26.12.2012, 15:39 Македонски државјанин загина кај Лесковац
Македонски државјанин, чиј идентитет е се' уште непознат, загинал во сообраќајна несреќа која се случила на автопатот Ниш- Скопје, во близина на лесковачкото село Печењевце. Во несреќата, како што пренесуваат белградските медиуми, со тешки повреди се здобило и едно 10-годишно девојче кое во момените кога се случила несреќата седела на задните седишта на возилото „БМВ“, со швајцарски национални ознаки.
Повикувајќи се на изјава на началнчиката на Ургентниот центар во Лесковац, Ирена Игњатовиќ, медиумите пренесуваат дека девојчето било примено во свесна состојба, но дека таа била хоспитализирана и дека врз неа бил извршен хируршки.
Српската полиција потврдува дека возачот на автомобилот „БМВ“, кој се движел со голема брзина, удрил во камион кој бил на коловозната лента за застанување. Од силината на ударот автомобилот бил целосно уништен, а пожарникарите цекли два часа се обидувале да го извадат телото на возачот. (Љ.С.)
|