28.12.2012, 13:15 Антиќ добар, Олимпијакос поразен
Олимпијакос претрпе пораз на гостувањето кај Каха Лаборал од 82:74 во рамките на првото коло од фазата топ 16 во Евролигата
Катастрофалната игра во третата четвртина беше клучна за поразот на Олимпијакос на гостувањето кај Каха Лаборал со 82:74 во рамките на првото коло од фазата топ 16 во Евролигата. Бранителот на круната на полувремето имаше предност од четири поени разлика, но во третиот период Баскијците се разиграа и направија двоцифрена предност која знаеја да ја задржат до самиот крај. Перо Антиќ беше една од најсветлите точки во редовите на Пирејците, со 13 поени, четири скока и четири асистенции беше втор стрелец во редовите на Олимпијакос.
Од македонските интернационалци, синоќа свој настап во топ 16 имаа Лестер Бо Мекејлеб од Фенербахче Улкер и Октај Махмути, кој е тренер на Анадолу Ефес.
Ова се последни евролигашки средби за 2012 година, но нема пауза. Фазата топ 16 продолжува на 3 и 4 јануари. (М.К.) |