:49:25
Deka Grujo e fasist,deka e diktator,deka Zaev ke pukal i deka ke jadel zivi lugje moze da prikazuva samo lugje so kratok pamet. porazeniot na bilo kakvi iabori ke go dade nacinot na borbata za drzavnoto ime na tatkovinata.Toa e presudno za narednite izbori toa bese presudno i na minatite izbori.koj ova ne go gleda i nego videl dosega mu nema spas i za dzabe se vpusta vo skapi i opasni avanturi
ФЕЛИКС, 02.01.2013 08:12:22
Дури по ова интервју разбрав како стојат работите со ,,че ги пукаме,,Искрено многу ми олесна не само мене и на многумина кој не фати уплав а се фатиме за гласачко листе,а веднаш некој упукувач ни ја разбиструва ситуацијата.Па така ни се откри виновникот за сето изречено,од ,,ќе јадеме живи луѓе,па до барутното изборно сценарио,тоа да ти била власта т.е владеачката партија која безобразно подметнува,вади - става концептуално во се што ќе не просветли Струмичкиот градоначалник,кој така наивно и невино се вплеткува во интригата на власта.Инаку многу се загајливме зошто го немаше на огромниот мал десант пред седиштето на опонентот,загајлено помисливме да не го ставиле во карантин неговите,радосно бесни од последните подметнати изјави.
Deni, 02.01.2013 08:21:52
Zoran Zaev, najdobriot Gradonacalnik vo Makedonija.
Baron, 02.01.2013 08:49:01
Што и да направи ќе биде запаметен како „Канибал“ , „Пукач“ и „Помилуван Криминалец“. Од тие три слички секој нормален политичар ќе се повлече и ќе се пензионира.
od ostrijot, 02.01.2013 09:02:11
samo napred zoki so tebesme na strumica i makedonija im trebat luge od kalibarot zoran zajev senadevam oti vistinata ke pobedi a ne falbite i lazite od vladejackite partiji.
Петар Арсениевски, 02.01.2013 09:13:38
Се согласувам дека Заев има добри дела и дека го познаваат по добро во Струмица. Но тој очигледно е понесен од лошата еуфорија во СДСМ за одмазда и го говори тоа што го мислат другите. Значи, „ќе јадеме живи луѓе“ и „ќе има пукање“ се гласни размислувања во врвот на СДСМ. Тоа го потврди своевремено и Ѓунер Исмаил, кој рече дека во СДСМ се зборува и се размислува многу порадикално од она што тој го кажа за спомениците - дека треба да се урнат. Ако Заев сака да биде поинаков, мора да се огради од одмаздољубивоста на врвот на СДСМ.
DO PETAR Arsenievski, 02.01.2013 12:23:28
на сила господине се одговара со сила и никако поинаку.За што беа тие силни специјалци,тие борни коли,за кого господине Арсениевски,нека пробаат со Албанците така нека постапат ако се мажи
Kate-Strumica, 02.01.2013 14:40:53
Zorane da ni bides ziv i zdrav i ponovo da ni ja vodis opstina Strumica.Nie Strumicani dobro te poznavame i zatoa ne beri gajle za dusmanite.Nie sakame da ziveeme vo ubav imoderen grad a ti najdobro znaes sto e dobro za Strumica .Nema da dozvolime da pobedi VMRO voStrumica bidejki gradot ke ni go vratat so vekovi nazad vo barok i mnogu kic kako sto go napravija Skopje koj sluzi za potsmev .
grazerin, 02.01.2013 16:03:21
Srecna NG i pogolem uspeh vo zivotot i vo segasnite izbori.Sekako ste vije Gospodin ZAEV sekako najdobar gradonacalnik ne samo vo Makedonija nego na balkanot.So tebe moze da se uporedi samo gradonacalnikot na Bjelina.Pozdrav do site
pobeda, 02.01.2013 17:48:18
E sto e sega rabotata ke pobedime so 10 000 razlika no nema da odime na izbori bidejki ke izgubime vo drugite gradovi,e pa kandidirajte luge kako zaev i odete na izbori.
Баба Евда, 02.01.2013 20:49:46
Дунече на баба , поради празниците , не разбрав на кој датум ќе биде донесен Законот за бранителите? И кого ќе тепате тогаш?Или љавчињата сеуште имааѕ упљав од орљите? Да ви олеснам , истепајте ги Илија Димовски и Дулиќка , во пакет со Авировиќа. Тие би биле среќни да бидат тепани од вашата партија , како горди послушници.Ни вашите нема да ви замерат за тоа! Сите ќе бидат среќни- обезбедувачите заситени и орљите на број!
Трпе, 02.01.2013 20:52:35
Големи честитки и успеси во работата на најкреативниот градоначалник во РМ.Кој нижи успеси без помош на владата.А ова што вмр-овците го факат за секој збор е џабе.Па мора некој да им се спротистави зарем тие да бидат петли на секое буниште.Власта не јаде живи луге,првин живи ги варе веќе седма годинапа потоа ги јаде.Познато е кој ќе пука, нормално овој кој тепа сопствен народ ако може и со голи раце ке убива.А за ова криминалот што го осудуват дпмне-овците се многу наивни.Не се способни и местенки да прават.Да го обвинеа за 100,двеста илјади евра криминал некако ке беа убедливи, но сите факајки се од момчето со опавчето па надолу и нагоре неможат ни збор да променат во наученото или суфлираното 8 милиони па 8 милиони евра криминал.
vlado, 02.01.2013 22:26:03
g-dine Baron se gleda deka ne se plasete od gospod ? zosto anatemuvate covek koj sekogas i vo sekoe vreme go glasaat luge sto go znaat kako cesen ,posten i humanist,. So tie sposobnosti vo Makedonija moze samo da mu bide Tose Proevski konkurent, na isto nivo. Poklonete se pred toa momce zosto boga go ima prateno vo nasiot kraj. Daj boze utre da ni bide premier pa ke vidis sto ke bide od Makedonija. Pred nego na vlast bea gradonacalnici od vladeackata garnitura no nisto ne napravija da gi spomnuva Strumica po nesto ubavo? Pred vistinata i bogovite klecaat g- dine Baron. Napred gradonacalnice Strumicani se so tebe i vo tretioit krug!!!!!!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Претежно облачно

Недела
Облачно
Макс: 2°C, Мин: -2°C

Понеделник
Мешавина од снег и замрзнат дожд
Макс: 1°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (45)
Инцидентот на Бајкалско Езеро.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |