25.12.2012, 14:02 Леброн се прости од забивањето
Ѕвездата на Мајами разочара многу љубители на атрактивната кошарка откако изјави дека во иднина нема да учествува во натпреварот во забивање.
„Кралот“ ја откри оваа одлука откако Џереми Еванс го предизвика да се натпреваруваат во забивање на претстојниот Олстар.
„Уште ништо немам видено од Џејмс. Во текот на натпреварувањето мора да покажеш финти и вистински движења, а не само моќно да ја забиеш топката од игра“, рече Еванс.
Набрзо следеше повратен одговор од Леброн: „Јас завршив со тоа. Престар сум за такви работи. Претходно сакав да се натпреварувам. Неколку пати дојдов на Олстарот учествував во забивање и повеќе не сакав да ризикувам со евентуална повреда. Не сум од оние кои се натпреваруваат во тоа, затоа Еванс сигурно би ме победил“, изјави првиот играч на бранителот на круната.
|