Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
07.01.2013, 13:41
Пандев асистира, Кавани погодува



Македонскиот напаѓач учествуваше во сите три гола на Уругваецот во победата на Наполи од 4:1 против Рома

Горан Пандев одигра маестрално и со Единсон Кавани беа најзаслужни за убедливиот триумф на Наполи од 4:1 против Рома во дербито на 19. коло во Серија А што се одигра на „Сан Паоло“. Уругваецот постигна хет-трик благодарение на најдобриот македонски фудбалер, кој учествуваше во сите три гола - му додаде на Кавани за отворање на резултатот во 4 минута, потоа беше дел од акцијата за погодокот во 48. мин., а го изведе и корнерот во 70. мин., по кој голгетерот на Наполи биеше неодбранливо со глава. Рома намали преку Освалдо три минути подоцна, а по излегувањето од игра на Пандев во 80. мин. точка на резултатот стави Кристијан Маџо во последните мигови од регуларниот дел.

Шампионот и лидер Јувентус изненадувачки загуби на свој терен од Сампдорија со 2:1 во првото годинашно коло во Серија А., во кое загуби и Интер на гости кај Удинезе, а Милан се изнамачи, но на крајот победи во дуелот против Сиена.

Јувентус со голот на Џовинко од пенал поведе против Сампдорија, а од 30. минута имаше и играч повеќе, откако кај гостите исклучен беше Гаетано Берарди. Херој на гостите од Џенова е аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди, кој погоди во 53 и 68 минута за неверојатен пресврт. Вината за неочекуваниот пораз на свој грб најмногу ја презема капитенот на Јувентус, голманот Џанлуиџи Буфон. За Јувентус ова е трет пораз сезонава, а втор пред својата публика.

Киксот на Јувентус го искористија Лацио и Наполи, кои победија на домашен терен. Лацио со пресврт стигна до триумф од 2:1 против Калјари и сега е само пет бода зад водечкиот тим од Торино. Гостите поведоа со голот на Сау, а лацијалите со погодоците на Конко и Кандрева стигнаа до трите бода.

Удинезе со три гола во последните 30 минути стигна до убедлива победа против Интер, а клучен момент на дуелот беше исклучувањето на Хуан Жесус во 65. минута. За „нераѕурите“ ова е трет меч без победа.

Резултати од 19. коло: Катанија - Торино 0:0, Лацио - Калјари 2:1, Удинезе - Интер 3:0, Милан - Сиена 2:1, Киево - Аталанта 1:0, Фиорентина - Пескара 0:2, Џенова - Болоња 2:0, Јувентус - Сампдорија 1:2, Парма - Палермо 2:1, Наполи - Рома 4:1.

Табела: Јувентус 44, Лацио 39, Наполи 37, Фиорентина 35, Интер 35, Рома 32, Милан 30, Парма 29, Удинезе 27, Катанија 26, Киево 24, Аталанта 22, Торино 20, Сампдорија 20, Пескара 20, Болоња 18, Џенова 17, Калјари 16, Палермо 15 и Сиена 11.





Статијата е прочитана 672 пати.


Испрати коментар



Вардар ги претстави Фернандез и Да Роча
(ФОТО) Македонија подготвена за големи дела
Гвардиола се враќа во тренерските води
Рајковиќ две и пол години во Работнички
Вашингтон ја шокираше Оклахома
Даскалоски и М. Стоилов отпаднаа за мундијалот
Роналдо - Имав сјајна година
(ФОТО) Меси четврти пат ја освои Златната топка
Истанбул, Мадрид и Токио во трка за организација на ОИ 2020
Рајковиќ и официјално во Работнички
(ВИДЕО) Касиљас ја одби капитенската лента
Раката на Суарез му донесе триумф на Ливерпул
Шлиренцауер најдобар на Новогодишната турнеја
Македон��ко знаме на релито „Дакар“
Денвер ја продолжи агонијата на Лејкерси
Кирил Георгиев победник на Божикниот турнир
Македонија со 18 ракометари ќе патува за Севиља
(ФОТО) Будуќност повторно пречка за МЗТ Скопје

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -9°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 0°C, Мин: -9°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 1°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (46)
Амбициите на Даријана.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон |