Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
26.12.2012, 15:52
Пријави за двајца учесници во инцидентите пред Собранието



Полицијата поднесе прекршочни пријави против двајца учесници во инцидентите пред Собранието во понеделникот, додека против едно лице е поднесен записник за омаловажување службено лице. На тројцата им се заканува изрекување на парична казна од 600 до 800 евра.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека ова се дел од мерките за расчистување и целосно документирање на агресивното и недолично однесување при насилното пробивање на полицискиот кордон и обидот да се изврши упад во зградата на Собранието.

Според полицијата, во моментот кога групата почнала да ги урива безбедносните огради и да ги турка и гази полициските службеници, загрозувајќи ја нивната безбедност, 11 припадници на полицијата се здобија со повреди.

„Врз основа на снимките од полициските камери и видеоматеријалите од насилното пробивање на кордонот обезбедени од медиумите, досега се идентификувани три лица и тоа: Н.М.(1989) од Скопје, В.Н.(1965) од Звегор-Делчево и А.Ќ.(1979) од Гевгелија. Против двајца се поднесени прекршочни пријави за нарушување на јавен ред и мир“, соопштија од МВР.

МВР прибира информации и ги идентификува и лицата кои се наоѓаа во непосредна близина на градоначалникот на општина Карпош и физички нападнаа граѓанин. Во меѓувреме во полиција во текот на вчерашниот ден бил пријавен и инцидентот во кој физички беше нападнат повозрасен граѓанин од страна на лице присутно на протестот на опозицијата во центарот на Скопје.

„Ниту еден од организаторите до овој момент на полицијата не и го посочи идентитетот на насилникот, но врз основа на емитуваните материјали ќе бидат утврдени неговите генералии по што ќе следува кривична пријава за „насилство“, соопштува МВР.

Статијата е прочитана 1390 пати.


Испрати коментар



Грција се подготвува за Метју Нимиц
Политичката агонијата ќе потрае
ДУИ и ДПА алиби за политиката на ВМРО-ДПМНЕ
ЗНМ поднесе претставки до Собранието и до МВР
Уште 1.000 потписи до целта на „Аман“
Поповска - Уставниот поредок треба да се чува
СДСМ најави кривични пријави за случувањата во Собранието
ВМРО-НП - Функцијата претседател е суспендирана
Вељаноски ќе бара одговорност за отстранувањето на новинарите



ФЕЛИКС, 26.12.2012 17:44:41
Oгромен број од нас го идентификувавме лицето Ц.Б (1962) и се прашуваме дали ќе има пријава за газење на полицајците.Инаку паричната казна од 600-800 евра би ја платил без да почуствува ништо во домашниот буџет.
Ната, 26.12.2012 21:21:11
Брее што нежна полиција имаме, 11 повредени, во главите?
Profesorka, 26.12.2012 22:14:01
E dobro de. I vo nacisticka Germanija, Evreite bea krivi za se i zatoa gi ubivaa. I ovde tie koi bea tepani se krivi za se. Sme videle se na filmovi i sme citale za sreka vo komunjarskiot rezim mnogu knigi. Za ponavljacite, ovie sega glavni batkovci, ova e se novo. Ama brzo ucat, doduse pogresni lekcii.
Ozi, 27.12.2012 02:31:18
I vidi koja slucajnost. Site troica se podrzuvaci na opozicijata!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -1°C

Магла

Петок
Делумно облачно
Макс: 9°C, Мин: 0°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 3°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (38)
Даријана на Тито – југословенската Мадам де Помпадур.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
(ФОТО) Нема квалитетен воздух, нема живот
Здружението на граѓани „Гоу грин“ и средношколци маршираа по улиците против неодговорниот однос на надлежните и индустри...
Каде за Нова година?
Угостителите и локалите нудат се' и сешто, но, сепак, примарна задача ќе биде да не останете шворц до наредната плата. В...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |