Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
26.12.2012, 17:18

Мое ќоше

Уа, Бранко алтруист

Ерол Ризаов

Никој не го пофалил толку Црвенковски колку Груевски, нарекувајќи го алтруист

Кога веќе тргнал премиерот Никола Груевски во жестока конфронтација, подготвувачите на неговите јавни настапи морале добро да му објаснат што е аутист, а што е алтруист. Минатиот пат наместо Хипократ кажа хипокрит. Ако хипокрит значи лицемер и лажго, кој има едно вистинско лице за себе, а друго за јавноста, Хипократ е татко на позната лекарска заклетва за хуманиот однос кон пациентите. Овој пат разликата е подраматична, Груевски му го даде најголемиот комплимент на Црвенковски. Го нарече алтруист. Вакво нешто за Бранко, освен кога една позната новинарка сега негова жестока критичарка го нарече државник што се раѓа еднаш на илјада години, никој не рекол. Не знам дали некој од опкружувањето на Груевски има храброст да му каже што значи зборот алтруист. Можам да замислам како се чувствувал Груевски кога дознал дека лично тој го нарекол Бранко човек што води несебична грижа за доброто на другите, дека секогаш е подготвен да помогне по секоја цена, дури и по цена на сопствениот живот и жртва без очекување каква било награда. Види богати колкав јунак ти бил овој Бранко за кого ни зборува Никола Груевски.

Неисе, да се вратиме на главната тема. Велат ќотекот излегол од рајот. Не ми е позната сторијата на оваа изрека, ама нашите соседи веќе си играат мајтап со трагедијата во македонскиот парламент, па ја преправаат познатата поговорка во „ќотекот излегол од македонскиот парламент“, како да е таму рајот на ќотекот и тепачите. Ете и ние, конечно, добивме голем меѓународен бренд за дострелите на македонската демократија. Sверското тепање пратеници и нивно насилничко влечење како партали од собраниската сала, бркањето со боречки зафати новинари од своите работни места, сето тоа од специјални полициски сили во цивил испратени од власта стана препознатлива божикна честитка со светски димензии, која има е��укативно значење и ги опоменува народите што може да ги снајде ако не си ја чуваат и бранат демократијата. Кај нас загриженоста и задоволството од собраниското удирање луѓе се поделени и одат од разочараност до воодушевеност, во зависност на која партија и' припаѓате и кој е вашиот Господ. Никола Груевски или Бранко Црвенковски.

Гледам премиерот Никола Груевски како нарачател на македонските рајски плодови деновиве сака да остави впечаток дека е многу задоволен што е спречен државен удар во парламентот. Голораките пучисти, народни избраници и белосветски журналисти во блицкриг-акција се исфрлени од стројот на петата колона, која маршира против државата и власта. Трча Груевски од телевизија до телевизија да објасни дека една вообичаена парламентарна расправа во светот, како што е буџетот, односно како се собираат и трошат парите на граѓаните, всушност, била сценарио за хаос и уривање на власта. Кога почнува да се ниша престолот, нема подобра доктрина да се зацврсти власта од целосно нејзино преземање во свои раце. Има луѓе што уште не можат да разберат дека кога еден човек ја презема контролата врз сите институции на системот, суспендирајќи го Уставот и парламентот, се вика диктатура. Не мора да има стрелања, војска пред Владата, парламентот и полициски час за да се случи тоа. Има и такви државни удари кога сите демократски контроли на власта се отстранети. Македонија сега е во таа фаза.

Никола Груевски ја прифати доктрината на еден негов дамнешен колега, наш ресенчанец, познат бугарски премиер, негде во триесеттите години на минатиот век, Андреј Љапчев, кој извонредно добро го познавал менталитетот на Македонците. Тој, наводно, велел дека со овој народ треба со арно и со убаво и со по малку ќотек. Дали е ист македонскиот народ отколку пред 80 години не е тешко да се утврди. Се' ми се чини дека одушевените од собранискиот ќотек се таму негде, а загрижените малку се помрднале напред, ама уште се поблиску до љапчевци отколку до 21 век. Интелектуалните македонски елити и овој пат, главно, избраа да молчат. Тие што даваат изјави ги изедначија тепаните и тепачите. Тоа е слободарскиот и демократскиот дострел на македонската интелигенција. Албанските интелектуалци му го обелија образот на својот народ. Тие ја објаснија улогата на фикусите во македонскиот парламент кои служат како декор во собраниската сала. Така тие ги сметаат пратениците и на ДУИ и на ДПА, кои дозволија да ги тепаат нивните колеги, немо да гледаат полицајци како маваат жени, меѓу кои има и трудни. Нема оправдување кога во кој било парламент полицијата тепа пратеници и новинари кои не се вооружени и не претставуваат никаква опасност. Албанските интелектуалци жестоко го осудија ваквиот срам на албанските политичари. Македонските интелектуални елити, секоја чест на исклучоците, ќе ги извадат најголемите ками кога ќе падне вождот. Многу се храбри кога удираат по мртов Германец.

Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот


Статијата е прочитана 6806 пати.


Испрати коментар



Најпосле договор
Божик им е виновен
Македонска галерија на срамот
Археологијата и политиката
Aлбанските политичари неми посматрачи



Predavnik, 27.12.2012 00:18:25
Seta ovaa vojna beshe za onie 250 milioni evra kredit, a ne (ne)donesuvanjeto na budzetot. Bez niv Grujo beshe mrtov, so niv voskresna! Vo trans se, trubat megafonite pobednichki na site strani. Izborite se vece dobieni, nema potreba od sproveduvanje na istite. Smrt na djavolot Branko, da zivee svetecot Grujo! Do koga, ke vidime. Verovatno do deka SB i MMF ne ni stavat rampa. Neka ni e Gospod na pomosh!
slobodnoumen, 27.12.2012 00:35:05
Malku se tie G-dine Rizaov sto kje Ve razberat, a uste pomalku jadnite partiski vojnicinja koi ni samite ne znaat sto znaci da si altruista. A za cvikatorite nedostoinstveni, prodadeni dusi od umetnici i novinari podobro da ne zborime ... tazno e. Inaku bravo za kolumnite.
Makedonec vo EU, 27.12.2012 00:36:52
Makedonija e bolna od rak. Se vika VMRO DPMNE i metastaziran e vo nad 51% od tkivoto. Bolnite kletki se del od rakot, a ostanatite 49% mozat da ponudat samo samoubistvo.
profesorka, 27.12.2012 00:37:45
Kako sekogas Erol e odlicen. A sto se odnesuva do altruist/autist, Hipokrat/Hipokrit ne se cudime. Da si od Skopje pa da studiras vo Prilep se znae sto talent si. Na pametnite i Skopskiot univerzitet im bese tesen, pa odea nadvor. A obratnoto? Samo si kazuva za intelektualniot kapacitet na Vlasta. No, kako se sluci tie pametnite da se slepi poslusnici (so izuzetoci), na vakvi nedopismeneti i iskompleksirani tipovi? Toa e fenomen za analiza.
pretpriemach, 27.12.2012 01:10:49
Nadvor od se ostanato: ke objasni li nekoj kako sekogas koga SDSM ke izgubi na legalni izbori sekogas pravi opstrukcii i nemiri???? Nemojte da mi kazete deka e toa demokratija, zasto demokratija znaci pocituvanje na instituciite na drzavata, a ne nivno opstruiranje... i konecno samo da zavrsam: se utepaa novinari da go odbranat scenarioto na opozicijata.... no ne zaboravajte narodot gleda... i neka ne ve cudi zosto opozicijata ima nizok rejting i vo serija gi gubi izborite (toa e fakt).... Pod itno da se vratat stratezite vo SDSM i da prestane ova samounistuvacko ludilo .....
Nekoj od nadvor, 27.12.2012 01:20:03
Se imam rodeno vo Jugoslavija no za taa zemja pamtam samo koga se raspadna. Ne mozev da svatam sto se sluchuva. Posle sleduvashe osamostojuvanje na Mk i toa ne me dopre mnogu zasto bev dete, no se sekavam mnogu dobro koga zavrsiv fakultet, dobrite firmi i mesta bea rezervirani za ,,pametnite,,, ,,sposobnite,, deca na mama i tato, tetki, vujni i strini..Jas bev dete od ,,vtor,, red, chovek od ,,vtor, red vo svojata zemja. Na intervju stignav preku vrski a tie sto me intervjuiraa nemaa elementarna kultura (ista vakva kakvo sto imashe vo parlamentot). Presreken sum sto taka beshe, zasto me potiknaa da si pobaram rabota i zivot vo sredina kade sto i pripagam, sredina sto me napravi chovek i pol i vo koja se nadminav sebe si. Postignav sto ne mozev ni da sonuvam vo Mk i mozam da kazam edno golemo blagodaram na site. Da ne beshe Mk takva kakva sto e nemase da bidam toa sto sum. Ova beshe pred 12 godini.Sto se promeni vo MK za toa vreme? Nishto.
premnogu podanici, nedostatok na gragjani, 27.12.2012 01:39:29
Se znae zoshto ni se sluchuvaat ovie nastani: nedostatok na gragjani i nedostatok na demokratska tradicija. Za da opstaneme ni falat kulturni modeli so koi ke se sporedime, a toa sekako se nadvoreshnite kulturni modeli. Vo Makedonija 20 godini, so mali prekini, shto e nishto, sistematski se pottiknuva razoruvanjeto i na ona malku zapadna gragjanska kultura koja se probivashe na ovie prostori. Nie nemame tradicija na demokratija, nie imame iljadugodishna tradicija na DESPOTIJA. Dali toj despotski model e seushte podobar za Makedonija otkolku evropskite gragjanski modeli? Ochigledno, da. Zapadniot humanizma, pred vekovi, go sozdade gragjaninot, chii odliki se dinamichen identitet i svest, spremnost za slushanje na svojot razum i sovest koja e nezavisna od naredbi! Za zhal, kaj nas i kaj golem broj javni lichnosti (da ne zboruvame za obichnite lugje) otsustvuva humanistichkoto obrazovanie, shto znachi deka se odlikuvaat so izrazito avtoritarna svest, nesposobni da vodat argumentirana r
melbourne, 27.12.2012 01:42:11
So solzi vo ocite gledam sto napravi ovoj Gruevski od nasata ni drzavicka,so golema poddrska(za zal) od DUI za koi si mislev deka imaat kapacitet za demokrati da se kazuvaat,megjutoa pokazaa deka se 100% isti kako DPMNE.
Mapkoc, 27.12.2012 01:59:36
Ех, што куче е тој Ризаов: не требало алтруист туку аутист. Голема работа. Па некни на мојот комшија ќевабџија му кажал некој студент:„Бре газда Мито, многу си ступиден„. А ќевабџијата со насмевка му ја тупосал:„Ми се може кога сум богат„. И? И ништо, тоа е.
cane sokolovski, 27.12.2012 02:42:38
Тој бре не разликува алтруизам од антагонизам, па од него ќе бараш да разбере друго. А пак за Македонските интелектуалци веќе, мислам, реков - тие се, генерално гледајќи, со извесни исклучоци, срам и резил не само за Македонската туку и светската интелектуална елита. Таков полтронизам, таква хипокризија се невидени во човечките односи, бар што се однесува за збиднувања во современо општеството, што веднаш не враќа на тезата дали ова е.. Всушност, еве повторно зборови на Џон Ленон ги има речено за ова - Хипокризија е кога си внатрешно сакат а НИКОГАШ не можеш да го скриеш тоа. А пак за случувањата во собранието и околу него Ноам Чомски маестрално истакнува - „За моќните злосторстава се само она што другите го прават! „Не знам што друго би кажал што не сум кажал – има самол две опции – или човек ќе оди во тотална апатија и летаргија што не е никаков избор, или ќе се радикализира и ќе бара нови патишта. На вас е Македонци да изберете!
USA, 27.12.2012 03:36:29
Hipoteticki da zamislime situacija sto se slucuva dur avtorot ja pisuval kolumnata,.........eve vaka: Sedi toj zamislen so naostreno pero i misla so umisla kako toa vsusnost treba da funkcionira edno gradjansko opstestvo. Koga ete, od tamu se zdale grupa seljaci sto si poigruvaat so celata gradjanstina. Eden mu brca vo oko, drug mu se dere na uvo. Dur mu ja vitkaat rakata, nekoj go dupi vo rebra dodeka mu ja kubat kosata od dvete strani. Za stisokot vrz belite bubrezi i da ne zboruvame. A avtorot mora da ja zavrsi kolumnata, po dogovor kako sto e i platen. Avtorot se povikuva na pravoto i zakon i vika policija koja go resava problemot. Kolumnata kulminira so zavrsetok. Oni na mene,..........seljaci, vosklikna toj i si ja zavrsi rabotata. Taka dobivme i budzet. Sekoj svojata rabota.
demokrat, 27.12.2012 04:22:14
Ako brojam dobro, na slednite izbori vo mart slavam jubilej od 10 godini abstinencija od makedonskite izbori. No nikogas ne ni pomisluvav deka e mozno moite sogragani da izglasaat vakva diktatorska vlast. Sme se iznagledale samobendisani i arogantni vladeteli, no vakvo nesto vo nezavisna Makedonija e sefte. Patem zirnav malku vo burekot na onoj nedokvakaniot i politicki polupismet jadac na bureci i od siot scenariran cirkuz mi ostana edna konstatacija na premierot ni. Ako dobro razbrav, Makedonija e bankrot drzava ako ne ni bide odobren ,,povolniot,, kredit da koj padna i kotek. Ne znam dali premierot ni bese svesen deka so ovaa recenica ja otkri pravata slika za negovoto ,,uspesno,, vladeenje. PS: ,,pretpriemach,, toa sto prasuvas ne moze nikoj da ti go objasni ovde so nekolku recenici. Za toa treba predznaenje t.e. mnogu citanje i posetuvanje predavanja i tribini od oblasta na politikata.
Marioec od Azija, 27.12.2012 04:40:23
Erole moj prijatel koj smetase deka e vo pravo pocna raspravija so policija,i zbor po zbor toj vo seta bes proba da se iskali vrz svoeto vozilo,i zavrsi kaj psihijatar vo prisustvo na policijata.Negov argument bese demokratija a voziloto e moe i ce pravam sto saka .Odgovor od sluzbeno lice,da ama demokratijata nosi i obvrski,pa lice koe sto postapuva taka vo demokratijata se smeta za nepodobno da upravuva so vozilo,nepredvidlivo i nesigurno za sebe i okolinata.E sega ako za tebe ponasanjeto na opozicijata e za demokratija ti simnuvam kapa.Jas sakam da zaminat ovie ama samo po cena da nedojdat drugite,razlika negledam nikade.
do pretpriemach, 27.12.2012 06:20:59
Kako toa NARODOT GLEDA,koga na narodot mu GI ISKLUCIJA KAMERITE I GI IZBRKAA NOVINARITE OD PARLAMENTOT???
bivshi struzanec, 27.12.2012 06:33:11
E sega cekajte Gvujo da recit pu,pu,pu ne vazit (ama za onie koi ja razbiraat razlikata na altruis i auitist) ili pak sakase da ja kazit vistinata za sebe deka e autistik ama so zborovi sto samo 1% vo Makedonija se sposobni da svatat a drugite 99% VMR-ovcicki ce se mavaet po gradi i ce vikaet dolu vlada za da vleze VMRO
Јован, 27.12.2012 06:46:09
Хипокрит - Хипократ?? Алтруист - Аутист!! Голема работа - важно е да го имаш ѓуптинот затвореник за криминал во коалиција кој им покажува среден прст на Македонците и им вика „умрете Македонци„ за што добива оации и аплаузи од спротивната страна....Е жална Македонијо.
Ljubotan Trade Name, 27.12.2012 06:47:43
Никола Груевски ја прифати доктрината на еден негов дамнешен колега, наш Resencanec Poznat Bugarski Bugarski Premier!, негде во триесеттите години на минатиот век, Андреј Љапчев,PS i zaqmislete, kakva propuska, za nego nema ulica vo Skopje,a Ima za Gjorce Petrov ,sto veli; Vo Makedonija nema; Makedonci!,Ima Srbi,Bugari,Vlasi,Arbanasi i Grc,Ve Molam bez Cenzura!i
koki, 27.12.2012 07:21:14
Што очекуваш од неписмени, некој (и тој неписмен) му шепнал на Грујо аутист, а овој рече без да знае алтруист и..........остана жив........... неговите следбеници ионака не го разбираат ниту едното ниту другото.......
lele,lele, 27.12.2012 08:31:53
Vo napisite za Jovanka Broz imate slika kako gagja so snajper,sakav da prasam dali nekoj gi izbroja snajperite po okolnite zgradi okolu sobranieto,i za kogo bea spremni da pukaat i vo kogo.
stojan, 27.12.2012 08:36:11
Bravo za Albanskite intelektualci,navistina uste ednas pokazaja deka se sovesni gragjani. Inace vozdot nema da padne so arno,edinstveno brakata od ambasadata na kale treba da stavat edna raka.Ocekuvam mnogu pogolemo nazaduvanje na Mk odkolku ona vo 2001god i toa na sekoe pole. Po godini vo ucebnicite po istorija ke se pojavi eden primer od mk,edinstven vo svetot kade sto pozicijata protestira protiv opozicija,eeeeej moj narode do kade ja doteravme?DALI NIE NAVISTINA ZASLUZUVAME DA IMAME DRZAVA?
МАТИКА, 27.12.2012 08:57:46
Подобро е човек да е скрос неписмен, отколку полуписмен. Со таков човек не можеш никако да се разбереш, тој се смета себеси дека се знае, за се се разбира, се расфрла со нејасни за него термини, ги употребува на погрешни места и во погрешни околности.Но, изгледа дека тоа кај оваа гарнитура е предуслов за кариера. За некого мотиката е “матика“?!... и оп, заменик директор во МЕПСО.
Od nekoj, 27.12.2012 09:00:06
Zaboravivte deka od neodamna i Hipokrat stana Hipokrit, znaenjeto e sila neznaenjeto e moc
seirdzija, 27.12.2012 09:00:30
Controlled medium- Controlled mind!Javnite servisi ni gi pretvorija vo FRANKESTAJN.Koj smee da kaze deka premierot ni e edvaj polupismen?Postojano ni prodaat za KARAKTER,najobicen MAGARESKI INAET.
Oskar, 27.12.2012 09:04:20
Pocituvan gosp. Rizaov, koga vlasta vaka zestoko udri vrz pratenici i novinari i gi isfrli od Parlamentot, koi neli imaat imunitet, izgleda ne i za kotek, kakva li sudbina ne ocekuva nas graganite sto se obiduvame da si go kazeme svoeto mislenje, koe se kosi so mislenjeto na vlasta. Sto e uste postrasno, odnosite megju bliskite lugje stanuvaat nepodnoslivi samo poradi privrzenosta kon ednata ili drugata strana. Za zal vlasta i Premierot ne otstapuvaat od svojata namera, po sekoja cena, da raspolagaat so narodnite pari kako toa oni sakaat. So vakov odnos nikako ne ke moze da se dojde do smiruvanje. Kako covek lojalen na svojata drzava, mnogu me pogoduva cuvstvoto sto nemam ednakov tretman so istomislenicite na vlasta. Ajde da go vratime ednoumieto i da bideme site istomislenici.
Жанета, 27.12.2012 09:06:49
Е мој чичко Глишо - како му даде шестка на факултет....
jovan, vlada @, 27.12.2012 09:13:32
Најверојатно ќе нема избори но треба да се подготвуваме како да ги има. Оти после ова што се случи во Собранието, ние немаме намера ниту да учествуваме на избори, ниту да поднесуваме кандидатски листи. А при ваков случај ако тие сами учествуваат на избори ќе има ПУКАЊЕ!! Ама треба да се спремаме како да има избори.-Е сега како би го коментирал почитуваниот новинар г-дин Ризаов ова, во метафоричка, метафизичка смисла,извадено од контектс,не мислел,или мислел ќе пука власта против опзицијата, го кажува на таканаречен преседател на младите од Крвиа Паланка, кога е апла фатен со спуштени гаќи како претходниот пат кога се закануваше дека ќе јаде живи луѓе кога ќе дојде СДСМ на власт?Нели би било убаво да посветиш едно ќоше во врска со ПУКАЊЕТО и братоубиствената војна до истребување Македонец против Македонец кој ја спрема Зоки Зајачето и негивиот Папа Бранко.И за крај ќе ми биде чесет и задоволство да бидам мета на разно разни Зубмулки,Евдини евнуси,разно разни Итрар Пејовци за плукање .
Коста Стоименовски, 27.12.2012 09:23:34
Парадокса��но е тоа што лидерот на владејачката коалиција иако мошне жестоко се нафрла на лидерот на опозицијата и го третира како ислужен политичар кој треба да си замине од политичката сцена, моли Бога Б. Црвенсковски да се одржи на власт како алиби за одржување на власт и на Н. Груевски по првиот пораз што ќе го претрпи на изборите. Досега практично сите лидери на партиите што претрпеа пораз на изборите си дадоа оставки, освен Б. Црвенковски. Нема сомнение дека Н. Г. ќе го користи овој преседан да ја задржи лидерската позиција во партијата, под услов да не ја доживее судбината на И. Санадер!
Trpe, 27.12.2012 09:27:30
Tepanjeto prodolzuva! Koki e pretepan do smrt vo istrazen zatvot. Ne se znae dali ke go spasat. Istrazniot sudija se zgrozil koga go videl.
Stipjanec, 27.12.2012 09:36:40
Erole, vo mnogu nesta se soglasuvam so tebe, no ovoj pat imam edna replika. Gi obvinuvas Albanskite prarenici zosto ne gi zastitile tepanite makedonski pratenici od opozicijata. Vecno ceka Makedonceto nekoj drug da go brani od samiot sebe. Da se slucese inverzno, koga DUI go bojkotirashe Parlamentot okolu branitelite, i obezbeduvanjeto i specijalcite da gi tepaa onie od DUI, sto mislis, sto ke se sliceshe? Site Albanci ke dojdea pred Sobranieto, bez razlika na partiskata pripadnost, i ke organiziraa vostanie protiv diktaturata i nasilstvoto vo Parlamentot protiv Albancite, i ke POBEDEA, kako i sekogas. Iako sum Makedonec, moram da kazam deka Makedonceto sekogas bilo i ke bide toa sto e, ke bide tepano, a pri toa nema da mu se dozvoli duri nitu da place!
pameten, 27.12.2012 09:42:50
G-ne Rizaov, ne sporeduvajte golemiot Ljapchev os Gruevski. Ljapchev e dojden na vlast vo Bugarija po krvavite nastani 1923-25 koga imalo drzhaven udar, buntovi i najgolemiot (do 1985) teroristicki napad vo svetot. So blago, so krotce (i malce so kjotek za tie koi shto od drugo ne razbirat) ja umiril Bugarija i ja spasil ekonomski za vreme na Svetskata kriza. Vratil demokratijata i koga gi izgubl izborite, mirno se povlekol. Gruevski dojde na vlast vo mirna Makedonija, na chekor od pregovori za EU (da bea prifateni predlozite na Buchkovski za prijatelstvo so Bugarija i zaednichko slavenjem megju se drugo i na Ljapchev, kje vleznevme vo EU so Hrvatska). Po site prerodbi, spomenici i fantazii, Gruevski kje ja suspendira demokratijata i kje ostavi samo haos i dolgovi.
Гостиварчанец, 27.12.2012 10:12:09
Текстот има единствена цел за стигматизација на премиерот е израз и одраз на очај на „последното перо на одбраната“ и дефокусација од лудориите што ги прави СДСМ... За тоа што некој канибалец решил да се распука околу изборите, разбира се, никому ништо...
Denes edni, utre drugi?, 27.12.2012 10:29:29
I SDSM da gi isfrlile VMRO od Sobranieto na vakov nacin, i ovaa varijanta sega, podednakvo bi mi bilo zal. Zal od edna pricina: gazenje na demokratijata vo Makedonija.Toa e nesto sto narodot ne smee da go dozvoli. Oti ako denes se vo prasanje edni, utre lesno moze da bidat drugi, t.e. ako se denes vasite, utre mozat da bidat i nasite. (Stapot ima dva kraja.) Isfrlanje na pratenici na tolkava opoziciona grupa za vednas potoa nasamo da se resava bitno prasanje za drzavata, ne e prifatlivo. Isfrlanjeto na novinarite uste pomalku. Koga se vo prasanje vazni interesi na narodot, togas ne smee ni da ima vasi i nasi, togas treba da sme site edno, samo taka drzavata ke prosperira. A vaka, ke si prodolzi so podelbi i ne daj boze gradjanska vojna. Ova e moment koj treba konecno da go obedini narodot. I ne znam kako moze toa sto cel svet go vide i go osudi, kaj nas da se velica i nekoj da se voodusevuva.
IQ ?, 27.12.2012 10:36:07
Da ne ve cudi neznaenjeto na znacenjeto na zborovite i mizerniot vokabular na Grujo.Pa toj da bil asolen ce se zapisel na fakultet vo Skopje, a ne od Skopje da doadja vo prilep. Vprocem videte mu go prosekot so koj zqavrsil i vo Prilep, blagodarejci na Donco , pokojni Misko i na Gliso i se ce vi bide jasno.No ete ovaj zorle seskas, branese magisterska rabota vo MANU, a akademcite bez dostoinstvo dremea i go slusaa. Makedonijo , Makedonijo, Quo vadis !!!
PAVLE ALIMASKA, 27.12.2012 10:56:15
Почитуван ЕРОЛЕ,каков народ таква власт.Еден мој пријател одамна ми велеше:„ народ што избира власт која работи против него и не заслужува подобра“.Тоа е вистината.Не можеме да очекуваме да се смени нешто во оваа држава кога 50% од луѓето се буквално „СЛЕПИ“ и не сакаат да ја видат оваа мизерија што ја демонстрира владеачката партија.Да биде несреќата поголема бројот на тие кои ја поддржуваат власта се зголемува,зашто многу од синовите и внуците на вистинските интелектуалци или заминуваат во светот или се вртат кон ДПМНЕ.
Hipokrit altruistot, 27.12.2012 10:59:34
Erol niz kolumnava saka da kaze: A sto da ocekuvas od nekogo koj zavrshil Ekonomski vo Prilep so prosek 6? Carot e gol! No zatoa Erole, iako mozebi nashiov premier ne e nachitan nitu elokventen i neshto ne se proslavi so ekonomijata vo nashava utepana od siromashtija zemja, od druga strana go biva za istorija. Chovekot ni najde mnogu poslavna i podlaboka istorija od taa sto ja znaevme nie kutrite zabludeni slovenofili i uste 7 milijardi lugje na Planetava. Priznavam deka greshevme i deka vo pravo se jovan blada, FEL(ER)iks i ostanatite koi ni gi otvorija ochite. Vi blagodaram!!!
Менталист, 27.12.2012 11:23:01
Погледнете ги сличностите меѓу национал-социјализмот во Германија пред војната и ситуацијата тука. Барање потекло во ариевска раса (антички русокоси Македонци), барање голема империја во минатото (првиот Рајх- Македонија до Пакистан), омраза кон своите граѓани од втор ред (Евреи-Албанци-комори), градење монументални градби (Берлин 1936-Скопје 2014, Брандебуршка капија- Триумфална капија), омраза кон Словените (прогон- преминување на Дунав со цевки), наместени судења на политички противници (Г.Димитров- Бошковски), прикаска за одземени територии (Судети се наши-Солун е наш), омраза кон соседите, фикс-идејата цел свет е против нас, гебелсова пропаганда, масовна лојалност кон лидерот. Да набројувам уште, или...
Flora Aleksina, 27.12.2012 11:31:48
ДПМНЕ, откако целосно го испогани светото име ВМРО,ја објави омразата кон граѓаните Албанци, му наметна на македонскиот народ историја која му го ништи вистинскиот словенски идентитет,го раскина македонското ткиво,го игнорира НОБ и жртвите за слобода,наметна диктатура и како никогаш до сега ги раздели сите еснафи однатре:лекар против лекар, професор против професор, трговец против трговец,....брат против брат,граѓанин против граѓанин.Петте јавачи на апокалипсата на чело со вождот со својата потпросечност имаат еден голем успех-ја доведоа Македонија до бездна, а ја „прославија“ со инает и тепање на пратеници, новинари и со рушење на Парламентот.Г.Ризаов секогаш сте мастрален со колумните -одишка за нас немоќните.
stanko, 27.12.2012 11:42:06
erol blagodarnost za kometntarot pozdrav
Миле - Охрид, 27.12.2012 12:07:31
Воопшто не мислам дека е добро за Утрински, неговите у��едници и новинари да продолжат со дефокусирањена јавноста и со подршка на сценариото за дестабилизација на Република Македонија, за да се ослаби нејзината позиција во борбата за зачувување на правото на македонскиот народ да постои. За Македонците секако дека ова е нож во грб. Главните помагачи на уценувачите од Грција (најново од Бугарија) се Бранко, Тито, Љубчо и уште неколку истрошени и “наватирани“ политичари. Тие го постигнале максимумот во политиката и личната (материјална) сатисфакција. Немаат заначаен рејтинг. Не верувам дека некој од нив сака да продолжи во политиката, освен ако не мора да одработи нешто на што е обврзан заради нивното минато. Вроватно нешто имаат ветено (да го продадат името) па се приморани на овие деструктивни чекори. Не ми е јасно зошто овој медиум застанува зад деструктивци, наместо да бара алтернативна конструктивна опозиција која ќе биде подржана и навистина ќе ја загрози (и смени) актуелната власт.
Stole, 27.12.2012 12:10:20
Ama prostite ovci i ponataka ke go glasaat i ke mu rakopleskaat na autistot. A snajperisti ako gi imalo okolu sobranieto, togas golemo zlo vleglo pomegu narodot.
gragjanin, 27.12.2012 12:10:41
Nema potreba od komentar,kolumnata e PERFEKTNA,se e kazano,GOLEMO BRAVO za avtorot..i so pisaniot zbor se brani demokratijata,a toa go pravi kontinuirano,na brilijanten nacin, Erol.Gospodata intelektualci sto molcat se site onie sto ili se plateni,ili se isplaseni,ili se od tipot na onie sto se bliski do vozdot,pa ne pravat razlika megju autist i altruist,nekropola i metropola,hipokrit i Hipokrat..O,zalna Makedonijo,koj te vodi i kade odis?!
Ајван Доктор®, 27.12.2012 12:32:15
Јадни ние!Очигледно е дека „магистерот“ни магистрирал на некоја магистрала!Еднаш му даде заклетва на хипокрит,втор пат сите зла ги упати кон убеден алтруист!Ваквиот Би-серко ќе ја подобрел состојбата во РМ!?!?Жално е што дури и доктори на науки и универзитетски професори постојано го поддржуваат и воспеваат како „неверојатен ум“и одличен политичар кој бил „спас за Македонија“!Тоа јасно го исцртува нивниот блед интелектуален потенцијал,подложен единствено на „купопродажни“ договори!
tihi, 27.12.2012 12:36:14
Chovek shto nemozje da stigne segde ,sigurno e altruist ,kaj mnogumina i stignal.Dali e vashata frustracija shto povekjeto gragjani nejkjat da stigne i kaj niv.A ovoj zapnal so sila da im pomaga.
Kiro Angelov, 27.12.2012 13:13:52
Gospodine Rizaov,potpolno se soglasuvam so seto izneseno vo vasiot tekst za slucuvanjata vo parlamentot,no imam edna zamerka do Vas,dali do toj den vie bevte vo zimski son pa ne stignavte da napisete nesto slicno za site slucuvanja koj prethodea vo sobraniskite komisii,za site gluposti,provokaciii,promitivizam i sto uste ne, od strana na tepanite. Ako toa go napravevte togas ovoj vas tekst ke imase mnogu pogolema tezina. sega e zadocnet i ostava prostor za dilemi.
Rezzilof, 27.12.2012 14:16:36
Со вчерашниот и денешниот напис авторот се надмина себе си!Од еден lapsus linguae (= грешка на јазикот) прави напис со кој сака да го дооцрни премиерот.Не му беше доволна вчерашната колумна!Очигледно е опседнат со Груевски па не ја гледа спротиставената страна.Ни збор за тоа што ќе беше ако неговиот љубимец не беше спречен во својата намера да ги судри демонстрантите од двете групи!Ни збор за наоадот на претседателот на собранието,ни збор за “ќе јадеме живи луѓе“,ни збор за пукањата ако има избори,ни збор за писмото,итн.,итн....P.S.Знам дека ова нема да се објави но се надевам дека авторот ќе го прочита,или барем еден од редакцијата.
Goce USA, 27.12.2012 14:45:06
Gospodo Jovan od Vlada, Feliks i kompanija platenici, Bratoubistvenata vojna do istrebuvanje ja pottikna i ja pocna pastirot vas zaedno so kriminalnite strukturi od familijata sto ja ucenuvaa ovaa jadna drzavicka. Go podelivte narodot na patrioti i predavnici, na anticki makedonci i komunjari. Nemoj te da mislite deka ovoj narod ne gleda. Gleda ama e plasliv. Samo ne znam kaj ke vi e krajot sega, za 2 ili 6 ili 10 godini koga ke padnete od vlast. Ne znam kaj ke se bega togas.
za vistinata, 27.12.2012 15:02:48
Ne e lapsus, vo dve intervjua go kazuva istoto, i toa so gordost na ucenik sto dobro naucil lekcija. A nasite intelektualci koj cekaat da vidat na kaj duva veter. Ne site, sekako.
USA 2, 27.12.2012 16:45:50
Erole, pa sto ocekuvas ti od premierot? Da razikuva poimi i iminja? E, mnogu si optimist, zarem uste ne ti e jasno kolku i sto znae covekot? Sto moze da napravi intelektualnata elita koga so premierot ne razgovaraat na ist jazik, ne se na isto nivo. Intelektualcite ja znaat samo silata na zborot, a ne silata na vladeenjeto. I se e kazano...
meksikanec, 27.12.2012 17:41:56
Г-не Ризаов сите коментари Ви се прекрасни, а овај ме предизвика и јас да се јавам со свој коментар.Еден мој професор велеше бадијала е на глувиот да му шепотиш и на слепиот да му намигнуваш, ама ако е тоа е наменето не само за него ами и за сите во луѓе во земјата ќе се најдат луѓе кои и ќе видат и ќе слушнат и ќе разберат. Сакам ова да го надополнам со една мудра поговорка Ако некој знае и знае дека знае-следи го.Ако некој не знае и знае дека не знае, помогни му.Ако некој не знае и не знае дека не знае, бегај од него. Ете таков е нашиот премиер
кеплер, 27.12.2012 17:52:33
И алтруизмот и патриотизмот,и умот и разумот,и правата и обврските,кај нас имаат свои циклуси.Како да нашиве избраници некој им пресудил,па мора своите мислења да ги изнесат во јавноста,во парламентот,само одкако ќе им помине условната казна,та да прозборат.Навистина симптоматично.Толку ли грешат и пред кого,кој ги казнува и пред која и каква порота,та да услов��ата за непрозбор,им трае повеќе одклолку слободата.Не случајно,аналите од времепловот веќе го дефинираа циклусот.Како и месечината,така и нашиве ѕвезди веќе имаат дефинирани интервали на светнување и згаснување.Штетата е во тоа што никако земјава да ја избуткаме во нивната орбита.
Realen, 27.12.2012 18:50:31
Fakt e, deka brutalnoto isfrluvanje na novinarite i pratenicite od opozicijata, bese prethodno i do detali isplanirano od vladeeckata DPMNE. Iako imase se uste vreme (8 dena) do donesuvanjeto na budzetot za 2013, vladeeckata DPMNE, zaslepena od uspesnoto kriminalno vladenje, i go nanesoa na Makedonija i makedonskiot narod , najgolemiot sram vo dosegasnata istorina.
ELENA, 27.12.2012 22:10:10
Ех, Жанета, да било само кај тој чичко Глишо......

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 6°C, Мин: -4°C

Вторник
Сончево
Макс: 6°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (40)
Љубомората е посилна од љубовта.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Времеплов на оптимистот
Кога луѓето се навистина оспособени, тие ќе почнат да ја користат дигиталната технологија за да воведат промени во свое ...
Ексклузивно - Готвам, значи постојам и сум сакана
Хрватката Ана Угарковиќ, авторка на готвачкото ТВ-шоу „Кај Ана“, е естет со префинет вкус за храна...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |