27.12.2012, 15:20 Витни Хјустон убиена од дилерите поради долг?
Холивудскиот приватен истражител Пол Хјубл тврди дека постои и видеоснимка во прилог на тоа
Пејачката Витни Хјустон, најверојатно, ја убиле дилери, а постои видеоснимка во прилог на тоа, тврди холивудскиот приватен истражител Пол Хјубл. Тој тврди дека снимката ја предал на ФБИ, а на неа се гледаат двајца мажи кои повеќе пати влегувале во хотелот „Беверли Хилтон“ и се претставувале како дел од нејзината придружба. Приватниот истражител тврди дека ја вовлекле Витни во собата и ја убиле, а смртта не била случајна.
Обдукцијата по смртта на пејачката покажа дека Витни Хјустон се удавила во када во хотелот „Беверли Хилтон“ откако зела смртоносен коктел на дроги. Хјубл тврди дека најверојатен повод за убиството е долгот на пејачката од 1,5 милиони долари, кој двајцата дилери дошле да го наплатат.
„Собата во хотелот беше пребарана, а пејачката имаше повреди кои упатувале на тоа дека се бранела. Сепак, не можам да тврдам дека навистина се работи за убиство, туку собирам докази што водат во таа насока“, рекол истражителот.
|