22 Васил Пишев го откажа интервјуто
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Политика
01.01.2013, 17:12

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

Васил Пишев го откажа интервјуто

Кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев, иако првично се согласи, го откажа интервјуто за „Утрински весник“. Како што соопшти неговиот штаб, тој поради презафатеност не може да одговори на нашите прашања.

Инаку, кандидатот на владејачката партија за Струмица е актуелен пратеник во македонското Собрание и еден од најпознатите струмички стопанственици. Сопственик е на рафинеријата за масло за јадење „Ал макс“, која го произведува маслото „Бисер“.

На промоцијата, по добивањето на кандидатурата, Пишев истакна дека на граѓаните ќе им понуди неколку големи проекти: директно поврзување со меѓународните коридори за гас преку соседна Бугарија, изградба на три булевари во Струмица. Покрај тоа најави и изградба на систем за наводнување од браната „Маркова Река“ за село Куклиш, како и изградба на нов театар во Струмица. Овие проекти планира да ги реализира во соработка со Вл��дата. (Р.Т.)


Статијата е прочитана  пати.


Испрати коментар

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 4°C

Делумно облачно

Петок
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: -1°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 4°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)
Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Никогаш не дозволив славата да ми удри в глава
„Дедо ми Иван секогаш ни велеше на нас, внуките: Имајте голема душа и отворено срце за сите. Тоа сум јас“, вели Катарина...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |