Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
25.12.2012, 15:00
Хелсиншки комитет ги осудува случувањата во Собранието



Комитетот со загриженост констатира дека со ваквите дејства се врши удар на уставниот поредок

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро ги осудува насилството и говорот на омраза кој беше присутен на завчерашниот собир пред Собранието, а кој резултираше со телесни повреди на граѓани. Притоа, иако полициските службеници во најголем дел професионално ја извршуваа својата должност, сепак во неколку случаи беше нотирана примена на несразмерна физичка сила над граѓани кои го пробија полицискиот кордон, но и селективно приведување и непотребни присилни мерки врз двајца граѓани.

Претставници на Хелсиншкиот комитет ги следеа случувањата како набљудувачи од аспект на почитување на правата и слободите на граѓаните за време на јавен собир. Тие известуваат дека по информација од медиумите дека во собраниската сала се случува насилство врз пратеници од опозицијата, влегле во Собранието и биле сведоци на „видно вознемирени пратеници, расплакани и со искината облека, од кои едниот бил во бесознание, а неколку пратенички биле изнесувани со цел да им се укаже медицинска помош“.

Комитетот со загриженост констатира дека со ваквите дејства се врши удар на уставниот поредок, а случувањата претставуваат досега невиден застрашувачки преседан спротивен на основните принципи на правната држава и владеењето на правото. „Особено загрижува фактот што пратениците од опозицијата изјавија дека биле насилно отстранети од собраниската сала од страна на припадници на специјални полициски единици“, се наведува во соопштението на Хелсиншки комитет.

Тие укажуваат дека во согласност со Деловникот за работа на Собранието, спикерот заради одржување на редот може да даде наредба за отстранување на еден пратеник, но не и на цели пратенички групи. Во случај да не може да се одржи редот во собраниската сала, најпрвин тој треба да даде две усни опомени, а доколку и тоа не придонесе за воспоставување на редот, да одреди краток прекин на седницата. Хелсиншкиот комитет наведува дека поседува фото- и видеоматеријали од настаните во Собранието, кои на јавноста ќе и' бидат презентирани во вид на посебен извештај. (Д.Т.)

Статијата е прочитана 1197 пати.


Испрати коментар



На Табановце запленети 1,7 килограми хероин
Опозицијата наместо во Советот, поставуваше прашања пред Прометеј
Иванов даде помилување на 51 осудено лице
(ВИДЕО) Новинарите го исвиркаа Трајко Вељаноски
Попоски - Бојкотот на опозицијата e штетен за државата
Заминувањето на Асад не е услов за отпочнување на дијалогот
Шутановац доби кривична пријава
ОМД бара решавање на разликите само преку политички дијалог
Класичните светилки заминуваат во историјата
Жена загина во сообраќајќа на излезот од Охрид
Израел гради нов ѕид на границата со Сирија
Иванов ја врачи годишната награда за најуспешно архитектонско дело
УЈП
Комерцијална банка ја продаде старата зграда и се сели во нова
ЗНМ поднесе претставки до Собранието и до МВР
Од два стана украден златен накит
Во 2013 година без радио програма на Дoјче веле
Мирекс плус е еден од сопствениците на Медиа Принт Македонија
Уште 1.000 потписи до целта на „Аман“
Пријави за двајца учесници во инцидентите пред Собранието
Поповска - Уставниот поредок треба да се чува
Македонски државјанин загина кај Лесковац
СДСМ најави кривични пријави за случувањата во Собранието
Окрупнување на земјиштето за поконкурентно земјоделство
ВМРО-НП - Функцијата претседател е суспендирана
Пензионерите од Центар го осудија нападот на синоќешната блокада
Вељаноски ќе бара одговорност за отстранувањето на новинарите
Првиот црногорски пиштол извезен во Парагвај
Поедноставено до дозволи за транспорт
Индонезија и Мексико нови економски сили за 40 години
Во домашната економија се враќаат 139 милиони евра
Сливот на Охридско Езеро порибен со 6.000 парчиња пастрмка
Светот пие се повеќе пиво
Нов закон за договор во патниот сообраќај
Шинзо Абе е новиот јапонски премиер
Нимиц ќе донесе нови идеи
Виндоус 8 достапен и на македонски јазик
Египет доби нов устав, Морси на тест
Во Кина стартуваше најголемата брза железница во светот
(ФОТО) Опозицијата го блокираше „Рекорд"
Груевски - Бранко е како Гадафи
Грција шокирана од „бокс-демократијата“ во Македонија
МВР - Пратеници од опозицијата ги почнаа инцидентите
Груевски - Жалам за незгодната ситуација со новинарите
��трајкот на лекарите во мирување
Пократка постапка, но построги критериуми за инвалидска пензија
ЗНМ бара итен одговор кој ги избркал новинарите
Црвенковски - СДСМ ќе организира граѓанска непослушност
ВМРО-НП - Се случија преседани, кои се реткост во светската демократија
ДУИ апелира да се намалат тензиите
Новогодишен карван на Фондација „Т-мобиле“
Притвор од 30 дена за „командант Коки“
Нови пријави во акцијата „Керозин“
Избрани најдобрите трговци за 2012 година
Избрани четири нови врховни судии
Божикна честитка од Груевски до католичките верници
Граѓаните незадоволни од доцнењето на поштенските пратки
Иванов - Вчерашните настани никогаш да не се повторат
(ФОТО) Илјадници христијани во Витлеем го дочекаа Божик
На дел од патиштата одрони и голомразица
Свечена литургија во Католичката црква во Скопје по повод Божик
Виена најуспешен главен град на светот
Двајца пожарникари убиени во Њујорк додека гаснеле пожар
Израел гради нови 1.200 домови во источен Ерусалим
Шпанскиот крал повика на единство против кризата
Се слави Божик по Грегоријанскиот календар
Премиерот Груевски и се обрати на нацијата
Опозицијата го напушти парламентот и излезе на улица
Мнозинството го изгласа буџетот
Полицијата го приведе командант Коки
(ВИДЕО+ФОТО) Инциденти и пред и во Собранието
(ФОТО) Блокада на опозицијата на автопатот Велес – Скопје
Опозициските лидери пред Собранието, драмата се претвора во криза



dragan, 25.12.2012 15:39:57
Se gleda deka helsinski be ja kezuva vistinata,ne ja kritikuva opozicijata sto sr organizira dva dena da leekrv po ulicite i da pravi drzaven udar,se zakanuva so tepacki co sobeanieto,seat strav koga ke dosle na vlast so ova naznal dali ste navladini ili ste partiski platenici.
Joncje, 25.12.2012 16:35:03
Vlasta ja e odgovorna bidejki samata se otkazha od zakonot i Ustavot.
Site da se preispitame, 25.12.2012 17:19:16
Nekoi za da se izmijat od valkanicite sto gi napravile vcera denes sesto kazuvaat po komentarite, ama toa ne se mie, dzabe se trudat. Luznite ostanuvaat vo makedonskiot narod koj kako nikogas dosega e raskaran, partiziran, podelen. Sto da cekame sledno, graganska vojna? Apel za mir i sloga. Vakvo neprijatelstvo e da receme prifatlivo samo koga se raboti za druga drzava so koja sme vo vojna, a ne za SVOJOT narod. Sramota!
ah dragane dragane, 25.12.2012 19:12:09
kolku si samo zaslepen toa e cudo da ne se krie grujo slucajno pod imevo dragan ? se e mozno kojznae ... te zalam iskreno site se krivi samo gjujo tvoj i tie okolu nego ne se krivi bravo aferim da ti recam od spomenicari se prefrlivte na tepanje na pratenici i bremeni zeni na toa nivo seuste ne bevme padnati a ti tuka mi kukas zatoa sto nekoj krenal glas protiv rasipnistvoto vase

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Магла

Четврток
Делумно облачно
Макс: 9°C, Мин: -1°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (38)
Даријана на Тито – југословенската Мадам де Помпадур.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Златниот бизнис на Швајцарија
Четири од најголемите рафинерии за злато во светот се наоѓаат во Швајцарија, каде што се прочистуваат и две третини од з...
Во 2013 година без радио програма на Дoјче веле
Дојче веле на 31 декември 2012 година ќе го емитува својот последен Утрински магазин, со што завршува ерата на радио-про...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |