Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
07.01.2013, 14:17
Шлиренцауер најдобар на Новогодишната турнеја



Австриецот триумфира на последната станица во Бишофсхофен и го симна од врвот Норвежанецот Јакобсен

Австриецот Грегор Шлиренцауер ја заддржа титулата од новогодишната турнеја 4 Скокалници во неделата откако триумфираше на последната "станица" во Бишофсхофен со скокови од 133 и 137.5 метри. Популарниот Шлири со победата на 61. издание на новогодишната серија ја продолжи низата на австриски триумфи на пет, а исто така доби совршен подарок за својот 23. роденден, кој го прослави во понеделникот.

Норвежанецот Андерс Јакобсен го освои второто место, а трет беше Австриецот Штефан Краф. Јакобсен, кој победи на првите две рунди во Оберздорф и Гармиш-Партенкирхен на кр��јот е втор во пласманот на „Четири скокалници со 1087.2 поени, зад 1.100.2 на Шлиренцауер, а трет беше уште еден Норвежанец, Том Хилде со 1029.2 поени.

Во трилер завршница, петкратниот светски шампион повторно покажа дека има челични нерви. По првата рунда, тој беше изедначен со најблискиот ривал Јакобсен, кој го предизвика со скок од 139 метри во втората серија. Шлиренцауер, предводен од илјадниците домашни фанови на крајот скокна 137.5 метри за своја 45. победа од Светскиот куп.

"Ова беше фантастично натпреварување на 4 Скокалници и да се биде на врвот на крајот е нешто што тешко се објаснува. Уживам тука. Клучот на успехот беше во тоа што се фокусирав на моите скокови, а не на тоа како скокаат моите ривали. Не знаев колку далеку Андерс скокна, но знаев дека е далеку. Но под највисок притисок се прават најубавите дијаманти", изјави Шлиренцауер.



Статијата е прочитана 216 пати.


Испрати коментар



Катар му нуди 20 милиони фунти на Бекам
Осминафиналето реалност, четврт-финалето желба
Волкот за 32 милиони фунти останува во Арсенал
Мајами и Лејкерси во „минус фаза“
Меси - Би ја менувал „Златната топка“ за триумф на Мундијалот
Се заострува борбата против расизмот на европските стадиони
Вардар ги претстави Фернандез и Да Роча
(ФОТО) Македонија подготвена за големи дела
Гвардиола се враќа во тренерските води
Рајковиќ две и пол години во Работнички
Вашингтон ја шокираше Оклахома
Даскалоски и М. Стоилов отпаднаа за мундијалот
Роналдо - Имав сјајна година
(ФОТО) Меси четврти пат ја освои Златната топка
Истанбул, Мадрид и Токио во трка за организација на ОИ 2020
Рајковиќ и официјално во Работнички
(ВИДЕО) Касиљас ја одби капитенската лента
Раката на Суарез му донесе триумф на Ливерпул
Пандев асистира, Кавани погодува
Македонско знаме на релито „Дакар“
Денвер ја продолжи агонијата на Лејкерси
Кирил Георгиев победник на Божикниот турнир
Македонија со 18 ракометари ќе патува за Севиља
(ФОТО) Будуќност повторно пречка за МЗТ Скопје

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -6°C

Ведро

Четврток
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: -2°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 4°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (48)
Напуштена и гладна.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |