22 Бесими и Котески на различни страни за воениот рок
Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Политика
01.01.2013, 17:13

Бесими и Котески на различни страни за воениот рок

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, пред новогодишните празници го актуализираше прашањето за враќање на воениот рок, концепт напуштен во 2006 година, како дел од НАТО- стандардите за професионализација на АРМ. Неговите аргументи за тоа се дека секоја држава треба да има редовен воен состав, бидејќи тоа е и поевтино и значајно од аспект на безбедноста на државата. За разлика

од него, вчера министерот за одбрана Фатмир Бесими рече дека нема потреба од повторно враќање на регрутниот систем на пополнување на единиците на АРМ. „За сега нема некоја анализа во Министерство за одбрана која би ни препорачала таква промена во составот на АРМ. Инаку, тоа е крупна промена за која одлучуваат цивилниот сектор, односно граѓаните преку нивните пратеници во Собранието на РМ“, рече Бесими.

Тој додаде оти Македонија е меѓу првите земји во регионот која во 2006 година го напушти задолжителното служење воениот рок и е воведен систем на професионална армија, што досега се покажал како успешен и е високо оценет од НАТО.

Бесими вчера оствари видео-конференциска врска со македонските мировници во мисиите ИСАФ во Авганистан, Алтеа во Босна и Херцеговина и Унифил во Либан, на кои им посака среќа, успех, просперитет и мир.

Војниците во трите мировни мисии, го информираа министерот Бесими и присутниот генерал Димче Петревски дека се во одлична здравствена состојба, моралот и нивната подготвеност се на највисоко ниво и ќе продолжат професионално и беспрекорно да ги извршуваат нивните задачи.

На новинарско прашање како Македонија ќе учествува во мировната мисија во Авганистан по 2014 година, министерот Бесими потенцира дека веќе НАТО ги прави подготовките за моделот на продолжување на мисијата, а Македонија ќе продолжи да го дава придонесот по завршувањето на ИСАФ.

„Се' уште има време да се одредени начинот каков ќе биде придонесот, но Македонија ќе продолжи со нејзиното присуство во Авганистан“, истакна Бесими. (П.Р.)


Статијата е прочитана  пати.


Испрати коментар

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, -4°C

Претежно облачно

Среда
Претежно облачно
Макс: 1°C, Мин: -6°C

Четврток
Делумно облачно
Макс: 3°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (47)
Јованка му е лута на Тито и не сака да оди на лов со него.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |