30.12.2012, 14:44 Поповска: Вистината ќе излезе на виделина
Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, смета дека нејзината изјава во врска со немилите настани во Собранието во одредени медиуми била злоупотребена и извадена од контекст.
- Во мојата изјава јас повикав на разум, одговорност и почитување на институциите, зашто Македонија е наш заеднички дом, кој треба да го зачуваме. Изразив жалење првин за присилните мерки кон новинарите и пратениците, па за нападот кон Претседателот на Собранието и за задните намери на организаторите на протестите. Ние сме пратеници избрани да ги штитиме граѓаните и уставниот поредок, затоа во никој случај не можам да оправдам насилно рушење на институциите. Затоа го кажав и ова: Никој нема право да ја урива државата, ни маж, ни жена, рече Попоска на денешната прес-конференција.
Таа додаде дека кога некој ја прозива треба да објасни со кој дел од нејзината изјава и со кој збор не се согласува.
- И нека не ме употребува за да фрла прашина в очи, со цел да се дефокусира дебатата од суштинските прашања! Во зовриената политичка ситуација имавме ем насилство, ем обид за уривање на државата. Јас се борам и ќе се борам против двете, како и досега! Секогаш сум се водела од принципите за општо добро, правичност и интерес на Македонија, истакна Попоска.
Таа изрази жалење, како што рече, за сите добри луѓе во земјава кои се во овие моменти злоупотребени и изманипулирани на разни начини.
- Вистината ќе измие се. Вистината мора да се каже, независно дали некому му се допаѓа, и независно од цената што за тоа треба да се плати! Сигурна сум дека се ќе излезе на виделина и ќе се разјасни, за да не ни се повтори никогаш веќе, рече Поповска.
Таа додаде дека верува во македонското општество, бидејќи, како што истакна, тоа имало капацитет да се справи со воен конфликт и со многу други предизвици, и, како што рече, ќе има капацитет да се справи и со сегашнава политичка криза. |
Статијата е прочитана 4225 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Vistinata na Popovska, 30.12.2012 15:11:37 | Otvorise zemjo goltni me. Popovska i vistinata. Za tebe vistinata umrela. Najdobro e da si odish, da se odmorish, i da ne odmorish i nas od vistinite tvoi. |
| Buntovnik, 30.12.2012 15:39:24 | Cija vistina ke izleze na videlo? Kolku sto primetiv po komentarite vo proslata statija, lugeto ve procitale kolku vie se drzite na vasite principi. Ne tie ne samo da ne bea soglasni so vas i vasata izjava, tuku vo komentarite imase i drug stramin, a toa da lugeto ne ve sakaat, nejkat da se pojavuvate vo javnost. Izgleda deka taa poraka od narodot tesko stignuva do vas, inace nemase pak da se javite so istoto mislenje. |
| zik, 30.12.2012 16:07:00 | premnogu patrioti vo mediumite.pisatelot prokopiev
ubavo ti replicira:nashite politichari kako da se od
k15 ili ,,monti pajton,,.pa odberi si... |
| Bogomil(ec), 30.12.2012 16:19:30 | Дали госпоѓата пратеник навистина смета дека новинарите и граѓаните како конзументи на информациите, се толку недоветни за да не можат да ја измерат грамажата на нејзината подајничка психологија, на перманентното додворувачко поведение, поради што на јавната сцена ја доживуваме како марионета, вредна единствено за сожалување. Тоа што сметаше дека ќе и донесе позитивни поени во нотесот на премиерот, го изрецитира пред микрафоните. Никој не ја извадил од контекст нејзината декларативност како пионче во рацете на власта. Туку таа самата се втурна во авантурата да биде несомнен сојузник на оние што на врвовите од своите салонски обувки ја исфрлија демократијата од законодавниот дом. Уште попоразителен и посрамен е нејзиниот обид да се вади и да се правда. Зашто и кога молчи, ние читаме што мисли и знаеме што би изговорила,доколку зине... |
| Baba Zumbula, 30.12.2012 16:20:43 | Ne sum znaela Lile da ako ne se usvoi budgetot se rusi drzavata.No znam da ako nema krediti otide kurban vladava.Vaka umira(a i nie so nea) na rati.Eve gledam vo USA vo momentov imaat problem da go usvojat,ama nema ni oddaleku gavazi na pozicijata.Zamisli Lile da pustat rotvajlerite na novinarite i na republikancite,a?Ta ja rusat drzavata,neli?Nemas ti ni sram ni perde!Etikata i moralot se za tebe mislovna imenka.Ciceron izvikal *O Tempora,o mores*,inspiriran od takvi kako tebe.Eve malku da se potsetis kako bese vo 2003,pa nemase rotvajleri so krvnicki pogledi i pena na usnite.Potsetnik 1) da si go vidis lidero kako krade karticka na Prets. na Sobranieto http://www.youtube.com/watch?v=wfIBSGuynWs 2)da gi vidis mikrofonite http://www.youtube.com/watch?v=wXAt7G0Zp_k 3)da vidis selo bez kucinja http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=eg7E95E8nVY.Koga gledam takvi kako tebe sekogas se prasuvam,COVECKA BEDO,KOLKAVA SI?!Teflonce Evdino i ti vidi,repetitio est mater studiorum. |
| sramota, 30.12.2012 16:41:03 | ЛИЛЕ,ти благодарам за дадените изјави овие денови.Сега веќе не ќе морам да ги убедувам луѓево околу мене дека единствено за што ти се грижиш е да не ти избега удобната фотелја.А, за зеленилото и чистиот воздух во Скопје,сепак,ќе треба да почекаме некоја друга зелена опција.Се разбира ако го преживееме моменталново екстремно загадување. |
| bratko, 30.12.2012 16:48:18 | Kuti mori sonchogletko! Te sednale vo skut i sega samo treba da kutish. |
| Stojko, 30.12.2012 17:07:08 | Која вистина? За тебе, без ден работен стаж во струка? Се сеќаваш ли воопшто што имаш завршено? Или вистина за татко ти? |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -1°C
Магла
|
Вторник
Ведро
Макс: 5°C, Мин: -3°C
|
Среда
Сончево
Макс: 8°C, Мин: -3°C
|
|
|
|
|
Времеплов на оптимистот Кога луѓето се навистина оспособени, тие ќе почнат да ја користат дигиталната технологија за да воведат промени во свое ... | |
|