05.01.2013, 20:29 (ФОТО) Будуќност повторно пречка за МЗТ Скопје
Црногорскиот шампион ја прекина серијата од три победи на „металците“, совладувајжи ги во „Борис Трајковски“ со 76:69.
ФОТО: Петр Стојановски
Екипата на Будуќност од Подгорица повторно славеше победа во дуелот со МЗТ Скопје во рамките на АБА лигата, откако попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје пред 7.000 гледачи го совлада македонскиот првак со 76:69 (22:18;29:12;14:24;11:15). Со ова црногорскиот шампион ја прекина серијата од три победи на „металците“.
Решавачка за победата беше втората четврина која гостите ја добија со 29:12.
МЗТ Скопје во вториот дел успеа да анулира добар дел од предноста на противникот (55:47 - 26.минута), а потоа во 27 минута поради пет лични грешки играта мораше да ја напушти Тодор Гечевски, со што се намалија шансите за пресврт.
Страхиња Милошевиќ со 14 поени беше најефикасен на натпреварот, а кај МЗТ Скопје Ѓорѓи Чековски реализираше 13 поени.
Покрај овој дуел попладнево играа уште: Солнок - Широки 69:75, Игокеа - Раднички 88:85 и Цедевита - Сплит 72:75. Во тек е дуелот Олимпија - Црвена Звезда, а од 21 часот играат Партизан и Цибона.
Последниот натпревар од 16.коло на програмата е утре од 17 часот играат Задар - Крка.
Табела: Игокеа 13-3 (победи-порази), Црвена Звезда 10-5, Партизан 10-5, Будуќност 9-7, Цедевита 9-7, МЗТ Скопје 9-7, Раднички 8-8, Олимпија 8-7, Сплит 7-9, Цибона 6-9, Задар 6-9, Крка 5-10, Широки 5-11 и Солнок 4-12.
|