Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
26.12.2012, 14:52
Вељаноски ќе бара одговорност за отстранувањето на новинарите



Претседателот на Собранието изрази жалење што новинарите беа отстранети од собраниската галерија пред почетокот на седницата на 24 декември

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски денеска изрази жалење што новинарите беа отстранети од собраниската галерија пред почетокот на седницата на 24 декември, посочувајќи дека одлуката за тоа ја донело надлежното собраниско обезбедување за да не дојде до поголем инцидент. Ќе побара да се поведе постапка од надлежните институции за да се утврди одговорноста за настанот.

- Тоа што особено сакам да го истакнам е фактот дека Собранието на Република Македонија како институција секогаш било максимално транспарентно, а јас лично, како претседател секогаш сум се заземал и ќе се заземам за отворен и пред се професионален однос кон новинарите и медиумите. Имајќи во предвид дека беше најавено дека опозицијата нема да дозволи буџетот да се донесе и беа најавени протести и инциденти, врз основа на Законот на Собранието член 43 побарав од собраниското обезбедување да обезбеди редовен тек на седницата. Сакам да потсетам дека потребните мерки ги планираат и преземаат припадниците на собраниското обезбедување. Да потсетам дека на почетокот новинарите без никакви забрани беа присутни на галеријата од пленарната сала. Откако се случи првиот инцидент, кога и јас како претседател на Собрание бев нападнат, кога беше уништена и техниката, а обезбедувањето мораше да ме извлекува од пленарната сала, надлежното собраниско обезбедување имајќи во предвид дека галеријата е во суштина дел од пленарната сала донело оценка дека галеријата мора да биде празна за да не се случи некој поголем инцидент, се наведува во пишаната изјава на претседателот на Собранието.

За оваа оценка, додава Вељаноски, кога станува збор за присутноста на новинарите, како претседател изразувам жалење.

- Ќе побарам да се поведе постапка од надлежните институции да се утврди одговорноста за настанот, при што сакам уште еднаш да апелирам дека и понатаму ќе се заземам за максимална отвореност и транспарентност на Собранието. Во истовреме очекувам да ги продолжиме високоразвиените односи со новинарите и медиумите ценејќи го нивниот професионал однос и секако нивната одговорна улога во општеството, истакнува претседателот на законодавниот дом Трајко Вељаноски





Статијата �� прочитана 905 пати.


Испрати коментар



Грција се подготвува за Метју Нимиц
Политичката агонијата ќе потрае
ДУИ и ДПА алиби за политиката на ВМРО-ДПМНЕ
ЗНМ поднесе претставки до Собранието и до МВР
Уште 1.000 потписи до целта на „Аман“
Пријави за двајца учесници во инцидентите пред Собранието
Поповска - Уставниот поредок треба да се чува
СДСМ најави кривични пријави за случувањата во Собранието
ВМРО-НП - Функцијата претседател е суспендирана



Dali e chovekot so site?, 26.12.2012 15:10:55
Koja karikatura od choveka? Pa koj komanduva so Sobranieto? Obezbeduvanjeto? Ili mozebi jas! Daj choveche, pokrij se i cuti!
НЕВЕН ГНЕВЕН, 26.12.2012 15:53:44
Ај речи ,,Жими мајка,, за да те поверуваме? Како не ти е срам. Испаѓа дека одговорен за протерувањето на новинарите, па и на пратениците (од СДСМ) е котларот, ложачот на парното. Каква иронија. Мислите дека сте многу паметни? Тоа се гледа од тоа со какви фаци имате фатено работа. Сето беа улични деликвенти, со избричени челенки, кои не знаат ни да мислат, ни правилно да постапат. Како ќе им се кажи, така прават. Туку ти паднало парето тебе и ќе се кочопериш како паун. Само не знам до кога?
kole otoztole, 26.12.2012 15:56:54
Neznam zosto, ama siguren sum deka pak laze. Dobro be trajko do koga ke si igrate so intelegencijata na narodot, samo smisluvate scenarija, pa pravite epizodi, pa se velicite sebesi kako heroi,samo lazete i go ubeduvate narodot deka ste uspesni, a na zapad samo vicovi pravat od vas. Toa ti isto kako da me ubeduvas deka imeto treba da ti go pisuvam so golema bukva, a jas pak se pravam deka ne znam, deka sum napravil pecatna greska, a toa go pravam oti si tolku nizok, egoista, mal covek. Gledas pak vic.
pres, 26.12.2012 16:18:14
Neka pogledni vo ogledalo i od nego neka pobara odgovornost
posmatrac na tragikomedija, 26.12.2012 17:38:08
Sto ke pravel Trajko?Vo koj li film e covecevo? Na ovaa tragikomedija verojatno i FELIKS i devicanecot se smeat.
zdtkan, 26.12.2012 17:43:26
pa posle ke gi amnestiraat kako uckite
pile, 26.12.2012 22:00:09
Taka oddi toa, sekogas e vinoven direktniot izvrsitel,a ako ja odbie naredbata dokolku ceni deka e nezakonita so ukazjuvanje na naredbodavacot pak ke bide vinoven.Treba da se odvazji odgovorniot na obezbeduvanjeto,podredn na G-dinot Veljaniovski i da kazje sto e dogovoreno, samoinicijativno ne e nastapil sigurno.Ocigledna bese namerata da nema pravilen i objektiven sud za slucuvanjata posle isfrlanjeto na novinarite, drugoto od DPMNE se prikaski za mali deca.Me potsetuva sostojbata na iznudeni zatvoreni sednici vo 2001 godina, na sednica koja direktno se prenesuvase, a koja izgleda pretsedavase G-din Cedomir Kralevski i koga eden od togasnite parlamentarci od DPMNE vo rasprava za krizata izjavi ,,ako nemozjeme sami da se odbranime da pobarame pomos od drugi i precki na programata vidovme.A za losi bezbednosni procenki i rizici po policijata (so stavanje megju dve sprotivstaveni grupi) kako sega pred Sobranieto, vo 2001 godina kolku sakame primeri ima,veke videno.OSTAVKA
зачуден, 27.12.2012 00:57:35
сега не сум зачуден, сега сум ПРЕзачуден, идиотизам, лицемерие на N-ta степен, читам и трљам очи, лажење, лажење невидено, манипулација до бескрај. Ај да видиме, може набрзо ке заврши
Ozi, 27.12.2012 02:21:27
Interesno. Na Trajce ne mu bese cudno sto galerijata e prazna dodeka go izglasuvaa budzetot?? Ma ne, covekot gledal na druga strana, nisto ni videl ni cul.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -1°C

Магла

Петок
Делумно облачно
Макс: 9°C, Мин: 0°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 3°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (38)
Даријана на Тито – југословенската Мадам де Помпадур.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
(ФОТО) Нема квалитетен воздух, нема живот
Здружението на граѓани „Гоу грин“ и средношколци маршираа по улиците против неодговорниот однос на надлежните и индустри...
Каде за Нова година?
Угостителите и локалите нудат се' и сешто, но, сепак, примарна задача ќе биде да не останете шворц до наредната плата. В...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |