Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
03.01.2013, 17:11

Фаворитите на СДСМ ги ��аваат фотелјите поради партијата

Што ќе работат градоначалниците на СДСМ ако дојде наредба за бојкот на локалните избори во март

Горан Адамовски


Актуелните градоначалници од редовите на СДСМ се подготвени да ја напуштат удобната општинска фотелја доколку партијата го побара тоа од нив. Ако се остварат заканите за бојкот на мартовските локални избори, градските татковци од редовите на опозицијата, со повлекувањето, буквално на тацна ќе им ги предадат функциите на противничкиот табор, иако сите прогнози одеа во прилог на нивен сигурен успех на локалните избори. Да биде сликата комплетна, градоначалниците на Карпош, Струмица, Карпош и Охрид добија согласност од врвот во Скопје да одат по уште еден мандат и за тоа, според анкетите, им се даваат добри шанси, но, како што велат, токму партискиот амин е мотив повеќе да се почитува одлуката на централата.

Зоран Заев, според многумина, е сигурен „фикс“ во Струмица. Неговата популарност во општината би требало да му донесе и трет мандат, иако ВМРО-ДПМНЕ вложува сериозни напори да го добие градот што одамна е во рацете на опозицијата. Новогодишното интервју на Заев за „Утрински весник“, во кое најави оти сигурно ќе победи во Струмица, остави дилеми во јавноста дали фаворитите на опозицијата ќе играат соло доколку раководството на партијата одлучи од страна да ги гледа локалните избори.

„Не заборавајте дека јас сум и потпретседател на СДСМ, така што гарантирам дека апсолутно ќе се почитува одлуката на партијата, во чие донесување ќе учествуваме и ние четворицата актуелни градоначалници на СДСМ. Ако дојде до тоа, јас ќе се вратам во приватниот сектор, ќе ги управувам семејните фирми“, ни изјави Заев.

Кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски објаснува дека тој е предложен како кандидат на партијата, поради што е должен да ја носи судбината на партијата.

„Никогаш не сум дејствувал како изолиран кандидат, односно секогаш сум ја имал поддршката на партијата. Пред да станам градоначалник - бев гинеколог, па според законот, ќе се вратам на старото работно место“, ни рече Дамјановски. Неговите соработници велат дека евентуалниот бојкот ќе значи оти СДСМ првпат од самостојноста нема да го води Куманово, град кој важи за нивен бастион.

Охридскиот „татко“, Александар Петрески, смета дека одржување на изборите без учество на опозицијата би бил нелигитимен и недемократски чин на актуелната власт. И тој ќе ја почитува одлуката на партиското седиште.

„Не е добро за демократијата во земјата на избори да излезат само владејачките партии и нивните приврзаници, бидејќи тоа води кон едноумие“, рече Петрески, оценувајќи дека власта треба да смогне сили и да ги прифати барањата на опозицијата за фер и демократски избори.

Вели дека се' уште е рано да размислува што ќе работи ако не биде градоначалник, но уверен е во своето искуство, цени дека осум години успешно ја водел општината, па нема да биде проблем да се снајде. Пред да раководи со општината, тој беше директор на јавни претпријатија, водеше и приватен бизнис.

Во Охрид се очекува(ше) неизвесна трка меѓу Петрески и фаворитот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Никола Бакрачевски, за кого се говори дека има висок рејтинг меѓу охриѓани. Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека Петрески едвај чека да не се одржат локални избори затоа што тоа, според нив, е единствениот начин да го избегне неминовниот пораз.

Изјава вчера побаравме и од првиот човек на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, но не успеавме да стапиме во контакт со него. Нему, наводно, му се предвидува сигурна победа во трката со адвокатката Јагнула Куноска, а и тој неколку пати самоуверено порачуваше оти е уверен во триумф. Низ јавноста веќе се зборуваше оти Јакимовски одбрал да игра на сигурно, преферирајќи го Карпош пред неизвесната трка за Скопје. Евентуалниот изборен бојкот на СДСМ ќе значи губење и на единствената скопска општина што е во нивни раце.


Статијата е прочитана 3316 пати.


Испрати коментар



Бојкотот не води никаде
Управниот суд поништи две решенија на лустраторите
Кој е Беким Реџепи - новиот член на Судскиот совет
Две години условно за штипскиот кандидат за градоначалник од СДСМ
Почна одбројувањето за визите
Се подготвува теренот за Нимиц
Помали плати за оние што бојкотираат



neverni Toma, 04.01.2013 00:24:25
Ma dajte dosta, pa ni samite voopsto ne veruvaat vo toa sto go zboruvaat. SDSM ke izlezat na izborite sosema normalno.Segasnite demonstracii i ona sto se sluci e samo vo izborni svrhi za da se homogenizira clenstvoto i da se krene rejtingot pred izborite.
riki, 04.01.2013 03:06:02
eve kolku e evidentna razlikata vo prezentiranjeto na vistinata po mediumite.dodeka utrinski sosema objektivno objavuva deka na lokalnite izbori gradonacalnicite od redovite na sdsm nema da izlezat na izbori ako toa od niv go pobara partijata,a dodeka sprotivno na utrinski,vesnikot vecer istata tematika samo vo drugo pakuvanje ja prezentira i toa,citiram,branko ke bojkotira a gradonacalnicite na sdsm najavuvaat pobeda?i so toa se doveduva vo prasanje odlukata na nivniot lider branko crvenkovski.pa ponatamu,novinarite na vecer ne uspeale da dobijat odgovor od kandidatite.se prasuvam,koga ne se uspeale da dobijat odgovor od gradonaclnicite,od kaj znaat deka taka ke bide,odnosno,zosto togas seat vakvi dezinformacii?eve vaka vladata i nivnite mediumi permanetno i perfidno im serviraat nevistini na graganite veke 7 godini.vo stilot peram mozok brzo i povolno
Od Zapad, 04.01.2013 07:17:17
Zaev ke si gi upravuval svoite firmi. Bravo mlad decko. A kolku firmi imas ako ste demokrat kako sto trubite celo vreme? Ne treba da e tajna neli?
ФЕЛИКС, 04.01.2013 07:56:22
Познаваќи го однесувањето на Шатевци не е за верување да сигурен фаворит од типот на Заев и Јакимовски така мирно и кротко ќе прифатаат ,,џивџан во рака а гулаб на гранка,,Од тие причини го нема ставот на Јакимовски.Инаку Кумановскиот градоначалник не би рекол да е фаворт,туку шансите се 50:50,додека Охридскиот градоначалник има шанса за реизбор едно 23,67%.Ова е така со процентот во Охрид оти дотичниот грозничаво и без дозвола од релевантна институција сака со градби да го доуништи историското градско јадро на Охрид.
stefani, 04.01.2013 08:41:22
Zoran Damjanovski ne znam kolku pripagja na SDSM, dali i toj samiot znae na koja partija pripagja, no ne daj boze da se vrati na staroto rabotno mesto kako ginekolog.Sto se odnesuva do graadot Kumanovo, bastion na SDSM, ne znam dali ima povulgaren i poruzen grad vo Mk.
se za lubov, 04.01.2013 08:43:00
Samo da prasam,dali sovetnicite vo Srumica ,Orid i karpos go napustija sovetot ,ili tamu ima demokratija,ili kade sto ne se mnozinstvo samo tamu nema demokratila...alcnosta za pari vi gi pobrka rabotite ,ne znaete sto poveke da napravite,ama ne ste vie krivi narodot sto ve bira e kriv...
Оди си Бранко и спаси не сите, 04.01.2013 10:47:17
Време е Бранко машки да го признае поразот и да се повлече од политиката. Само на тој начин може да и помогне на партијата. Само така ќе се подобрат состојбите во Република Македонија. Има време до изборите, а имаме и добри кандидати, иако неколку од нив треба да се преиспитаат. Со добра кампања можеме да добиеме повеќе градови.
Dimitar, 04.01.2013 11:54:47
Pretpostavuvam na kandidatite za gradonacalnici na SDSM, koi gi imaat sansite da pobedat, im se nudat sigurni pratenicki mesta, dokolku se kooperativni i se soglasat na izborniot bojkot za lokalnite izbori. Toa mi e edinstveno logicno razubeduvanje za eden Stefce Jakimovski, Zoran Damjanovski Cic, Zoran Zaev da se otkazat od sigurna pobeda.
Milan Kumanovo, 04.01.2013 12:50:25
Vo Kumanovo Damjanovski dobi mnogu jak protivnik od redovite na VMRO,po profesija lekar Zoran Georgievski vazi za naroden covek koj nema komu ne e pomognal.Ne e iskompromitiran,vazi za posten gradjanin taka da ke bide zestoko.Damjanovski ima dobri potezi medjutoa za nego mislam deka loso odigra samiot Branko.. a Damjanovski za razlika od drugite sleposlusa.. ke vidime zosto?
D.V., 04.01.2013 12:57:51
Zbivanjat ili izjavite, gi prestavuva koj kako mu odgovara , odnsno kako mu naredile od *ztata kukja*.*Vecer*,iskrivuva sé vo svoja polza, oti koga ke dojde do promena, tamoshnata grupa gebelsovci, ke trebe pak kako nekogas da se preorjentira, zaedno so doktoratite..Kolku tocno procitavme ii cuvme od kazanoto,od strana na SDSM, tie ne ni rekoa deka taka od cista volja, NEMA da izlezat na izbori. Bi gi bojkoirale, ako tie ne bidat podgotveni spored programata koja ni se*preporacuva*da ne kazam nareduvat demokratski izbori, bez pocinati glasaci, bez zakanuvanje, bez na brazaraka vraboteni glasaci i t. n. kako na poslednite zbori. Spred toa, gradonacalnicite ne rekoa deka se odkazuvaat od svoite kandidaturi, taka bez pricina! Do izborite ima vreme i sekoj den nosi nekoja promena, pa psledniot zbor ne e daden.A sot se odesuva do Gradonacalnicite, mozeme da gi ocrnuvame kolku sakame, nivnite kvalitei se poznati, ne samo od sogragjnite tuku PRIZNATI i nadvor od Makedonija.
Kate-Strumica, 04.01.2013 14:48:50
Jas kako STRUMICANKA nemozam da zamislam gradot da go vodi VMRO odnosno nivniot kandidat Pisev.Toa ke bide tragedija za nas strumicani , mnogumina ke ostanat bez rabota a i onie sto ne se so vlasta ke nemozat da se vrabotuvaat,ke ima mnogu razocarani,zatoa treba trezveno da se razmisli.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, -10°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 0°C, Мин: -9°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 1°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (46)
Амбициите на Даријана.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |