06.01.2013, 13:56 Македонија со 18 ракометари ќе патува за Севиља
Од 20-те ракометари кои досега беа на подготовките за Мундијалот во Шпанија, Митко Стоилов и голманот Златко Даскаловски ќе останат во Македонија
Македонската ракометна репрезентација со 18 ракометари ќе патува за Севиља. Од 20-те ракометари кои досега беа на подготовките за Мундијалот во Шпанија, Митко Стоилов и голманот Златко Даскаловски ќе останат во Македонија.
Митко Стоилов поради повреда отпадна од списокот играчи и по разговорите со лекарскиот тим беше донесена одлука тој да не оди за Севиља, додека голманот Даскаловски ќе чека шанса на следниот собир на репрезентацијата.
На ш��мпионатот ќе бидат пријавени 16 играчи, а двајца ќе бидат резерви со можност на замена според регулативите на првенството.
Репрезентативците добија слободни денови за Божиќ, а следниот тренинг ќе го имаат на 8 јануари во вторник. |