26.12.2012, 15:43 Поповска: Уставниот поредок треба да се чува
Уставниот поредок треба да се чува, и никој нема право да ја урива државата, ниту маж, ниту жена. Ова го изјави денеска пратеничката Лилјана Поповска во врска со настаните во Собранието. Според неа, ваквите настани беа кулминација на се што се случуваше со блокадата што ја наметнаа колегите од опозицијата со носењето на Буџетот.
„И пратениците и службите еден месец беа заложници на едно погубно сценарио за рушење на легално избраните институции. Беа применити сите дозволени и недозволени средства. Чувме многу лични навреди и говор на омраза во официјалните простории, а уште повеќе надвор во ходниците каде што не фаќа камера“, рече таа.
Поповска обвини за злоупотреба на функцијата пратеник при носење на буџетот и рече дека тоа не се случило кај нас досега. Таа смета дека на седницата била употребена жива сила заради живиот штит што беше создаден на говорницата и околу неа и тоа според неа било во согласност со член од Деловникот.
„Но, тоа беше страшно што ни се случи и службите не беа во лесна ситуација бидејќи од нив се барало да воспостават ред за одржување на седница, а од друга страна беа соочени со жив штит со свесни провокации за да дојде до насилство. Станав во еден момент да изреагирам кога една колешка беше блиску до мене, но во меѓувреме таа седна и беше оставена од службите“, рече Поповска. За обвинувањата дека сакала да и го земе телефонот на пратеничката Маринела Тушева, вели дека се плашела дека некој од службите ќе тргне кон неа и ја замолила да се повлече. „Очигледно во таа состојба на афект не ме разбра правилно“, рече Попоска. За отстранувањето на новинарите од галеријата вели дека е грешка и дека тоа не смеело така да се случи.
|
Статијата е прочитана 1849 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Pece, 26.12.2012 16:12:49 | Lile , toa sto ne znaes kade zivees ne ti dava za pravo da ne pravis i nas deka ne znaeme kade ziveeme i sto navistina se slucuvase.
Kade ti e doblesta da progovoris za brutalnoto krsenje na ustavot , zakonite i procedurite ..
- Koj ja pogazi procedurata ? (i zakaza sednica bez razgledani amandmani sprotivno na procedurite)
- Koj gi izbrka novinarite od galerijata ? (sprotivno na ustavot i zakonite)
- Koj brutalno i nasilnicki gi pretepa i isfrli pratenicite – narodnite izbranici , nadvor od salata ?? (sprotivno na procedurite , zakonite i ustavot)
Dali toa ne e koalcijata na vlast odnosni TI licno megu drugite .
Kako ke se osekas ti ako i tebe ti se sluci vakvo nesto , da te pretepaat tie koi treba da te stitat i koi gi plakas
Veruvam deka se ova tebe i ne ti e tugo niti cudno bidejki TI bese i organizatorot na “cistenjeto na LDP od Liberalite ” na slavniot kongres na LDP posle koj LDP zamina vo strmoglavo paganje na rejtingot a fala bogu i ti si zamina od LDP.
Ako imas .... |
| vele, 26.12.2012 16:15:47 | Maka mi e da ja gledam ne da ja citam |
| НЕВЕН ГНЕВЕН, 26.12.2012 16:18:49 | Не си таа Поповска што беше пред 7-8 години. Ми те ставија во скут, добро ти е и си траеш. Само гледај да не се наспичиш. И ако може, не продавај памет, седи си каде што седиш. |
| Dragi, 26.12.2012 16:53:21 | Abe ajde, misli deka sme moroni i deka i poveruvavme! |
| cacko, 26.12.2012 17:03:34 | koga ke ti sluci takvo nesto tebe,mnogu poinaku ke razmisluvas,poslednive nekolku godini se nesto pogresno te razbiraat,taa pratenicka sto ja napusti prethodnata vlast i ovaa sega se dve razlicni licnosti,vlast togas,vlast sega ocigledno, pari se vo prasanje.Narodot rekol od kol na kol kolot........ |
| zdtkan, 26.12.2012 17:41:42 | Поповска: Уставниот поредок треба да се чува --- da da so dosledno primenuvanje na odredbite od ustavot - a ne so proizvolni tolkuvanja |
| Зоки, 26.12.2012 17:43:24 | Ова е Лиле која е претседател на актив на жените. И сега на што личи изјавава, па Лиле, жени беа повредени, трудна жена меѓу нив, башка твои колешки, без разлика дали ти се опозиција или не. Се сеќаваш ли, дека некои од тие твои колешки беа потресени само од тоа кога ти направи судар пред собрание, а не беше повредена, само поради стресот што го претрпе, беа солидарни со тебе. Срамота, а и зеленилото, дрвата во Скопје вечно ќе ти бидат на твоја душа, воздухот, ти зелена партија или зелени долари. |
| posmatrac na tragikomedija, 26.12.2012 17:46:05 | Lile,Lile,aj da te potsetime malku otvori web http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=eg7E95E8nVY, pa potoa komentiraj. Vakov i primer imame vo istorijata,primer palenje na Rajhstagot vo 1933 (procitaj malku ako si zaboravila). A kako veli za novinarite? Bilo greska! Auuuuuu,golem laf kaza.Bravo Lile.Slednoto sto e? Nok na dolgite nozevi ? Ama po greska bi bilo, neli? Aj druga bajka ke ni kazes. kolku za ubav son ? |
| zgrozena, 26.12.2012 17:49:49 | Ednas licemer,cel zivot licemer;kako ovaa zena ima obraz I hrabrost da izleze na ulica,a da ne se zaprasa so kakvi oci ja gledaat ludjeto.Vo zivotot treba da imas licen stav,dostoinstvo,da si licnost,a ne da bides poltron od kogo ce se sramat I najbliskite. |
| gv, 26.12.2012 18:10:51 | И таа имала што да каже.Круша под круша паѓа.Се виде после изјава што, даде на ТВ ,срамата бабо,господ ќе те казни за лага. |
| profesorka, 26.12.2012 19:46:16 | Sram da ti e. Znaci edinstvenite prava i ednakvost na zenite e da bidat tepani, i toa od tvoite sefovi. Gnasno. Taka se pravese i deka vodis zelena partija, pa oko ne ti trepna koga go opustosuvaa Skopje. Sekoe drvo se isece i na negovo mesto nikna zgradurina za familijata. Ne prodavaj basmi. Sramno e i navredlivo. Ti si nula vo politikata. |
| Митре од Прибилци, 26.12.2012 20:05:02 | Госпоѓо Поповска точно е тоа дека ни мажите ни жените нетреба да ги уриваат институциите но да ве прашам што сте вие кои со сила,тепање и влечење ги исфрливте како кучиња вашите колеги кои исто се изглсани од народот,дали сте
можеби вонземјани,лунатари или сте од Бога во кого не верувате дадени да солите памет на овој напатен народ и да го лажете гледајќи го во очи.
Едно е битно вие да преживеете па макар и служејќи се со лаги и манипулации што помалку е мизерно но многу срамно и нечесно. |
| Baba, 26.12.2012 21:20:03 | Slabo gledam i razbiram, pa ne mozam da raspoznaam, Lile Popovska li e ova ili Amdi Bajram? |
| И оваа падна на испит!, 26.12.2012 22:17:39 | Нема што повеќе да се коментира...и таа падна на испит и како татко и е безрбетник МПО вски ! |
| cobe, 26.12.2012 23:14:08 | Мизерија неви��ена........уште ги оправдува примитивните и брутални ВМРО-вци и му прави чест на Грујо............ни се гади од Вас, одете си................ |
| jas, 26.12.2012 23:23:56 | Probuvam da gi analiziram nastanite objektivno i da ne zazemam strana. No imam pravnicki problem da najdam opravduvanje vo Delovnikot za vakvoto odnesuvanje!!! Ve molam potencirajte koj clen od Delovnikot dozvoluva upotreba na ziva sila zaradi otstranuvanje na pratenici? Kolku znam, vo vakvi slucai Delovnikot predviduva prekin na sednicata!!! Ili iznesete konkretna odredba od Delovnikot za rabota ili prestanete arbitrerno da maftate so nepostoecki ovlastuvanja!!! |
| zora, 27.12.2012 00:37:57 | Lile ne opravduvam sto pravese opozicijata ama samo zamisli da ti ja vlecat taka majkata ili kerkata na toa nesmee nikoj da ostane ramnodusen a na tebe stram da ti e te gledav kako ikona do sega! |
| melbourne, 27.12.2012 01:13:25 | Ovaa zena se bori za pravata na zenite???Zeni vo Makedonija drzete se zdravo dokolku vakvi licnosti baraat prava za vas!A za zacuvuvanje na ustavniot poredok sto da recume,izgleda nema pojma okolu toa prasanje.Za kraj prasanje do ovaa pratenicka:Dali aplaudiravte koga gi vadea nadvor novinarite i pratenicite? |
| Petre, 27.12.2012 01:20:19 | МРШ!!! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -1°C
Магла
|
Петок
Делумно облачно
Макс: 9°C, Мин: 0°C
|
Сабота
Обилни врнежи
Макс: 3°C, Мин: -4°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (38)Даријана на Тито – југословенската Мадам де Помпадур.„Утрински весник“ специја��но за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
Каде за Нова година? Угостителите и локалите нудат се' и сешто, но, сепак, примарна задача ќе биде да не останете шворц до наредната плата. В... | |
|