Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
25.12.2012, 17:17

Груевски: Бранко е како Гадафи. СДСМ најави серија протести и блокади

Граѓаните да размислат дали Македонија или Бранко им е поважен, изјави шефот на Владата

Бранко Црвенковски продолжува во стилот на Гадафи. Продолжува да живее во еден свој свет со сериозна доза на алтруизам, живеење во еден свој свет каде што верува дека целиот народ е со него, дека сите го поддржуваат и дека треба на сила да се заземе власта, рече  премиерот Никола Груевски.

Одговарајќи на новинарско прашање за пораките од лидерот на СДСМ упатени до него, Груевски рече дека од она што го разбрал од изјавата, Црвенковски нема барања. "Тој денеска не изнесе барања, туку единствено сака да дојде на власт и дека тоа ќе го прави на насилен пат, со блокади, со уцени, собирање народ, со вжештување на атмосферата со вртење на луѓето едни против други, со немири, и секакви проблеми со кои еве и вчера се обиде да направи, обидувајќи се да влезе во Парламентот и со насилство да го запоседне", рече тој.

Груевски рече дека Црвенковски влегува во една фаза во која целосно го има изгубено чувството за реалност. "Тој отворено кажува дека е цврсто решен да се врати на власт со примена на насилство, со тепање како што вчера се обиде кога тргна кон пензионерите, земјоделците, студентите и кон сите оние што беа на другата страна. Од тој аспект загрижува неговото однесување, тоа е лошо за демократијата. Тоа е една патолошка зависност од власт. И кога зборувам патолошка, тоа е многу опасно", рече Груевски.

Шефот на Владата вели дека е нормално некој да покаже демонстрира или на некој начин да штрајкува но се' додека не употреби насилство. Во оној момент кога ќе употреби насилство тоа е веќе кршење на законите и Уставот, рушење на имиџот на државата, правење лоша слика за земјата, рече Груевски во вчерашната изјава.

"Забележувам дека во сите настани кои го рушат имиџот на државата во последните години директно учествува самиот Бранко Црвенковски. Останува на неговото членство да оцени и да одбере дали ќе го вложи својот личен капацитет и углед. Секој човек поединечно си има свој углед заради кариерата на еден човек кој живее во еден свој свет и има изгубено чувство за реалност или ќе одбере Македонија која прави напредок и реформи и Македонија во која се спроведуваат проекти.

Премиерот упати апел до членовите на СДСМ да ја согледаат ситуацијата во која ги води нивниот лидер, во која, како што рече, нема ниту барања, туку по која било цена да се врати на власт. "Кажува јасно дека доколку нема друг начин ќе оди на сила и на сила ќе се враќа на власт. Не го интересира ниту имиџ на држава, ниту народот, ниту дали тоа народот го поддржува, ни демократските процеси како ќе се одвиваат понатаму, ниту дали некој ќе настрада, дали ќе го загуби животот во некои такви пре��метки што се најавуваат, дали некој ќе биде повреден", рече Груевски.

Тој тврди дека реакцијата на собраниското обезбедување следувала откако бил нападнат и евакуиран претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и била заземена неговата работна маса. Тој нагласи дека доколку не реагирало собраниското обезбедување веројатно ќе бил доведен во прашање животот на претседателот на Собранието. "Собраниското обезбедување со крајни напори го извлече од салата претседателот на Собранието и беше запоседнато Собранието. Почнаа да се качуваат пратениците на СДСМ на маса, да скокаат, да рипаат, да тегнат микрофони, седнаа на столчето на претседателот", изјави вчера Груевски. (П.Р.)

СДСМ најави серија протести и блокади

Црвенковски вчера изјави дека опозицијата нема да се врати во Собранието и ќе дејствува со блокади на раскрсници, митинзи и поддржување граѓански отпор и непослушност

Наум Котевски

Со вчерашното полчасовно блокирање на клучните сообраќајници во сите градови ширум државата опозицијата го започна своето најавено вонинституционално дејствување.

Лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, најави дека опозицијата нема да застане и дека ќе го засили притисокот врз, како што рече, недемократската и режимска власт. Социјалдемократите и нивните коалициски партнери нема да се вратат во Собранието.

„Ќе организираме и ќе поддржиме секаков облик на граѓански отпор и непослушност. Ќе поддржиме секаков вид митинзи, протести, блокади на сообраќајници. Овие активности ќе траат до петок навечер“, рече Црвенковски, не исклучувајќи ја можноста опозицијата да го подржи и неплаќањето на даноци и сметки од страна на граѓаните.

