28.12.2012, 17:27 Кризата нема да се надмине без дијалог. Единствен излез е смена на власта
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Антонио Милошоски и Емилијан Станковиќ, полемизираат околу актуелните случувања во македонскиот парламент, за бојкотот на опозицијата и за можностите за излез од политичката криза
ГОРДАНА ДУВЊАК, АЛЕКСАНДРА М. МИТЕВСКА
ПРАШАЊА:
1. Собранието е во блокада по напуштањето на опозицијата на законодавниот дом и најавите за вонпарламентарно дејствување. Постои ли начин да се деблокира работата на Собранието?
2. Можеа ли да се спречат драматичните настани во понеделникот и носењето на буџетот да се одвива во нормална процедура?
3. Кој треба да понесе одговорност што дојде до толку голема парламентарна нестабилност?
4. Може ли парламентот да функционира без опозицијата и колку одлуките што ќе се носат ќе бидат легитимни?
5. Гледате ли излез од политичката криза во државава и во која насока треба да се бара?
Антонио Милошоски
Кризата нема да се надмине без дијалог
1.Најголемата опозициска група, предводена од СДСМ, за жал, го напушти Собранието. Мислам дека тоа беше однапред смислен потег за чиешто применување се бараше погоден изговор. Моментно во законодавниот дом само пратеничката група на ДПА продолжува со опозициското дејствување. Бојкотот на коалицијата на СДСМ ќе го намали квалитетот на собраниската расправа, веројатно ќе го наруши и угледот на државава на меѓународно ниво, но нема да ја блокира работата на Собранието. Секој избран пратеник има обврска пред своите избирачи да ги застапува нивните интереси во и пред институциите и ние ќе продолжиме да ја исполнуваме таквата наша обврска во парламентот.
2. Она што го знам е дека претседателот на Собранието, пред да се изгласа буџетот, имаше повеќедневна дискретна и интензивна комуникација со еден пратеник и висок функционер на СДСМ, се' со цел да се изнајде компромисно решение за буџетот. Повеќе подробности за овие преговори можат да дадат од СДСМ доколку сакаат да бидат искрени со јавноста. Но, ова покажува дека не постоеле само начини, туку и конкретна политичка волја кај собраниското мнозинство да се најде најсоодветниот начин за носењето на буџетот во нормална процедура. За жал, на некого во СДСМ веројатно не му одговарало во Собранието да имаме нормална слика и разумна политичка дебата.
3. Политичката нестабилност што се случува, пред се', е одговорност на оние политички фактори кои имаат сериозен демократски дефицит. Собранието не е тој фактор, бидејќи сите пратеници во законодавниот дом имаат граѓански легитимитет добиен на демократските избори во 2011 година, одржани по барање на претседателот на опозицискиот СДСМ. На некој начин, СДСМ со барањето за предвремените избори во 2011 година беше иницијаторот за повторна проверка и потврда на демократскиот капацитет на Собранието преку слободни избори. За жал, на СДСМ како партија и' се забележува дека дејствува и носи одлуки во услови на сопствен внатрепартиски демократски дефицит. Тој демократски дефицит на СДСМ сметам дека во голема мера влијаеше и на нивното однесување пред Собранието и во него пред неколку дена.
4. Собранието има обврска да продолжи со својата работа, согласно со законските надлежности, а во интерес на граѓаните кои ни ја дале довербата. Јас лично ќе продолжам со сиот свој капа��итет да дејствувам во Собранието и да се залагам за интересите на граѓаните од Битола, Крушево, Кичево, Струга, Охрид и другите општини од кои сум го добил мандатот. Без присуството на пратениците од СДСМ, ќе имаме послаб квалитет на демократската расправа во Собранието, но легимитетот е неоспорен, исто како што се неоспорни и изборите во 2011 година.
5. Политичката криза нема да се надмине без дијалог. Порано или подоцна, мора да се случи тоа, но без уцени и со водење сметка за интересите на државата, особено во поглед на досието „Македонија“ пред Европската унија. Доколку има политичка волја кај партиите, претседателот на државата би можел да направи обид да се олесни политичката дебата меѓу најголемите партии. Но, нема да биде лесно. Затоа што во однос на СДСМ не се знае дали кај нив доминираат партиските интереси или интересот на Црвенковски за својата сопствена кариера.
Емилијан Станковиќ Единствен излез е смена на власта
1. Јас би рекол, дека по понеделничките настани, Собранието постои само на хартија, а парламентарната демократија е минато се' додека оваа гарнитура е на власт. Режимот на Груевски, фамилијата и неколкуте нивни соработници-извршители сега го заокружи целосниот свој поразителен лик, на кој печат ставија и кукавичките наредби на државните функционери за полициските службеници, кои беа принудени да употребат сила кон новинари и пратеници на опозицијата. Со Вељаноски на чело и со некои пратеници на ВМРО- ДПМНЕ, кои ракоплескаа додека ние бевме исфрлани од собраниската сала, невозможно е да има нормално функционирање на законодавниот дом.
2. Дали е грев што опозицијата бараше буџетските планови на Владата за 2013 година да се намалат за 204 милиони евра, со што новите задолжувања ќе станеа непотребни и ќе се намалеше ризикот да го доживееме „грчкото сценарио“? Дали е погрешно кога пратеници на опозицијата бараат доследно да се почитува процедурата за носење буџет? Што требаше да направи опозицијата, да биде нем набљудувач на самоволието со кое буџетот се усвои на шверцерски начин, со грубо поништување на улогата на законодавниот дом и спроведување на партиско-полициски пуч? За да не дојде до ваков развој на настаните, Груевски одамна требаше да сфати дека не може да ја практикува власта по принципот, „мене ме гласаа на избори - ќе правам што сакам!“. Тој не ја доби довербата за да ги тепа сите оние кои мислат поинаку од него и да ја води Македонија во погрешна насока.
3. Како и во секој друг диктаторски режим, конците ги влече еден човек, „фамилијата“ и еден мал круг негови соработници-извршители кои со задоволство ги извршуваат неговите задачи. Трајко Вељаноски, Гордана Јанкулоска и „диригентот“ Зоран Ставрески се директни извршители на партиско-полицискиот пуч кој го нарача Никола Груевски. Македонскиот премиер ја има целата одговорност за тоа што се случи и за тоа што ќе се случува во иднина.
4. Во Македонија реално не постои поделба на законодавна, извршна и судска власт, бидејќи на сите им стана јасно дека апсолутната власт ја има еден човек, и од неговата волја зависат одлуките на сите државни институции, без разлика што тој на нив формално нема надлежност. Затоа, на секоја партија која држи до Устав и Закон, повеќе не и' местото во Собранието.
5. Единствен излез од оваа ситуација е промена на власта. Опозицијата најмалку посакува таа промена да се случи на некаков друг начин, освен на слободни, фер и демократски избори. За да учествуваме на избори, покрај претходните наши предуслови, прочистен избирачки список, изборно законодавство со вклучени препораки на ОБСЕ/ОДИХР, сега се поставува уште едно прашање, кој ќе ги организира изборите? Бидејќи е јасно дека оваа Влада повеќе нема никаков кредибилитет да организира фер избори, една од можните опции е тие да бидат организирани од друга, техничка - експертска влада, во која ние не сме заинтересирани да учествуваме. Се разбира, изборите мора да бидат спроведени и со многу силен меѓународен мониторинг. |
Статијата е прочитана 2446 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
bitola, 29.12.2012 00:37:03 | da treba da se vrati sds na vlas,pa da kupuvame knigi za ucenicite i da si plakaat prevoz,da mu se zemi nekoj procent na penzionerite,da nema sumvenci,da ne mu se plaka zitoto na zemj...vo kratovo singo pak da gi vovede negovite bonovi za plati vo negovite firmi,sds da ni donese novi;latasi,singovci,cilevci,sundovci,gagacevci....oti ovie negovi brankovi proizvodi mu go svrtija grbot i go crnat i sds da ja dovrsi prugata za bugarija,edinstvenoto nesto sto go pocna da go raboti i ne sraboti..kade otidoja parite od se so prodadoja i oplackaja. |
| Spirov, 29.12.2012 02:48:05 | Toni, štetata za Makedonija kje beše daleku pomala ako beše usvoen budžetot predložen od opozicijata za razlika od čekorite koi gi prevzede pozicijata, kako vo pogled na evropskite integracii taka vo pogled na nacionalnoto edinstvo, a za kvalitetotot na demokratijata i ispolnuvanjeto na kriteriumite od Kopenhagen voopšto da ne govorime... za žal ovie crnila ne kje ne unazadat ušte nekolku godini... |
| euro, 29.12.2012 09:20:31 | Borbata na Emilijan i da receme deka e legitimna,toa e cel na sekoja opozicija da dojde na piedestalot i da rakovodi so instituciite kako sto misli deka e podobro.E sega ne moze da go napravi i toa poradi: ne se place po stranski nabljuduvaci, organizatori, pomagaci, huskaci.Prestanete da vikate deka samo ednata strana e so narodot,parickata ima dve strani, sto so istiot narod sto e so poinakvo mnenie.Namesto da se iritira bi bilo podobro da se animuva so detalni, temelni predlozi do neopredelenite i drugite.Ova so budzetot bese i ke ostane samo edna losa akcija pusta zelba za.... |
| Kristijan, 29.12.2012 09:32:27 | SDSM barashe izbori vo 2011 godina, izgubi, gi prizna rezultatite, a sega vika deka imame diktatura. Sami si se krivi! |
| ФЕЛИКС, 29.12.2012 09:41:28 | Во целово образлагање на Станковиќ не прочитав да треба да се ослободиме од оваа власт преку избори.Вероватно човекот мисли дека уличната демократија е главната полуга кога треба да се освои власт во една држава.Избори не споменуваат нормално оти се знае исходот.Плус веќе немаат аргументи оние негови сопартијци околу избирачкиот список.Комисијата за прочистување на списокот избирачки објави да работата е завршена и се симнати нешто над 70.000 гласачи и плус тенденција за дополнителна забрана за гласање на 120.000 гласачи ако не извадат биометриски документи.Потоа дотичниот не ја објасни криенката со писмото од СБ,оти отиде јабана ,,фактот за недомаќинлок,,,Потоа не ни објасни дополнително (највероватно од тактичко-борбени причини)како тоа неговиот потпреседател преку барутно сценарио објаснува како ќе се спремаат за избори на кој барутно ќе ги бојкотираат.Објаснување и не очекувам од познати причини. |
| Коста Стоименовски, 29.12.2012 09:46:20 | Пратеникот на ДПМНЕ и беспоговорен послушник и полтрон на неговиот „Голем“ шеф вели: Секој избран пратеник има обврска пред своите избрачи да ги застапува нивните интереси...Очигелдно тој не знае или се прави „луд“ дека проблемот е во тоа што тој и неговите сопартијци, наместо да водат сметка за интересите на нивните избирачи, водат сметка само за интересите на неговата партија и нејзиниот шеф. Во повеќе наврати укажував дека ДПМНЕ функционира како племенска заедница на чело со племенски поглавар! И тоа е главен проблем во државата! Пратеникот А. М. тврди дека СДСМ има „сопствен внатрепартиски демократски дефицит“, со јасна алузија дека опозициските политичари, кои „имаат сериозен демократски дефицит“ се одговорни за политичката стабилност!? Рече и остана жив! Од неговото тврдење произлегува дека во ДПМНЕ има демократски суфицит!? Господе Боже прости му, овој човек не знае што зборува! За демократското владеење на СДСМ критички се осврнував кога беше на власт и немам намера да нави |
| Ајван Доктор®, 29.12.2012 11:08:07 | Ете,битолчанецов е убеден дека сега парите одат на вистинско место: во лековити кич-споменици,во псеудобарокни фасади,во рингишпили,циркуски шатори со вртливи куполи,гусарски бродови и во џебовите на оние кои го претворија Скопје во најубав циркус на светот!Колку за споредба:за грд безвреден споменик од 25 метри се фрлени „само“2.7 милиони евра само за хонорар на авторот за грдотијата! За целиот споменик - најмалку уште толку!Половина милион евра чинат жалните врби кои го засмеваат светот!Во меѓувреме,власта се фали дека дала „цел“ 1 милион евра за реновирање на болница!?Бесплатниот превоз важи само за пензионери кои примаат старосна пензија!О��ие кои зеле инвалидска пензија - ги бркаат од автобусите!Социјалците и загрозените групи и сега примаат помош со задоцнување!Земјоделци сè уште се плачат на неисплатени субвенции!Учебниците се беспари затоа што се безвредни и неупотребливи!Самиот министер за образование објави дека не треба да се верува на ништо што е напишано во нив! |
| Chainsaw, 29.12.2012 11:52:39 | Interesno e shto voopshto ne gi spomnuvaat rezultatite od izborite vo 2011-ta godina, kako togash da glasale nekoi fantomi, i dadeniot mandat e isto fantomski :). Kompletno legitimni Izbori btw, deal with it! :) |
| JON, 29.12.2012 13:20:45 | Da, promena na vlasta možebi ke ima, ama koga ke odluči narodot. Togaš na vlast možebi ne ke ostane VMRO-DPMNE, no so sigurnost vladeačka partija nema da e SDSM. Narodot možebi prostuva, no ne zaborava. |
| od makedonka koja zivee vo usa i zali za makedonja, 29.12.2012 13:47:05 | gospodine milosevski koi ti dozvoli dase kacis na masa i da snimas taja nee tvoja rabota zosto gi izbrkavte novinarite da gi ostavevte da snima togas ke videvme koj e kriv sega vie kazyvate po merak vas novinarite se dolzni da snima a ne ti ako za ova baras opravdyvane mene navistina mie zal zatebe ako opzicijata bese tolky gryba zosto ne vidovme nekoj od vlasta da e povreden site sto ve smetavme za malce pismeni ne ystramivte segde vo sveto |
| Македонец, 29.12.2012 15:00:42 | Го фати ли конечно Бранко октоподот?! Ако го фатил да знаеме, да размислиме дали да гласаме за него... :)))) |
| Gjoko, 29.12.2012 16:59:24 | Koga gi chitam komentari pacjam ot stolot i se chudam dali da se smejam ili da placham...Pa koga vi e jasno deka se sluchuva neshto losho i ne sme zadovolni ot spomenicite i vrbite i shto li ne pa ajde na ploshtad da go izrazime ova nezadolostvo, ne moze so pishuvanje na komentar da se promeni rabotava,treba nie da ja promenime,stravot e golem (ce ti ja zemat penzijata,platata,socijalnoto) no ne moze da mi go zemat dostoinstvoto!!! Pa kako ne vi sram nashite dedovci i pradedovci ja izdojuvaa pobedata vo NOB i ja sozdadoa ovaa drzava za da nie deneska si igraeme so nea ?! |
| Atanas, 29.12.2012 20:25:26 | Pa ako ova ne e diktatura togas sto e?
Prestaneta da go lazete ovoj narod. Tie ne se vinovni zatoa sto veruvaat se sto gledaat na televizija a drugi moznosti nemaat. Mnogu e potesko za onie koi znaat sto e demokratija i gledaat kako se lazi obicnoit narod. Makedonskiot narod zasluzuva demokratija, pocituvanje i slobodno izrazuvanje, a toa ke se postigne samo koga ke zavrsi ovaa diktatura. |
| Трпе, 29.12.2012 22:27:52 | Во 21 век во сите земји во светот диктатурата се искоренува а во земјата на Аце големиот и лажните патриоти последните години се воведува.Се замолчуват медиумите.Се замолчуват со влечење и тепање пратеници избрани на легален начин од народот.Се забрануват мирни протести.Против мирните протестанти кои со револт не ја подржуват власта, затоа што си ја сакат родната грутка се ангажират голем број специјалци вооружени до заби.Но познат е крајот на вакви диктаторски владетели.Срамно и жално.Но криминалците се уплашени.За се има почеток и крај. |
| petkota, 29.12.2012 23:16:39 | Makedonka od usa da mi objasni sto e pricina a sto posledica, ama tesko ke bide oti tie nasite vo USA mnogu , mnogu ne go napregaat mozokot pa ne razlikuvaat vo denot dali e poprvo utroto ili pladneto.Vo naseto selo vikaat- duri kute,kute posle smrkot i ziva voda! Ti si od USA koloku sto sum jas od Bitola. |
| pile, 30.12.2012 12:07:26 | ,,...бидат организирани (se misli na parlamentarni izbori)од друга, техничка - експертска влада, во која ние(najverojatno SDSM) не сме заинтересирани да учествуваме. Veke vtor pat ja slusam ovaa nelogicna i neimperativna izjava (posebno za neopredelenite) od visoki funkcioneri na SDSM.Ako imperativ na ,,Sojuzot za idninata koj treba da ja obedini opozicijata i site demokratski sili kako neopredelenite i gragjanskiot sektor, kako i razocaranite poranesni i segasni clenovi na VMRO DPMNE, za spas na R.Makedonija od rakovodenjeto so Drzjavata od strana na Gruevski i familijata,zdruzjenata opozicijija treba zjivotno da e zainteresirana za formiranje na Vlada na nacionalno edinstvo-odgovornost so Premier natpartiska licnost so siroki ovlastuvanja do redovni parlamentarni izbori ,podrzjana od megjunarodniot faktor, so cel da gi dovede sostojbite vo Drzjavata na podnoslivo nivo da go vrati kredibilitetot na instituciite od MVR do sudstvo,da zapocne Zakonita borba protiv kriminalot i ku |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 6°C
Делумно облачно
|
Петок
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: 0°C
|
Сабота
Локални грмотевици
Макс: 3°C, Мин: -3°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|