11.01.2013, 16:09 Мекејлеб и Фенербахче немоќни во Тел Авив
Македонскиот репрезентативен бек Лестер Бо Мекејлеб и неговиот Фенербахче Улкер го забележаа третиот пораз во Топ 16 фазата во Евролигата откако на гостувањето кај Макаби беа совладани со убедливи 91:73. И покрај тоа што тимот на натурализираниот Македонец беше рамноправен противник во првите две четвртини, сепак, немаше доволно сили за да дојде до првиот триумф во новоформираната група Ф каде што во моментов заедно со Бешикташ е на последното место на табелата. Новиот пораз за Фенербахче значи и полека губење на местото за наредната рунда во најсилното европско клупско натпреварување.
Мекејлеб беше еден од подобрите во таборот на турскиот состав, постигна 15 поени, пет скока и една асистенција.
Перо Антиќ и неговиот Олимпијакос втората победа во Топ 16 синоќа ја бараа на гостувањето кај Барселона којашто и��а идентичен скор од една победа и пораз како и бранителот на круната. (М.К.)
|