Некои од овие активности опозицијата претходно ќе ги најави, а некои, како што додаде Црвенковски, од разбирливи причини нема да ги најави. Тој, меѓу другото закажа протест што треба да се одржи в сабота во 12 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е логична локација имајќи предвид дека оваа партија ја узурпираше државата и ја претвори во партиско-полициска држава. Крајната цел на се' што ќе направиме во наредниот период е враќање на уставниот поредок и демократијата во Македонија“, рече Црвенковски.

Според него во понеделникот било извршено класично убиство со умисла на Уставот и демократијата. „Она после кое за македонското општество нема враќање назад е насилничкото претепување и исфрлање надвор од парламентот на пратениците, народните избраници. И зошто? Само затоа што сакаа да го одбранат Уставот, законот, деловникот. И тоа не беше се'. Како и секоја диктаторска и кукавичка власт се обидоа тоа да го скријат од очите на јавноста и со примена на физичка сила ги исфрлија и новинарите“, посочи Црвенковски.

Според него досега во светот не е видено полиција да влезе во судир со пратеници. „Имало судири меѓу пратеници на опозицијата и позицијата во низа европски парламенти. Но досега не е видено полицијата да тепа пратеници“, рече Црвенковски.

На новинарското прашање како може да се надмина политичката криза Црвенковски одговори дека тоа е можно само ако си замине Никола Груевски. Лидерот на социјалдемократите отфрли било каква можност опозицијата да учествува на локални или парламентарни избори без сигурни гаранциии за фер и демократски избори, барајќи притоа и засилен мониторинг. Црвенковски вели дека по последните случувања владејачката гарнитура нема легитимитет да организира избори.

Црвенковски исто така ја отфрли и можноста за лидерска средба, прашувајќи ги новинарите за што воопшто би можеле да разговараат власта и опозицијата по бруталното претепување на пратениците.

Според СДСМ во понеделникот во Собранието били прекршени 10 члена од Уставот.

„Не ни беа дадени картиците, со што ни беше апсолутно ускратено правото и да се јавиме за збор. Доколку ни ги дадеа можеби и ќе имаше расправа. Вратата од сала 1 беше заклучена, а со обезбедување бевме спроведени на утринската координација кај претседателот на парламентот“, рече Јани Макрадули потпретседател на парламентот од редовите на СДСМ.

Според Уставот, како што додаде Макрадули пратеник не може да биде отповикан, а во Собранието се случило токму тоа - отповикување во име на друг.

„Со исфрлањето ни беше одземен мандатот. Требаше секој да го види бесот и гневот кај претседателот Вељаноски кој викаше: „Исфрлете ги, ифрлете ги“, додека Антонио Милошоски снимаше качен на масата. Истото им се случи и на новинарите. Според законот седниците на парламентот се јавни, а новинарите може да излезат само со двотретинско гласање. Во Собранието во понеделникот имаше 44 лица без обележја дека се обезбедување, како што, впрочем, налагаат правилата на МВР“, рече Макрадули, најавувајќи кривични пријави за вмешаните во инцидентите.


Статијата е прочитана 4233 пати.


Испрати коментар



На Табановце запленети 1,7 килограми хероин
Опозицијата наместо во Советот, поставуваше прашања пред Прометеј
Иванов даде помилување на 51 осудено лице
(ВИДЕО) Новинарите го исвиркаа Трајко Вељаноски
Попоски - Бојкотот на опозицијата e штетен за државата
Заминувањето на Асад не е услов за отпочнување на дијалогот
Шутановац доби кривична пријава
ОМД бара решавање на разликите само преку политички дијалог
Класичните светилки заминуваат во историјата
Жена загина во сообраќајќа на излезот од Охрид
Израел гради нов ѕид на границата со Сирија
Иванов ја врачи годишната награда за најуспешно архитектонско дело
УЈП
Комерцијална банка ја продаде старата зграда и се сели во нова
ЗНМ поднесе претставки до Собранието и до МВР
Од два стана украден златен накит
Во 2013 година без радио програма на Дoјче веле
Мирекс плус е еден од сопствениците на Медиа Принт Македонија
Уште 1.000 потписи до целта на „Аман“
Пријави за двајца учесници во инцидентите пред Собранието
Поповска - Уставниот поредок треба да се чува
Македонски државјанин загина кај Лесковац
СДСМ најави кривични пријави за случувањата во Собранието
Окрупнување на земјиштето за поконкурентно земјоделство
ВМРО-НП - Функцијата претседател е суспендирана
Пензионерите од Центар го осудија нападот на синоќешната блокада
Вељаноски ќе бара одговорност за отстранувањето на новинарите
Првиот црногорски пиштол извезен во Парагвај
Поедноставено до дозволи за транспорт
Индонезија и Мексико нови економски сили за 40 години
Во домашната економија се враќаат 139 милиони евра
Сливот на Охридско Езеро порибен со 6.000 парчиња пастрмка
Светот пие се повеќе пиво
Нов закон за договор во патниот сообраќај
Шинзо Абе е новиот јапонски премиер
Нимиц ќе донесе нови идеи
Виндоус 8 достапен и на македонски јазик
Египет доби нов устав, Морси на тест
Во Кина стартуваше најголемата брза железница во светот
(ФОТО) Опозицијата го блокираше „Рекорд"
Грција шокирана од „бокс-демократијата“ во Македонија
МВР - Пратеници од опозицијата ги почнаа инцидентите
Груевски - Жалам за незгодната ситуација со новинарите
Штрајкот на лекарите во мирување
Пократка постапка, но построги критериуми за инвалидска пензија
ЗНМ бара итен одговор кој ги избркал новинарите
Црвенковски - СДСМ ќе организира граѓанска непослушност
ВМРО-НП - Се случија преседани, кои се реткост во светската демократија
Хелсиншки комитет ги осудува случувањата во Собранието
ДУИ апелира да се намалат тензиите
Новогодишен карван на Фондација „Т-мобиле“
Притвор од 30 дена за „командант Коки“
Нови пријави во акцијата „Керозин“
Избрани најдобрите трговци за 2012 година
Избрани четири нови врховни судии
Божикна честитка од Груевски до католичките верници
Граѓаните незадоволни од доцнењето на поштенските пратки
Иванов - Вчерашните настани никогаш да не се повторат
(ФОТО) Илјадници христијани во Витлеем го дочекаа Божик
На дел од патиштата одрони и голомразица
Свечена литургија во Католичката црква во Скопје по повод Божик
Виена најуспешен главен град на светот
Двајца пожарникари убиени во Њујорк додека гаснеле пожар
Израел гради нови 1.200 домови во источен Ерусалим
Шпанскиот крал повика на единство против кризата
Се слави Божик по Грегоријанскиот календар
Премиерот Груевски и се обрати на нацијата
Опозицијата го напушти парламентот и излезе на улица
Мнозинството го изгласа буџетот
Полицијата го приведе командант Коки
(ВИДЕО+ФОТО) Инциденти и пред и во Собранието
(ФОТО) Блокада на опозицијата на автопатот Велес – Скопје
Опозициските лидери пред Собранието, драмата се претвора во криза



Nikola(e), ekspert za manipulacija, 25.12.2012 20:31:08
Branko ne e na vlast, nego ti! Spored toa ti si Gadafi, a ne toj! Popat, Branko sme 370 iljadi od predhodnite izbori i mnogu povece na narednite. Ako toa ne e narod, ti imash problem, zaedno so onie *jadni* tvoi zemjodelci, penzioneri i socijalci shto go demoliraa sedishteto na SDSM i chekaa, so podrshka na policijata, da se obrachunat so *predavnicite*. Ama ova ke te koshta, i toa mnogu! Vlast sigurno, a po gubenje na istata, Gospod neka ti e na pomosh.
Трпе, 25.12.2012 21:11:15
Како може господинот Бранко да биде како Гадафи кога не е власт.Но имаме некој во државичката кој се однесува како Чаушеску.Кој се до 1989 година беше демократ и имаше јака обезбедувачка и обавештајна служба СЕКУРИТАТИ (СГС) .Но кога ова служба свати како и што работел нивниот работодавач застана на страната на народот.И овој диктатор заврши како што заврши 1989 година.
riki, 25.12.2012 21:11:34
branko pa pak branko!!dobro g.premiere,dali nie graganite cel zivot ke slusame samo za branko?ne e bil dobar,gi izgubil izborite i vie ste sega na negovo mesto.no namesto da se zanimavate so branko i samo so branko,daj nesto konretno da vidime od ovie 7,god.ocigledno nema nisto pa topkata se prevrla na kutriot branko.da napomenam,sekoj posle branko ke pobedese na izborite.na narodot mu bese dosta od privilegii,partiski baksisi-fabriki,tenderi,vrabotuvanja i t.n.znaci ocekuvavme nesto novo i nesto sto nema da se povtori ama za zal ista pesna e.duri i beter.e sega branko sigurno nema nekoj golem kredilitet da ja vodi drzavata ama ima toa sto dpmne go nema-zoran zaev.edinstven politicar i fah ekonomist vo r.makedinija koj sto moze da ja izvadi drzavava od ovoj ekonomski kolaps.na kraj,zaev e eden golem humanitarec.neka se javat graganite od strumica i strumicko na koji zaev im ima dadeno nebroeni sumi pari,ama od svojot djeb.vo vid na pomos-operacii,pokuknini,studii i.t.n
Efto, 25.12.2012 21:38:01
drugar Gruevski Branko i da saka da izigrava Gadafi nema za nego mesto vo makedonija tuka imame prav Gadafi vidi go prad ogledaloto stoi sigurno ke go prepoznaes koj e toj no ve molam dosta so tie dechki igri ne brukate site nas samo da lapate a videte dali ostana mlad svet kaj nas dole i dosta Branko pa Branko go napravifte posrasen i od baba roga ili mu se plasite ili ste g...i
mene, 25.12.2012 22:20:41
Branko kako Gadafi ???!!!! Ne sum ljubitel na Branko, ama Nikolce ti seriozno gi pobrka rabotite !!! Kako i da e, dobro me iznasmea !!!
bivshi struzanec, 25.12.2012 22:36:38
Branko kako Gadafi a Gvujo kako Bashir Assad ama i vo faca i ponashanje, na zdravje neka vie Makedonijo
Che gi Varam, 25.12.2012 22:42:39
Kako be Gadafi? Abe Glujo znaes li ti od koja pozicija padna Gadafi? Od pozicija na vlast ili od pozicija na opozicija, a? Pocna procesot, nema zapiranje, ke bides predizvikan, ke pokazes pak muskuli, a potoa GOTOV SI. Znaes sto mi vleva nadez? Veke lugjeto ne ti se plasat, a toa e dobar znak. Aj praj si ti muabet so Janko, na isto nivo ste. Pozdrav
Itar Pejo, 26.12.2012 00:28:34
Sekoja cest, ovaa e od nekoj sovetnik so IQ 140. Demek so pomos na francuskata avijacija, narod ce se krene protiv vlasta i Branko ce ja dozivee sudbinata na Gadafi pa potoa so Makedonija ce zavladeat salafistite ??? A i Branko gresi koga go narekuva Nikola: Milosevic! Mene se povece me podsetuva na Idi Amin Dada.
mimi, 26.12.2012 00:38:42
Grujo,da ne mislese deka si ti Gadafi,ili pak mozda si Sadam Husein,Causesku ili Milosevic.Nekako gi izmesa loncinjata.Ako nekoj nasilno saka da ostane na vlast toa si ti be batka.Branko Crvenkovski dosega ne go nahuskal sopsveniot narod eden protiv drug.Ti toa go pravese vo kontinuitet.Iako likot tvoj odava vpecatok na krotko covece vo sustina si volk poln so omraza kon sekoj onoj koj nemisli kako tebe. Tvojte pratenici koj se odnesuvaat kako tvoj podrzuvaci e samo sto si im go nabil stravot vo koski,pa znaat samo da ti aminuvaat.Da te srusat ke vidis kolku ke ostanat so tebe.Tie prvi ke ti presudat.Istite ovie sto se so tebe bea i so Ljupco,mu bacuvaa raka,pa mu go svrtea grbot.Boze spasi go narodot makedonski od ova zlo.
Nekoj od nadvor, 26.12.2012 00:52:28
I ova e izjava na drzavnik i Premier ?! Mislam deka Makedonija i makedoncite (bez razlika na nivnite lichni chuvstva i ubeduvanja) zasluzuvaat mnogu poveke i deka ima mladi i chesni luge koi so malku poveke rabota i verba bi ja povele Makedonija vo vistinska nasoka. Ne vi trebaat vakvi niskosti i maloumno odnesuvanje, sochuvajte si ja chovechnosta. Pari moze da se ima i so chesna rabota, sekoj moze da ima se sto ke posaka vo zivotot. Znam deka ova zvuchi chudno no vistinito e. Uspeshnosta na odredeni narodi e rezultat na nivnata verba vo uspeh. Prv chekor na patot do uspehot e da pochnete da se odnesuvate kako pobednici i pred se kako LUGE. 21 vek E!
melbourne, 26.12.2012 01:51:18
Gospod da cuva,ovoj covek ocigledno ne znae koj bese Gadafi.Pojasnuvanje za Diktatorot Gruevski,Gadafi bese na vlast isto kako i ti sto si,Gadafi isto ja pusti vojskata protiv svojot narod.
Перо молерот, 26.12.2012 02:07:42
Или лошо сте го пренеле или Груевски се расфрлува со зборови чие значење не го знае ако вели дека Црвенковски „живее во еден свој свет со сериозна доза на алтруизам“. Алтруизам значи несебичност, кога човек повеќе се грижи за среќата и доброто на други луѓе одошто за сопствената. Не верувам дека Груевски има такво мислење за Црвенковски.
cane, 26.12.2012 02:14:46
Иако БЦ не е цвеќка да се спореди со Гадафи е смејуриа. Знае ли тој што споредува, што споредува. Гадафи имаш моќна армија, со топови, тенкови, авијација и тоа модерна. А што има БЦ? М....а? So niv kje se bori? Mislam deka toj toa sto go kaza ne go znae ni smisolot. Vprocem, otvorete go tviter za da go vidite nivoto!
iselenik, 26.12.2012 04:45:44
Golema sramota za cela Makedonija! Kade e tuka demokratija? Premier so takov recnik???
sonce, 26.12.2012 05:47:01
Investiciite na g.Gruevski od narodni pari: -Spomenici,muzei, fasadi, osvetluvanje za fasadi,ogradi,pecatenje na novi licni dokumenti po nekolku pati,novi registerski tablicki tv kampanji,sportski sali katni garazi vo barok stil, kladilnici na sekoe kose? =Civi kompanii gi dobivaat tenderite so sumi nekolku pati poveke od pazarnite? -Ne e vazno, sekoja vtora nedela novi krediti od MMF, Svetska Banka, Domasni i Stranski Banki... -Izjavite na g.Gruevski: -Jas sum na vlast,i ke ostanam dozivotno na vlast,a graganite na Makedonija se moi podanici Poraka na g.Gruevski vo javnosta: So silata na drzavniot aparat sto e pod moja vlast,ke gi otstranam site neistomislenici zasekogas... -Koj e Diktator vo Makedonija? Branko Crvenkovski,a i odozgora na toa e vinoven za Altruizam:) Ke mu napravam jas uste eden spomenik na Todor Aleksandrov, pa toj gi ubi Gjorce Petrov i Jane Sandanski, mene mi sluzi kako idol,kako da se presmetam so moite protivnici... A naskoro ke izgradam moj spomenik!!
совет, 26.12.2012 06:34:06
Груевски, покажи бар малку почит кон својот народ. Она што сега крајно ме револтира (и инаети) е твојата пропагандна машинерија, твоето унижување на мојот (нашиот) интелект, нашата способност за расудување и размислување. Свести се. Вчера те видов и слушнав две три минути, толку ми дозволува издржливоста на желудникот, и да ти кажам, тоа што твоите ти кажале да вметниш неколку збора за “психичката нестабилност и неподобност“ на Црвенкоски, не ти прави добро. Она што јас видов, е твојата несигурност, твој психички проблем, ти ми изгледаше на раб да заплачиш (слушнав помалку од 1 минута кај бурекон: ама не знам што сака тој човек, не знам што сака, не го разбирам). Твој проблем е што не го разбираш и народот. Така е тоа кога цела твоја доверба ќе ја ставиш во рацете на наводни пр-агенти, на пропаганда. Престани да се обидуваш да го претставиш твојот противник како психички болен. Верувај дека лицето твоеништо не можеда скрие, а јас добро читам лица. опушти се, повеќе ќе „боли“ ако мрдаш
stavre, 26.12.2012 06:39:20
halo
Realen, 26.12.2012 06:51:36
Ocigledno e, deka covekot e isplasen i ne znae sto zboruva.
Laki, 26.12.2012 07:22:22
Poprvo bi rekol deka toj e Gadafi, Sadam Husein, Slobo ili onie nesrekni Crveni kmeri. No na site im dojde krajot, vakov ili onakov. Na narednite izbori ke se vidi so kogo e narodot. A za nastanite vo Sobranieto, samo eden zbor BRUKA!!!!!
ФЕЛИКС, 26.12.2012 07:42:55
Никако не би посакувал Шатевскиот лидер да го споредувам со Гадафи,едноставно ,,сачувај боже,,оти сите знаеме како заврши Гадафи.Но далеку поважно е објаснувањето и нормално реализирањето,,граѓанска непослушност,,Па затоа прашувам околу ова (да не одам да тропнам и чукнам на Шатевската врата)дали она од Шатевскиот лидер како објаснување ,,се што ќе помислите,,се однесува на користи услуги- неплати,јуриш на продавници-не плати и т.н И како подпрашање дали тој и неговите ќе бидат со мене кога недемократски ќе се побара да се плати за користеното и земеното.Тука сум во гооооолема дилема,оти се плашам од конфронтации со наплатувачите.Да не поминам како синоќа оној кој побара објаснување а доби на најдемократски начин шамарчина како одговор на изречената дилема..
nekoja, 26.12.2012 07:48:54
Idat izbori,za mnogu kratko vreme,a ti nemas vreme stetata da ja popravis.Loso si sovetuvan,po narodot ne smees da tepas.Gnevot se rodi,a sdsm dobija dopolinelni poeni,i simpatii.A toa sto Ve poucile da kazete za Gadafi...Samo mnogu loso Ve sovetuvale.Vi preporacuvam ministrite malku da gi zatresite i da gi smenite...osobeno za zdravstvo.
ivan, 26.12.2012 08:19:21
Branko e kriv za se.Pa narode poglednete okolu sebe site imame prijateli ili rodnini koi ja podrzuvaat ovaa vlast, i site vo svoite komentari ne sboruvaat nisto drugo osven Branko e kriv.Site tie mislat deka toj se uste vladee so Makedonija,potsvesno go mislat ona sto javno go zboruvase Amdi Bajram (ke go zakopame Branko)
pile/do komentarot zaveden pod Marjanco od denesnata rubrika ,,Gruevski: Zjalam za za nezgodnata situacija so novinarite, 26.12.2012 08:23:38
Ja citam Odlukata-resenie Us.Br 152/12 godina na Ustavniot Sud na Republika Makedonija,ocigledno imate prezjiveano golgota,nezakonska naredba od mart 2007 godina,nezakonito resenie za rasporeduvanje od dekemvri 2007,pak nezakonito resenie za rasporeduvanje vo 2011 godina.Sto prezede vo odnos na naredbata,nesi trebal da cekas tolku dogo,imas staresini vo MVR,vnatresna kontrola togas mi se cini Vojce Zafirovski bese sega vo antikorupciska komisija,se obrati li do Premierot,tuzjese li preku Upravniot Sud,zapozna li javen Obvinitel,pa inspektor si, kako sto velis koga tebe ovaa ti go pravat sto ostanuva do obicniot gragjanin i koj e ovoj sudija Zoran Solarski bi trebalo da e nezavisen, i educiran.I sto se slucuva tamu vo Kumanovo so policijata nikako prinudnite upravnici da gi zanebite so sopstveni vraboteni koi gi poznavaat prilikite i sostojbite vo gradot.So sreka.
Miki, 26.12.2012 08:26:01
,,Majko, podrzi mi go kopilevo da i se razvikam na kopileskava,,! Nikolae nekogo obvinuva za diktatura hi hi hi! Tuku interesna e reakcijata na Vujce Sem - vo Sirija Al Asad gazi i Vujce ja brani opozicijata! Vo Makedonija Nikolae gazi a ,,trebalo site da se vrazumat!,, Ma nemoj? Ne oti nesto mozeme ama barem ne sme veke naivni, gledame! Najverojatno plasliviot nasilnik treba nesto da odraboti..
SP, 26.12.2012 08:40:45
Pocituvan Premier ve molam da ne davate veke izjavi ni ja brukate nacijata i drzavata. Prasajte nekoj od vasite sovetnici sto e ALTRUEIST. Vie toa sekako ne ste.
INDIRA GANDI, 26.12.2012 08:48:44
Е ај ако е БРАНКО (Гадафи ) што сте вие кој сте на тронот на оваа држава де нека некој ми објасне или напише оти јас стварно веќе оваа ама баш некако не ми иде со тоа другото...МОРЕ до кога ке го влечете овој народ за нос НИКОЛЧЕ дај збирај ствари со таа твоја копанија и те молам не враќај се овде никогаш доста ми е од тебе и таа твоја демократија го подели народов како ��е ти е срам па еден народ сме остај не и таа шака што останавме на ја растурај доста не газат други па и ти ни беше кус барај и поставувај демократија на друго место нај понизно те молам од срце остај го народов малце да стивне од тебе..СТВАРНО Е ДОСТА СЕТО ОВАА ШТО ГО ПРАВИТЕ НА ОВОЈ НАРОД...НЕ ГО ЗАСЛУЖУВА ТОА....
Prilepcanec, 26.12.2012 09:45:48
Za site koi go spomenuvaat Gadafi. Prasajte ili procitajte kako ziveese narodot pod vodstvo na Gadafi, a kako zivee sega. Sega imaat zapadnjacka demokratija i samo toa go imaat. Drugo nisto.
komita, 26.12.2012 09:51:22
gvujo ne lazi koj e banko ama narodot znae koj si ti ti si druzese so diktatorite mugabe gadafi mubarak asad i sega ne loso da skoknes vo severna koreja ka kim vakov kim takov za da naucis koga ce padnes kako da ja krsime glavato od zemja kako ce mu objasnis kaj janko burekot oti amdi bajram mu pcuese na makedonskiot narod majkata i da umrat ce gi pogrebel ej kde si patriote nikolaj caus
