28.12.2012, 14:15 „Тинекс“ вложи 17,5 милиони денари за развојни проекти
Компанијата „Тинекс“ ги заокружи реализираните проекти за поттикнување различни сегменти во заедницата во 2012 година. „Тинекс“ во изминатата година иницирала поддршка во здравството, образованието, спортот, уметноста, животната средина, при што биле вложени 17,5 милиони денари.
Од компанијата велат дека преку платформата „Тинекс, ти и јас“, сите нивни залагања добиле во интензитет и се реализирале преку јасно осмислен концепт. Ги споменаа донациите за Институтот за белодробни заболувања кај децата, за клиниките за гинекологија, за детска хирургија, поддршката за Драмскиот театар, за загрозените семејства...
„Живееме во време кога ваквите потези на милосрдие и поддршка се целосно невидливи, а се зборува само за лошите нешта. Среќен сум што сум дел од одборот кој помага и ги пополнува празнините што ги остава државата“, рече Венко Андоновски.
Венко Андоновски, Јован Донев и Владимир Чадиковски, како членови на Одборот за општествена одговорност на „Тинекс“, добија од компанијата благодарници за нивниот ангажман. (Б.Ш.) |