Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
07.01.2013, 13:28
Македонско знаме на релито „Дакар“



Бугаринот Христов со овој гест се оддолжи за македонската лиценца со која се натпреварува во класата на квадови

Првпат во историјата на релито „Дакар“, кое се одржува од 1979 година, на стартот беше развеано македонското државно знаме. Тоа го стори Бугаринот Тодор Христов, член на мото-клубот Александар од Скопје, во чест на земјата со чија лиценца се натпреварува во класата на квадови (четирицикли). На церемонијалниот почеток на првата етапа во Лима, Перу, тој ги истакна заврзани македонското и бугарското знаме.

Во своето второ учество на најпрестижното рели во светот по тоа во 2011 година, кога мораше да се откаже во шестата етапа, Христов го освои 37. место во првата етапа и 33. во в��ората. Пред вчерашната трета делница од превидените 14 тој се наоѓаше на 33. позиција во вкупниот поредок меѓу 39 пријавени учесници.

„Навистина уживав во моето прво учество на ’Дакар‘, но тоа беше навистина тешко. Во последниве две години се натпреварував на неколку релија во Катар, во Абу Даби, а завршив и трет кај квадовите на релито ’Мароко 2012‘. Не можам да го дочекам ова второ искуство на ’Дакар‘. Се надевам дека ќе го завршам натпреварот со добар пласман“, изјави софијанецот пред почетокот на „Дакар 2013“, каде што вози „јамаха рептор 700“.

Учесниците на годинашното рели „Дакар“ треба да извозат повеќе од 8.000 километри, од кои половината се специјални брзински испити, а остатокот се поврзувачки етапи. Натпреварот почна во Перу, ќе проидолжи низ Аргентина и ќе заврши на 20 јануари во чилеанскиот главен град Сантјаго. Пријавени се над 450 екипажи, кои се натпреваруваат во четири категории: автомобили, камиони, мотоцикли и квадови. (Р.Д.)




Статијата е прочитана 989 пати.


Испрати коментар



Вардар ги претстави Фернандез и Да Роча
(ФОТО) Македонија подготвена за големи дела
Гвардиола се враќа во тренерските води
Рајковиќ две и пол години во Работнички
Вашингтон ја шокираше Оклахома
Даскалоски и М. Стоилов отпаднаа за мундијалот
Роналдо - Имав сјајна година
(ФОТО) Меси четврти пат ја освои Златната топка
Истанбул, Мадрид и Токио во трка за организација на ОИ 2020
Рајковиќ и официјално во Работнички
(ВИДЕО) Касиљас ја одби капитенската лента
Раката на Суарез му донесе триумф на Ливерпул
Шлиренцауер најдобар на Новогодишната турнеја
Пандев асистира, Кавани погодува
Денвер ја продолжи агонијата на Лејкерси
Кирил Георгиев победник на Божикниот турнир
Македонија со 18 ракометари ќе патува за Севиља
(ФОТО) Будуќност повторно пречка за МЗТ Скопје

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -9°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 0°C, Мин: -9°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 1°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (46)
Амбициите на Даријана.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коме��тари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Фељтон |