boban, 26.12.2012 09:59:17
Od zavcera i Gadafi i Milosevic oficijalno stanaa gradjani na Makedonija...........
Stojko, 26.12.2012 10:32:59
Ovaa izjava na premierot e vo stilot na onaa vmrovka od Stip koja saka ovaa vlada da padne a VMRO da pobrdi , ete tolku mu eznaenjeto i na edniot i na drugiot.
V.Joveski -Zagreb, 26.12.2012 11:13:46
Od Grujoski i Crvenkoski považna e MAKEDONIJA. Ne go potcenuvajte narodot koj što reagira bavno no pravedno.
Од редовен читател, 26.12.2012 11:15:45
Граѓаните навистина треба да размислат и да одлучат дека нив им е потребен Никола(е) Груевски, оти само со таков „водач’“ како него ќе напредуваме до бескрај. Но, шегата настрана, овие денови започна да се тркала грутка снег. која ќе преасне во лавина. Значи, Груевски, ГОТОВ СИ!!!
jovan, vlada @, 26.12.2012 11:54:59
Ма јао види човече, опозиционо настроени коментатори су видно узбужене како млада невеста пред прву бачну ноч :D Не ми се верува уште ве лажат Комуниститите ццццццц, што народ ќе беше бе, го отпушти од работа, направи социјалци од цела држава, направи да се уништи цела економија и да ја земат 20 луѓе и да владеат со 2.000.000.000 народ. Жално навистина жалано.
Branko, 26.12.2012 12:15:50
Ako Branko e Gadafi, Nikola e Causesku...
petkovski, 26.12.2012 12:17:42
Zalno e i zagrizuvacki da konstatirame deka dvete najvlijatelni partii na Makedonija ne se odnesuvaat na nivoto na nivnata zadaca. Namesto da go pravat toa za sto dobile mandat tie, (i dvete partii) se isklucivo zainteresirani za vlast, kade sto ne e vazno dali se raboti za ostanuvanje na vlast ili grabnuvanje na vlast. Ako ima najlos pat koj vodi kon unistuvanje na makedonskiot narod toa e ovoj. I dvete partii treba za ova da se svesni i so sekoja postapka, izjava i bilo koja druga dejnost, najprvo treba da go postavat ednostavnoto no bez dvoumenje najjvaznoto prasanje: Dali ova sto go pravam, izjavuvam i tn. e vo polza na makedonskiot narod koj mi dal mandat na upravuvanje ili ne? Toa e pojdovna i zaklucna tocka na sekoj politicki act. I vo razvienite demokratii ima nesoglasici, megjusebna omraza, politicki igri itn. no nema mesto za vakvi apokalipticni dejnosti. Nasite politicari mora da se svesni za toa.
Profesorka, 26.12.2012 13:22:46
Branko e Gadafi, a Grujo kako Gandi. Idi bre bestraga. Kogo lazes. I vo nacisticka Germanija, Evreite bea krivi sto gi ubivaa. Taka sega Branko e kriv sto natepaa pratenici (i zeni). Maskite padnaa. Nemoj veke da glumis ludilo.
Ајван Доктор®, 26.12.2012 13:25:51
Да резимираме:Моамер ел Гадафи беше врвно образован и речит човек,чија единствена маана беше што Либијците откако ќе наполнат 18 години добиваа станови,најмалку по 5000 евра за студирање на најдобрите универзитети во странство,литар бензин со идеална чистота беше поевтин од нашата вода и што побара од Американците да му плаќаат во златни шипки,наместо во безвредна хартија која се нарекува „долар“!Но за разлика од Бранко,кој можеби и може да се спореди со Гадафи,Гwујокио е уникум владетел кој нема свој пандан во светов!Немушт е во говорот,слабо му оди изразувањето,едвај завршил факултет,магистрираше откако стана моќен и најлошо од сè — умислил дека тој е државата,нацијата и дека е незаменлив!Грујо,Оди си!...додека е време!
Mike-London, 26.12.2012 13:30:54
Hahahahahahahaha, Od sive ovie 30-tina komentari samo Felix e so pozitiven komenatar na staranata na Grujoski,se gleda deka narodot se osvestuva,fala mu na Gospoda,vreme bese,ova mi dava nadez deka sepak MKD narod ne e prost i zaostanat,deka sepak ke gi kazni ovie od DPMNE na slednite izbori a so Gospod napred i porano,zasto vaka poveke ne se zivee,nie ne go doprevme dnoto tuku sme dlaboko pod dnoto. MKD narode pokazi doblest(vidi sto ni se slucuva),pokazi hrabrost,pokazi sila,zosto site nie sme svesni deka ovaa diktatura ne se uriva lesno,MKD narode bidi hrabar zasto za nasata i za idninata na nasite pokolenija se raboti,decata nasi ke ne kolnat ako sega ne reagirame. So Gospod napred,znaeme deka sme vo pravo i zasluzuvame da ziveeme podobro i slobodno. Smrt ili sloboda!!! Da zivee slobodna i demokratska Makedonija!!!
Biljana, 26.12.2012 13:30:55
TRPE, mnogu ubavo objasni.
Oskar, 26.12.2012 13:45:05
Izjavata na Premierot; za nastanite vo Parlamentot i nadvor od nego, za pricinite sto dovedoa do toa, voopsto ne ja odrazuvaat vistinata. Premierot neosnovana vinata ja locira samo vo BC, i go ignorira nezadovolstvoto na site onie gragani koi stojat zad opozicijata, koj na poslednite izbori bea po brojni. Nemoze privrzenicite na vlasta da se gragani so vazecki glasovi a glasot na podrzuvacite na opozicijata da ne se vazecki. Kako toa opozicijata so goli race ke ja osvojuva vlasta protiv do zabi naoruzana policija i so kucinja. Kade bese upotrebena po golema sila, kon nokteto na Dulik, kon pretsedatelot na Parlamentot, koj ne bese dopren so prst, ili kon tri parlamentrni grupi i novinarite, koi bea na naj grub i siledjiski nacin isfrleni od Parlamentot so povredi i iskinata obleka. Propagandata sto ja pravi DPMNE po mediumite so pari na graganite ne moze da bide po silna od vistinata.
Заев дојде твоето време, 26.12.2012 14:03:31
Почни да ги јадеш живите луге.
bezanec, 26.12.2012 14:54:56
Господине Груевски! Човекот кој живее алтруизам сте вие,бидејки вие градите споменици да си го одбележите,теророт што го спроведувате спрема македонецот.
od usa, 26.12.2012 18:08:41
nikolce poglednise vo ogledaloto i vidigo kadafi te molam neidi poveke da baras dijaspora ti ne ystrami segde vo sveto kade sme koga se vrativme na rabota site se zacydija so glyposta vasa
joze, 26.12.2012 18:20:23
G A D A F I -e sinonim za pravda,cesnost,pravednost oddana hrabrost,pozrtvovanost za narodot svoj i rodnata grutka,simbol za OTPOR protiv noviot kolonijalen poredok i fasizmot,sinonim za HEROJ. Zatoa nie sme denes na ova nivo kade sme ,mizerija
zoran, 26.12.2012 19:33:12
premier ti si na vlast ti mi licis na gadafi.
bajamce, 26.12.2012 19:33:20
Kako chto chitam, ovoj vesnik e sto po sto od SDSM. Stho tolku plampate site. Grujo beshe isbran od narodot. Vlast se dobiva samo so izbori a ne so tupanici. Veche, poveche godini tresite gluposti i na kraj gubite na izbori. Edna dobra opozicija e onaa shto znae da si ja zatvori muckata koga vladata napravi pozitivni raboti i da kritikuva koga ne mu se dopagja. Vlast so sila nikade ne postoi vo demokracijata.
zorrran, 26.12.2012 20:28:20
Vi cestitam gospoda od sdsm...Maheri ste, glavni zverki ste vo klas....Pistolot vo race ako ima nekoj sto ne misli kako vas....e neka mu ja misli togas...
IQ 100, 26.12.2012 20:59:57
Не е битно кој е Гадафи.Било едниот било другиот,од МК се.Споредбата со Гадафи и не е мала работа.Таа дефиниција по правило доаѓа во плико од надвор.Ако таа теза помине преку теорематскиот филтер,треба да се запраша целиот народ;во кој сега вртлог влеговме.Очајниот обид на двете страни што побргу на другиот да му го фрли Гадафиевиот ќурк,за граѓанинот отвара неизвесност од големиот прашалник;каде ни оди земјава.Сигурно не сме сигурни ниту во она што го правиме,ниту во она што не можеме да го направиме.Расчистувањето на овие дилеми и излегувањето на чистина е најодбриот избор.Инаку народот и со најмалку три чисти во главата,крајно е време навистина да се исплаши,зашто нашиве татковци многу се исплашени.Ако знаат нешто нека ни кажат.Најдобар гајрет ќе добијат од нас.Без камата.Најсовршеното центрирање,после бркотницата врз незкрпените рупи и калдрми на патот за ветената земја.Ја бараме или ја оставаме.
Pavel. USA, 26.12.2012 21:36:49
EPA gospoda komentatori za sreca na makedonia vie 30 tina Ste I poslednite Brankovisti prodadeni sitni dusi sto brzo vi.doaga krajot

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Магла

Четврток
Делумно облачно
Макс: 9°C, Мин: -1°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 9°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (38)
Даријана на Тито – југословенската Мадам де Помпадур.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Златниот бизнис на Швајцарија
Четири од најголемите рафинерии за злато во светот се наоѓаат во Швајцарија, каде што се прочистуваат и две третини од з...
Во 2013 година без радио програма на Дoјче веле
Дојче веле на 31 декември 2012 година ќе го емитува својот последен Утрински магазин, со што завршува ерата на радио-про...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |