28.12.2012, 14:03 Башким Бесими поднесе оставка
Заменик-претседателот на Судскиот совет, Башким Бесими (1966) поднесе оставка на својата функција од лични причини.Членовите на Советот денеска го констатираа неговото повлекување без да навлегуваат во причините за неговото заминување.
Неофицијално се зборува дека Бесими се обидува да го фати последниот воз пред да стапат во сила новите законски услови за унапредување на судиите во повисоките судови, кои ќе се применуваат за шест месеци, а предвидуваат систем на кариера.Тоа ќе значи дека судија ќе може да биде избран во повисок суд само од понискиот суд,без прескокнување на неколку скалила, што беше случај досега.
Бесими еднаш веќе конкурираше за судија во Апелациониот суд во Скопје,но во последен миг се повелече по реакциите што се јавија во јавноста дека ја злоупотребува својата функиција за да се удоми во повисок суд. Сега, како што се тврди,неговите амбиции пораснале уште повеќе,па цели на Врховниот суд, каде при последниот избор на судии останаа непополнети две судиски места и повторен е огласот.
Бесими беше избран на функцијата член на Судскиот совет на 28 јули 2009 година по предлог на Претседателот на државата.На почетокот на кариерата работел во МВР, потоа неколку години како адвокат,а во 2008 беше избран во Вишото јавно обвинитлество во Гостивар. (Г.Д) |