Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
03.01.2013, 16:47

Едиторијал

Хазардерска игра

Татјана Поповска

Кога пратениците на СДСМ и нивните коалициски партнери беа насилно исфрлени од Собранието, многумина во политичката јавност имаа разбирање за нивната одлука да го бојкотираат парламентот. Многу од нив се согласија дека е логично 42 пратеника да не сакаат да седнат во собраниските клупи со истите колеги од владејачкото мнозинство, кои молчеа и мирно го гледаа насилството што врз нив го примени собраниското обезбедување, а потоа гордо аплаудираа на изгласувањето на буџетот. Но, за разлика од бојкотот на парламентот, изјавата на потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, дека бојкотот на мартовските локални избори е се' поизвесен, внесе резерва и загриженост не само кај политичките елити, туку и кај обичните граѓани кои очекуваат излез, а не дополнително заплеткување на политичката криза во земјава.

Социјалдемократите изминативе недели покажаа сосема ново опозициско лице, кое внесе поинаков политички дух во земјава. Понастаните на 24 декември, на прстите од едната рака може да се избројат оние кои и понатаму ќе тврдат дека опозицијата е заспана, летаргична и безидејна. Политичките акции на опозицијата и реакциите на власта ги разбудија и определените и неопределените, но и аполитичните. Сите имаат свои коментари, свои видувања и оценки за настаните. И во такви услови, кога се разбудија буквално сите политички актери во земјава, СДСМ најавува дека ќе ги бојкотира локалните избори, истите оние избори кои претходно нивниот лидер Бранко Црвенковски ги издигна на ниво на референдум од чиј исход ќе зависи иднината на државата. Но, тоа е потег кој повеќе личи на хазардерска игра, отколку на темелно смислена стратегија за натамошно зајакнување на опозицијата на политичката сцена и постигнување на нивната легитимна цел: симнување од власт на ривалската ВМРО-ДПМНЕ. Факт е дека на овој начин значително ќе му ја отежнат позицијата на Груевски и на актуелната владејачка гарнитура, но истовремено СДСМ ќе биде изложен на ризикот да колабира по сите основи, доколку целосно се деинституционализира и како единствен метод во политичката борба му остане улицата.

Бојкотот на избори, како крајна мерка во борбата со една недемократска владејачка гарнитура е легитимна и политички оправдана институција. Но, прашање е колку е таа оправдана кај нас, во услови кога опозицијата на досегашните избори, независно дали биле целосно демократски или не, успеала на своето конто да прокнижи 370.000 гласови со кои му дишат во врат на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа бројка, но и сигурните победи во неколку поголеми општини, треба да бидат аргументот на социјалдемократите да одат на избори.

Доколку СДСМ навистина реши да ги материјализира најавите за бојкот на изборите тоа ќе значи нов уште потурбулентен период во политичкиот живот во Македонија. Затоа и владејачката гарнитура, премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети не треба да мижат пред заканите на СДСМ и да глумат дека во државава се' функционира како подмачкано. Не треба големо политичко искуство или натприродна моќ за да се (пред)види дека сите процеси во земјава ќе бидат стопирани. Евроинтеграцискиот пат ќе се врати неколку скалила поназад, ЕУ повторно ќе испорача услови за политички дијалог и демократски процеси кои сметавме дека ги исполнивме уште пред неколку години.

За решавање на проблемот со името воопшто и не може да стане збор, особено кога клучните политички лидери во земјава не сакаат очи да си видат, а камоли да изградат заеднички став за ова прашање, од кое зависи и зачленувањето во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Стопанството, економскиот развој и странските инвестиции дополнително ќе бидат загрозени, бидејќи Македонија повторно ќе се врати во друштвото на политички нестабилни земји кои не се баш привлечни за инвестирање. Затоа Груевски и Ахмети треба да сторат се' да ја вратат опозицијата на изборните патеки, бидејќи само на тој начин ќе покажат дека државните интереси им се пред партиските. Веројатно се свесни дека нема да можат, по примерот на Црвенковски и на СДСМ во 1994 година, да го истераат мандатот без опозиција, бидејќи тоа нема да им го дозволат демократските процеси кои Македонија ги изоде изминативе 22 години.


Статијата е прочитана 1450 пати.


Испрати коментар



Лекциите не ги научивме, во 2013 ќе ни треба среќа
Оган во слободарските срца
Кого ќе бојкотира СДСМ
Дали „Балкан енерџи“ ќе не' стопли?



Itar Pejo, 04.01.2013 00:39:08
Podbivaj se, draga sestro, so pratenicite koi sto gledaa kako gi tepaat nivnite neposlusni kolegi, digna raka za za za budjetot i rakopleskaa koga im se dade znak. Ama zatoa oni ce si dobijat po cela plata. Nisaj vrata, iljadarka plata. Zasluzeno! So golem trud zaraboteno.
Caki, 04.01.2013 00:51:54
Pratenicite na opozicijata gi izvlekoa nasilno od sala1(ne od parlament) deka bea NASILNI!
jovan, 04.01.2013 01:08:31
Samata Makedonija vleguva vo edni hazarderski vreminja, vo koj veke nikoj nema da gi prasuva nitu Vladata nitu opozicijata sto i kako mislat, a nitu pa nekogo veke ke go interesira sto ke se dogovaraat. Za Makedonija veke na astal se stavaat razno razni planovi, scenarija, dogovori... i sto ti ne, za koj ke se dogovaraat i pregovaraat eden kup *zainteresirani* golemi igraci koj imaat interesi na ovie Balkanski prostori, a vo seto toa ke se vklucuvaat i komsiite. So nas bukvalno veke nema nikoj nitu da se dogovara nitu da se zamara. Ke resavaat bez nie da znaeme sto ke resavaat. Nas poleka poleka ne pustaat niz voda. Ova ovde sto se slucuva, veke na nikomu ne mu e jasno koj e Vlast a koj opozicija.Vlasta protestira protiv opozicijata, Opozicijata protiv Vlasta, veke ne se znae*koj kosi koj voda nosi*.Site se nezadovolni od nekogo, i sekoj protestira protiv sekogo, a nekoj KRADE na veliko i agresivno.
Marioec od Azija, 04.01.2013 03:04:52
Abre dosta so gluposti.Liceto B.Crvenkovski e piun vo igrata na N.Gruevski,i ako podobro pratite se mirisa na dogovorena igra od niv.Toj ne raboti vo korist na SDS-to tuku odi vo nivna steta.Prvo pocna da voveduva diktatura vo partijata isto kako iGruevski vo DPMNE,gi otstrani clenovite koi imaa svoe razmisluvanje,i marioneti,i poslusnici i zavisnici(kako Zaev so abol.).Scenarioto sto go izreziraa sobranieto,isto dogovoreno,ce se nategaat izvesno vreme i ce iizlezat na izbori na koi ce bidat porazeni,i posle ce kazat vo takvi uslovi nemozele da postignat povece.A ovamu se raboti samo da nedojdat do vlast.Ili e dogovor so Gruevski i biznis oligarhijata ili e strav od vladeenje posto treba da se nosat klucni odluki za imeto i sl raboti,pa svesno odi vo alibi izbori za da ne e tojkrivecot
ФЕЛИКС, 04.01.2013 09:22:07
Да не се преповторувам на иста тема за бојкотот.Тие што практицираат хазард се длабоко свесни да тоа е со променлив успех,денес добива еден,друг ден дуг.но овде има хазард во кој некој постојано губи,било да заигра на изборната карта,било да има намера за бојкот.По се изгледа крупието не ја дообјаснил играњето хазард.Оти сиромашкиот коцкар мисли дека треба со карти за покер да игра табланет.
milan, 04.01.2013 11:21:31
Jas veke napisav kaj g-din Rizaov, ako se resat naplastenite problemi kako izbiracki spisok, potoa primedbite od OPSE-ODIHIR, pa so megunarodni monitoring da se spreci vladata da kupuva glasovi,od onie sto gi dotera do prosjacki stap,potoa da se izednacat kaj mediumite e togas sigurno izleguva opozicijata na izbori.Vaka ne ide kaj so nardni pari kupuvat glasovi,uste se falat kako regularno pobedile. POZDRAV,
penzionerka od doma, 04.01.2013 12:18:26
Makedodnija,od kako uspejaa da ne podelat na patrioti i redavnici,na sloveni i antucki Makedoci podeli pa vadaj,stana edna hazardna zemja so hazardna idnina.Vprocem kako sto sme bile nekogash,te na edna strana pobegnati od *nekogo* te kaj* nekogo*pobegnati od* nekoj* drug nekoj, pa taka sega sie tie nekoi sakaat da ne prisvojat.Nie, so pomok na vladaECKATA politika na *dvajcata premieri* ostanuvame so *....sablja ne sece* i cekame da ne podelat bez da znaeme koj i koga ili so potpis na nekoj Radev, Matev i sl. koi se cuvstvuvaat sto se, spored*dzebot*. Narodot ke si ja navedne glavata i ke se pusti po matnata voda da ne nosi. Ne e za cudenje koga clen na MANU me prasa, so kogo poveke sakam da se prilepime.. .E pa, sega neka ni dadat oni odgovor za HASARDNATA polozba na Mk! Neli nekogas koga ne delele,od dosadaporadi vlecenjeto, N. Pashic ja zacrtal nashata juzna granica, kako da ja nasledil od majka mu vo ceizot.Kako i denes nasite vodaci sto si zemaat krediti,za*selo bez kucinja *.
Oskar, 04.01.2013 12:23:38
Se priklucuvam kon mislenjeto deka bezusloven bojkot na izborite od strana na SDSM e greska. Podobar bese prethodniot predlog so obezbeduvanje na fer i demokratski izbori so usvojuvanje na preporakite na OBSE i ODHR. Greskite na vlasta otidoa predaleku so slucuvanjata na 24 Dek., koga go prekrsija Ustavot i Zakonite. Ova se greski preku koi ne moze da se premine. Se nadevam deka golem del od neopredelenite glasaci, ke go kaznat vakvoto odnesuvanje na vlasta.
nikola, 04.01.2013 18:06:57
Apsolutno e nemozno tepanite, ponizenite i navredenite da se vratat... ostanuva opcija da se bara vo direkten sudir, vo presmetka so drugi sili i so drugi sredstva so nenarodnata, anahronicna, zabegana vlast... taa podelba ja napravija TIE, zatoa ne sramete se deka bozem je ke ve osudi istorijata...TIE toa go predizvikaa i seta anatema za podelbta na narodot ke bide vrz niv!! Da ne se plasime, vo momentot TIE see najgolemiot neprijatel na MK. Ne Albancite, ne Bugarite, ne Srbite, TIE - mirkovelinovci. latasovci , burekdzhii, milenkovci, mijaalkovci, gruevci, gjorcevci, dimovci, stavrevci i ini.... sto poskoro podobro!!!
do Tatjana,marioec i Oskar, 04.01.2013 18:54:37
Opozicijata nema vekje glasovi kako sto imase vo 2011 g.Sega ima pomalku i zatoa saka da bojkotira.Kontradiktorna si.Pisuvas deka ima demokratski procesi vo izminatite 22 godini,a vo periodot posle izborite vo 1994 g.nemase opozicija vo parlamentot.Dali za tebe toa bese demokratija so takov skoro ednopartiski parlament?Ako za tebe e toa demokratija,togas neka ja nema sega vo instutuciite SDS.Nema da se donesuvaat klucni odluki za imeto marioec.Makedoncite ne sakaat nikakva promena na imeto i zatoa politicarite ke go pocituvaat toa mislenje.Ne uspea SDS so incidentite vo parlamentot da gi pridobie neopredelenite i zatoa saka da gi bojkotira izborite.
Bravo za Nikola, 04.01.2013 23:47:08
Napolno se slagam so predhodniot komentar,tocno e deka partijata koja e na vlst e odgovorna za neredot koja sama go predizvika i gi smisleno ponizi pratenicite od opozicijata za da se pokaze pred narodot.kako sila.
EU, 05.01.2013 00:18:11
Komentarot deka Gruevski i Ahmeti bi trebalo da pokazat oti drzavnite interesi im se nad partiskite, na angliski bi se definiral kako wishful thinking.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, -10°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 0°C, Мин: -9°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 1°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (46)
Амбициите на Даријана.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |