Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
08.01.2013, 14:10
Рајковиќ две и пол години во Работнички



Најтрофејниот македонски колектив остана без услугите на Немања Јелесијевиќ и Омонди Амоке, нивните замени ќе бидат познати за брзо време.

МАРИЈА КОВАЧЕВА

Емил Рајковиќ и официјално е промовиран како нов стратег на Работнички. Некогашниот младински селектор со челниците на најтрофејниот кошаркарски колектив потпишаа две и пол годишен договор. За Рајковиќ враќањето во Работнички по повеќе од една деценија претставува голема чест и покрај тоа што пред се себе има тешка задача, на својот нов клуб да обезбеди место во Супер лигата.

„Овој нов почеток за мене претставува огромно задоволство бидејќи се враќам дома. По десет год��ни отсуство од „Градски парк“ ова ќе биде добра и интересна авантура за мене, која се надевам дека на Работнички ќе му даде нов почеток и посебен шмек. Се наоѓаме пред нималку лесна задача. Од управата која што е нова, но и максималнп сериозна, добив гаранација дека проектот е долгорочен за да бидеме конкурентни. Титулите не се примарни бидејќи клубот и онака е најтрофеен со 14 титули. Овој момент можеби е малку тежок бидејќи се наоѓа на шестото место на табелата, примарна цел е да се влезе во Супер-лигата, потоа и плејофот, но главните резултати се очекуваат во следните две сезони. Ќе се обидеме да го вратиме победничкиот дух и стариот сјај, но и да се врати публиката на трибините за да го проследи новот раѓање на Работнички. Мислам дека со играчите ќе постигнам да направам екипа што ќе биде гордост на навивачите“, рече на промоцијата Емил Рајковиќ.

За исполнување на амбициите на тимот од „Градски Парк“ поточно освојување на едно од првите пет места по завршување на втората фаза, составот веќе претрпи одредени промени. Американецот Омонди Амоке и Србинот Немања Јелесијевиќ се двајцата кошаркари кои си заминаа од Работнички. По овие заминувања новиот стратег на „црвено-белите“ најави ангажирање на нови квалитетни имиња со што би се потполнина празнината во тимот.

„Немојте да очекувате бомбастични трансфери, пазарот е ограничен, а имаме кус период за ангажирање нови играчи. Најголем дел од играчите имаат договори. Главните трансфери ќе бидат следното лето. Главна цел е да се врати борбеноста, ангажираноста и да се игра убава кошарка“, смета младиот стратег.

Управата на клубот откри дека иако во игра биле неколку странски имиња, сепак одлучиле довербата да ја добие еден од најтрофејниот тренери Рајковиќ.

„Во последните десетина дена Работнички беше во потрага по шеф на стручен штаб. Контактиравме со неколку странски имиња, но во меѓувреме, изминатиот викенд стапивме во контакт со Емил Рајковиќ и се одлучивме за овој стручњак. Иако е млад, тој има богато искуство и е докажан во кошаркарскиот шампионат на Македонија, каде што има освоено доста трофеи. Се има докажано со професионалниот пристап кон работата и верувам дека го направивме вистинскиот избор. Се договоривме за соработка во следните две и пол години, при што ќе му биде овозможено да го состави костурот на тимот и да ја води екипата кон нови успеси“, изјави спортскиот директор Дејан Јовановски.

По првиот дел од сезоната Работнички има четири победи и пет порази и се наоѓа на шестото место на табелата кое не води во Супер лигата каде ќе се приклучи тимот на МЗТ Скопје.











Статијата е прочитана 427 пати.


Испрати коментар



Тешка победа за Македонија на стартот на СП
Оклахома ја продолжи агонијата на Лејкерси
Чиле и Катар мора да паднат
Мекејлеб и Фенербахче немоќни во Тел Авив
Ѓоковиќ ги избегна фаворитите на Австралија опен
Серхио Рамос ќе паузира пет меча
Пропадна трансферот на Костовски во Корона
Мајами падна и во Портланд
Домаќинот во лов на „експертите“
Акцент на Чиле и на Катар
Костовски во полска Корона
Нов пораз за Лејкерси
Хет-трик на Роналдо за четвртфинале на Реал во шпанскиот куп
Јувентус го елиминира Милан од Копа Италија
Катар му нуди 20 милиони фунти на Бекам
Осминафиналето реалност, четврт-финалето желба
Волкот за 32 милиони фунти останува во Арсенал
Мајами и Лејкерси во „минус фаза“
Меси - Би ја менувал „Златната топка“ за триумф на Мундијалот
Се заострува борбата против расизмот на европските стадиони
Вардар ги претстави Фернандез и Да Роча
(ФОТО) Македонија подготвена за големи дела
Гвардиола се враќа во тренерските води
Вашингтон ја шокираше Оклахома
Даскалоски и М. Стоилов отпаднаа за мундијалот
Роналдо - Имав сјајна година
(ФОТО) Меси четврти пат ја освои Златната топка
Истанбул, Мадрид и Токио во трка за организација на ОИ 2020
Рајковиќ и официјално во Работнички
(ВИДЕО) Касиљас ја одби капитенската лента
Раката на Суарез му донесе триумф на Ливерпул
Шлиренцауер најдобар на Новогодишната турнеја
Пандев асистира, Кавани погодува
Македонско знаме на релито „Дакар“
Денвер ја продолжи агонијата на Лејкерси
Кирил Георгиев победник на Божикниот турнир
Македонија со 18 ракометари ќе патува за Севиља
(ФОТО) Будуќност повторно пречка за МЗТ Скопје

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -7°C

Ведро

Сабота
Ведро
Макс: 1°C, Мин: -8°C

Недела
Ведро
Макс: 3°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)
Вдовицата на Тито стана обична граѓанка
(Не)очекуваното враќање на Дејвид Боуви
Нов албум! Кој би рекол и кој се' не сонувал за тоа... Враќање по десет години и тоа на 66. роденден. Последниот го обја...
Се вработуваат актери, но и археолози, архитекти...
Вчера завршија конкурсите за вработување актери во неколку театри во земјава, но вработувања ќе има и во други институци...
„Еден бакнеж“, многу музика и носталгија
Секоја недела, од 20 часот, потсетувајќи не' со својата појава на Бергман и Богарт, Ирена Спировска и Игор Ангелов на ТВ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |