Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
25.12.2012, 16:39

Мое ќоше

Кој направи државен удар

Ерол Ризаов

Како се вика човекот под чија контрола е Владата, парламентот, претседателот на државата, гувернерот, судството, новинарството, Црквата, полицијата, Армијата...

Кој направи државен удар. Опозицијата или власта. Бранко Црвенковски или Никола Груевски. Како се вика човекот под чија контрола е Владата, парламентот, претседателот, гувернерот, судството, новинарството, Црквата, полицијата, Армијата... Кога со сите овие институции на државата раководи еден човек кој единствено го има и клучот од државната каса, тој се вика диктатор, а системот - диктатура. На католички Бадник, 24 декември, 2012 година, кога поголемиот дел од Европа и светот празнуваа, премиерот Никола Груевски со специјални полициски единици го зададе завршниот удар врз кревката демократија, која веќе шест години е во кома. Од вчера 25 декември во Македонија се суспендирани Уставот и парламентот со полициски терор и со нелегална процедура е усвоен буџетот. Тоа нема друго име освен диктатура.

Државните удари, пучови и преврати обично прават полициски, воени, паравоени и параполициски и други вооружени и насилнички формации. Се апсат политичките лидери легално избрани на демократски избори, се суспендира парламентот и сите институции. Пред тоа, прва гине вистината. Се воведува строга медиумска цензура. Никој не најавува однапред дека ќе направи државен удар. Тоа се активности кои се одвиваат во најголема тајност. Дали опозицијата во Македонија со оружје и насилни формации на 24 декември апсеше легално избрани преставници на власта, дали ја блокираше која било институција на системот со оружје и со употреба на сила, со бруталност и насилство. Такво нешто не видовме. А што видовме и ние и светот во божикната честитка на власта. Прво видовме специјални единици на полицијата во парламентот како ја убиваат вистината. Со закани и грубости беа исфрлени новинарите од своите работни места во парламентот. Та��во нешто не се случило никогаш во целата 68-годишна историја откако Македонија има парламент. Имало разни инциденти, новинари да бидат влечени или удрени, навредувани и слично, но да се избркаат од работните места со тепање и пцости од специјалци такво нешто не паметам. На некого многу му требаше да не видат новинарите што ќе се случува во пленарната собраниска сала.

Кога во парламент специјалци во цивил тепаат пратеници и ги исфрлаат од салата кај што треба да одлучуваат, кога ечат вресоци на народните избраници по собраниските простории, како се нарекува тоа. Потресните сцени што го обиколија светот на понижување на демократијата со исфрлање на пратениците од салата и нивно подмолно удирање долу по нозете од обучени полицајци против терористи и криминалци, на очиглед на повеќе нивни колеги и пратеници, министри претставници на власта нема друго име освен терор и голем срам. Беше тоа доживотна црна дамка на сите што организирале вакво силеџиство. Сликите од овие потресни сцени и од овој злосторнички акт врз демократијата и човековите права и слободи се вртат на социјалните мрежи колку и ��а ги блокира власта, колку и да спинуваат владините апологети и подбуцнувачи. Замолчувањето на новинарите во парламентот нивното оневозможување да си ја работат својата работа, нивното отстранување да не го видат големиот резил е чин кој јасно го разоткрива сценариото да се суспендира парламентот и Уставот. Грубо е прекршен член 16 од Уставот со замолчување на новинарите и спречување на слободата на говорот и јавното информирање. Отстранувањето на пратениците со интервенција на специјални полициски единици е уште едно од низата флагрантни кршења на Уставот.

Премиерот во своето обраќање до јавноста по насилството врз пратениците и новинарите ја одбегна квалификацијата државен удар. Тоа го препушти на неговата партија. Тој лично се задоволи со констатацијата дека станува збор за „неуспешен насилен обид за уривање на демократските институции и легитимно избраната власт на слободни и фер избори“. Или веднаш ќе уследат големи апсења за „организаторите“ на насилното уривање на институциите на системот, или за Груевски уривање на демократските институции е ако опозицијата бара во легална демократска процедура контрола на буџетските пари и предизборно задолжување на државата. Таа расправа највообичаена во цел свет Груевски уште во првите денови ја оквалификува како блокирање на државата и сеење хаос. Според него и неговите истомисленици, сите немаат право да знаат како се трошат нивните пари. Тоа било работа само на демократски избраната власт и на клучарот на државната каса.

Жалењето на премиерот што се случила една мала непријатност и што биле исфрлени со грубости новинарите од своите работни места да не видат кој и зошто ги тепа пратениците не било во негова надлежност. Вакво лицемерство е типично за Никола Груевски. Да не остане покусо, многу жалење изрази и претседателот на државата. И јас него го жалам.

Да, тоа не е во надлежност на премиерот кога јадат ќотек новинари и пратеници, но тоа еден ден ќе биде во надлежност на правната држава ако Македонија некогаш стаса дотаму.

Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот


Статијата е прочитана 6441 пати.


Испрати коментар



Несигурниот триумфализам на Груевски
Годинава тешко, в година уште потешко
Жданов меѓу македонските уметници
Среден прст за Македонија



Neverni, 26.12.2012 00:16:48
Drzaven udar sekogas pravi onoj sto ne e na vlast, e toa e fakt a vakvi maqnipulacii nema da pominat! Opozicijata se odnesuvase idiotski i taka prodolzuva i taka i kje ostane!
Haralampie, 26.12.2012 00:23:13
Predvodnik na Fronto protiv Branko e Robert Veljanovski, vnuk na Arhiepiskopot, a toj e podanik na Grujo.
I Jas go zalam avtorot, 26.12.2012 00:24:49
Go zalam avtorov na tekstov zosto zastanal na pogresnata strana. Avtore zaludno go branis toa sto ne e za branenje. Zarem ne razbra do sega deka so toa sto go pravis stois protiv Makedonskite interesi i Makedoncite i site drugi sto ziveat vo Makedonija. Dali si svesen ili ne ke razbereme vo slednite tvoi pisanija. Se nadevam deka i ti si Brankov zalo0znik pa ako si odi (verojatno toa ke se sluci) nabrgu i ti ke se smenis.
Бранко се обиде, ама не успеа, 26.12.2012 00:32:17
Нелогични тези на Ризаов. Државен удар не може да направи власта. Сама против себе???
Исток, 26.12.2012 00:47:52
Каде ќе стигнеме „црни“ ние, така поделени, раскарани и со таква Влада која го мрази сопствениот народ а е заљубена само во себе и оние бедни послушници околу нив. Кај нив е сега силата, но тоа не значи дека така и ќе остане. Ќе им дојде крајот, како и на се што доаѓа, но штета што не си ги модернизираа КПУ туку го градеа Скопје 2014!
коректор, 26.12.2012 00:48:54
Содржинска колумна Гдин Ризаов. Вие таа наша реалност толку сочно и елоквентно ни ја презентирате. Некои ја разбираат додека други не, некои не сакаат да ја разберат, секако некои едноставно немаат капацитет да ја соџвакаат. За жал, повеќето ја чувствуаат јаловата тортура и опресија од народните татковци, но стравот е преголем за реакција па дури и изразување на став кој ја одразува сопствената индивидуалност и слобода на избор, размислување и општествена ориентација. Чим македонското раководство можеше да ги покаже своите оштри заби и да го стори сето ова (Вие дефиниравте што точно) пред очите на целата национална и меѓународна јавност без око да и трепне, без законски механизам кој би можел објективно да ја санкционира; замислете со кој страв се соочува обичниот човек - работник, административец, бизнисмен, невработен итн. во потрагата по своите убедувања и своите загарантирани демократски / човекови права и слободи... Не е лесен излезот од диктатурата...
Nekoj od nadvor, 26.12.2012 00:59:40
Jas ne sum siguren dali ova SDSM go napravi iscenirano ili spontano. Vo sekoj sluchaj izlegoa na videlina nekoi neubavi raboti. Megutoa sepak mora da se reshat civilzirano. Simnuvanje na nivo koe go praktikuva vladata ne e dobro. Jas mislev deka koga dojde Gruevski vo 2006 konechno Mk ke trgne vo vistinska nasoka. Toj ispadna tri pati pobeter od tie pred nego. Tesko e koga se nema nekoj tret no kaj i da e ke se pojavi. 20 godini tranzicija za balkanski mentalitet i ne se mnogu. NE vredat sporeduvanja so drugi zemji od istochna Evropa, tie se mnogu pocivilzirani, bez navreda, se se uchi se se postignuva, samo treba malku poveke verba i pochit.
Nezavisen Pratenik od Kanada, 26.12.2012 01:22:54
Navistina zalam i Jas g,Rizaov za celata ovaa slucka a najmnogu zatoa sto gledata samo od edna strana.Vie znaete i samiot a i mnogu pati imate ukazuvano deka samo mnozinstvoto vo parlamentot odlucuva a ne nekoj istrosen politicar sto misli deka go nasledil od tatko mu.Se nadevam ke go objavite mojot komentar.Blagodaram.
seirdzija, 26.12.2012 01:26:08
Sistemot na vladeenje e DIKTATURA.Poveceto podrzuvaci se zavisni od Gruevski so rabotni mesta licno ili nekoj clen na posiroko semejstvo...Se raboti so spiskovi,neposlusnite so sigurnost ke dobijat otkaz i represija,pa zatoa se slucuva deka ludjeto i neznaat za sto vsusnost demonstriraat...bitno e da se derat po ulici deka Branko e kriv...I jas se pridruzuvam vo tvoeto zalenje i kon pretsedatelot i premierot i ja podrzuvam opozicijata da ja razgoli i razvlasti vlasta i da konecno gi vidime smetkite od nivnoto vladeenje....onaka nenasminkani...
Predavnik, 26.12.2012 01:35:43
Toj se vika diktator, a drzavta chovek-drzava. Koj se nadevashe deka od ova choveche toa ke ispadne? Ma ni Georgievski! Go gledav malku vecherva kaj Burekot (v petok ke e verovatno kaj Milenko), pa morav da go smenam kanalot, bidejci ona ne dolikuva na premier, nego na baba trachara, so psihijatarska dijagnoza za Crvenkovski (toa li mu e programata?). Da se tolku nema nivo i oset za situacijata e chudo nevideno! A Horhe - aj me meni! Za zalenje e i toj, i nie so nego i Makeonija so site nas. Izlez: Ostavka i nadvor od politikata na Branko, Grujo i zalniot ni Horhe. Se od pochetok, i vo partiite i vo drzavata. Drugo chare ne gledam. A ako Grujo ja potceni opozicijata i *nema potreba za razgovor* - odosmo u gradjanski rat! Rabotata e preseriozna za onakvi intervjua i nastapi, a policijata neke da moze stalno da ja drzi situacijata pod kontrola. Dijalogot e sepak najdobroto reshenie.
USA, 26.12.2012 02:01:48
Po kojznae koj pat ista konstatacija. Postojano spisok na nesta sto ne cinat i navodno ne vodat vo propast. Uste na nekoi ne im e jasno deka nikakvi akcii i reakcii ne se vazni. Vazni se rezultatite na koi mozes da se povikas so dignitet. Opozicijata vo minative nekolku godini ne moze da se pofali so nesto znacitelno, samo retorika. Eve edna domasna zadaca: Koj ke bide rezultatot od gradjanska neposlusnost i do koga? Dali otkoga i toa ke zavrsi (a, mora da zavrsi), ke se povikuvate na istoto so dignitet? I zivejte so makedonskata denesnica, ne so slovenskata, zosto taa vo Makedonija e numerirana. Nadez 1, Nadez 2..........
melbourne, 26.12.2012 02:22:43
Ako stasa do tamu.
Spase, 26.12.2012 03:13:23
Dali treba Gruevski da bide del od dzamija i grcki platenik za da gi zadovoli tvoite kriteriumi G-ne Erol ?
cane sokolovski toronto, 26.12.2012 03:52:08
Незнаењето е зол плевел, кој диктаторите можат да го култивират меѓу своите прелажани, ама никоја демократија не смее да го дозволи мeѓу своите граѓани - Villiam Beveridge Да, незнаењето и никакви други анализи на аналитичари за ситуацијава се релевантни - незнаењето е.Сум рекол дека вистината не е апсолутна. Сум рекол дека нема невин, освен каменот (Конфучие)ама сум и рекол дека должност на секој граѓанин е да се бори против моќта. зошто само таа може да корумпира, само таа може да наметне не слобода. И тоа важи за секаде.Сум рекол дека демократијата не е од Бога дадена туку човек треба да ги извалка рацете да ја стекне. Бев вџашен кога видов што „уметниците„ направија, се продадоа за грст...малтер, цемент и мермер, тие кои требаше да поседуваат супериорни етички кодекси, кои требаа заедно со други да бидат совест на општеството. Како да мермерот пее или глуми.Тоа уште еднаш ме наведува да кажам дека ние сме далеку од граѓанско општество туку сме поданичко.Другото Ризаов го каж
Marioec od Azija, 26.12.2012 03:54:14
Seenje magla nisto drugo.Vcera vi pisav,denes isto i utre pak objavile ili ne.Kakov budzet kakvi bakraci,kakva demokratija,ovde se raboti za scenario da ne se dojdi do izbori i nisto povece,posto lesno se predviduva ishodot na Papata ne mu preostana nisto drugo osven ovoa.A da bideme iskreni toj i go najavi istoto a pozicijata spiese.Malski siledzija igra fudbal i veli ako ne pobedam ce go iskinam fudbalo,e toa e Papata.Erole na ovie ni gospod ne im pomaga pa ni ti ce uspees badijala se trudis,Me interesira kolumnata na Buckovski vo Dnevnik,drugoto se e spored ocekuvanjata i predvidenoto.
dragan, 26.12.2012 05:45:52
Abre Erol, jas znam deka ti si za opozicijata i deka treba da pisuvas protiv vlasta toa e normalno i nasekade vo svetot, no ne mi e jasno sto branis kaj tvoive sto e dobro i novo. Jas na primer ne gledam nisto sto ovoj kriminalec Branko saka da napravi novo. Kolku sansi treba da dobie a dobi mnogu? So sportski recnik, ako nekoj sportist izgubi nekolku pati so red od drug sportist, i toj ponovo i ponovo zboruva naokolu deka sepak toj e podobar i deka toj treba da bide promoviran vo pobednik samo zatoa sto nemoze da prifati deka toj ne e pobednikot. Dali novinarite treba da mu davaat prostor da toj go navreduva pobednikot i gledacite toa da go slusaat, gledaaat i citaat ponovo i ponovo do istostenost. Erol te molam povece da ne seres zosto toa ja preminuva linijata na kritika, toa sto go pravis e protiv skoj cesen Makedonec.
EROL, 26.12.2012 05:55:10
Sto da se kaze, se e kazano od avtorot,se nadevam deka ke go razberete,se nadevam deka posebno privrzanicite na ovaa vlast ke ja razberat situacijata vo koja se naogjame.Drzava vo koja covekot zivee bez sigurnost,bez vistina,bez ljubov,bez pravednost.Drzava kade mali covecinja bez prasanje se pokoruvaat I taka se sekogas na milost na vlasta,a osudeni se onie koi se buntuvaat I koi poradi nivnite intelektualni sposobnosti se obiduvaat da nametnat nekoi drugi standardi,poinakvi od ovie od koi I eden Karl Bild,glasen poddrzuvac na Makedonija za vlez vo EU e zaprepasten I zgrozen.Edna evropska demokratija vaka ne smee da funkcionira veli toj.Megjutoa ova voopsto ne e demokratija velam jas, veli Rizaov, velat i mnogu drugi. “Жалењето на премиерот што се случила една мала непријатност и што биле исфрлени со грубости новинарите од своите работни места да не видат кој и зошто ги тепа пратениците не било во негова надлежност”.-klasicna izjava na dictator.
citatel, 26.12.2012 06:05:11
ne mi se veruva! 99% od komentarite na ovoj neophoden vo ovie 2dena, jasen i sovrseno precizen tekst - se apsolutno autisticni! Ovie ili imaat problem so umot, ili so moralot ili so dvete podednakvo!
пријател, 26.12.2012 06:37:56
Дали некој може и смее да ги избрка новинарите од собрание без одобрение од Груевски?Кој би се нафатил на таков ризик?А новинарите беа избркани да не се види што ќе прави власта со пратениците од опозицијата.Ако е вистина она што го зборува власта,зошто беа избркани новинарите и исклучени камерите?Многу лесно ќе видевме што се случило во парламентот и дали опозицијата прва започнала и што започнала, па не ќе требаше никој да „објаснува“.
nacional-patriot, 26.12.2012 07:36:58
Opozicijata ima pravo da podnesuva amandmani so cel da go podobri budzetot i da bide pokorisen so podnesuvanje razumen broj amandmani.No bidejki podnese ogromen broj amandmani i odbivase nekoi resenija za da se odblokira donesuvanjeto,jasna bese namerata na opozicijata.Da ne se donese i uste povekje im padnaa maskite koga nivnata teza deka kreditot od svetskata banka ke se koristi za izborite padna vo voda so toa sto im se prifati nivnata opravdana zabeleska da ne se trosat parite od kreditot za izbori.No za opozicijata i ova ne bese dovolno da go odblokira budzetot i so toa jasno e deka ne e im do toa,ami do nesto drugo.Do pravenje haos,bezredija.Da go spomnam i prethodnoto opoziciono zabeguvanje so trgnuvanjeto na mikrofonite i mavtanja so pokazalcite.Ah da,i nivniot obid fizicki da se presmetaat so Veljanovski.Od kade takva agresivnost vo Makraduli,Jakimovski...?Simptomaticno e sto ovaa kulminacija na opozicijata e posle anketata od IRI.No i vlasta imase greski kon novinarite.
PAVLE ALIMASKA, 26.12.2012 07:44:16
Господине Ризаов,не се виновни Груевски и неговите полтрони и истомисленици,виновни се ОВЦИТЕ кои им го дадоа гласот на изборите.Многу ги има,а ги видовме и на контрапротестот.Вие го жалите оној недоветнион претседателот што држеше партиски говор во парламентот,но ги има многу повеќе за жалење.Да биде трагедијата поголема голем дел од интелигентната младина замина во светот,не гледајќи никаква иднина и перспектива со овие МОНСТРУМИ што се на власт.Простите и неписмените,немиените и приглупите кои го поддржуваат овој психопата остануваат.
ФЕЛИКС, 26.12.2012 08:09:48
Ме изненади колку знаење и умеење има авторот кога прашува ,,чија е владата,чии е парламентот ,,Во светот на демократијата владата и парламентот е на оној кој победил на избори и ЈА ПРЕЗЕЛ ОДГОВОРНОСТА ПРЕД НАРОДОТ ЗА ВОДЕЊЕ НА ДРЖАВАТА А КОЈА НАРОДОТ ИЗБОРНО МУ ЈА ДАЛ (големите слова се за оние кој не им е јасна опозициската улога)Никаде во светот опозицијата не е главна во владата и парламентот.Другите набројани нешта се од народот и за народот,ниту од власта а уште помалку од опозицијата.Инаку пречи и тоа ептен кога ,,либерален аналитичар,,од докажан опозициски ков разглаба кој е медиумски апологет на власт.Вероватно својот опозициски спин го смета за врв на независното новинарство.По се изгледа ни Шатевскиот лидер ниту неговиот тукашен апологет не го разбраа повикот на САД и ЕУ за смирување на ситуацијата.П.С по се изгледа авторот не го прочитал писмото од СБ во кое наголемо му се руши пласираната ѕеза за ,,буџетски недомаќинлок,,Вероватно е зафатен со ,,долевање масло на огнот,,
Срекник, 26.12.2012 08:30:11
Ероле, ти си извонреден новинар (што се гледа од прочитаните колумни) и Историчар. Направи паралела или објасни го владеењето на најдолгиот претседател или раководител на ВМРО Ванчо Михајлов (најпознатиот македонски изрод со неговиот претходник Тодор Александров кој носи еден мост во Скопје (срамота) и еден булевар во Софија (изрод кој се бореше за Бугарското племе). Очигледни се сличностите на нивното владеење. Терор, страв, присила, илјадници убиства на чесни македонци (тие убија повеќе Македонци одколку македонските комунисти кои направија држава кои сега овие ја опљачкаа) а го носи името Музеј на ВМРО и жртви на комунизот.
девичанецот, 26.12.2012 08:45:38
Од овие секојдневни еднострани колумни на едноокиот Ерол, Утрински не ми се купува, ниту би сакал да го отворам електронското издание. Ова ли е објективно гледање на работите? Ако ова е објективно новинарство, тогаш Утрински се изедначува со СиЕнЕн за време на бомбрадирањето на СРЈ и кризата на Косово и Метохија.
Miki, 26.12.2012 08:51:22
Nasilnikov i negovata banda ke zamine koga ke resat GAZDITE! Se toa sto nabroja g.Rizaov - gusenjeto na demokratijata, apsenjeto na opozicionerite, unistuvanjeto na mediumite - AMERIKANCITE GO ODMOLCAA!! Gadostite sto gi gledame denovive - POVTORNO! Neznam zosto duri i hrabar novinar kako Rizaov na pisuva za ova? Javno i jasno neka se kaze - OVOJ SATRAP ZASEGA E PODDRZAN OD ZAPAD, a nas Neboto neka ni pomogne!
SP, 26.12.2012 09:01:46
Vi blagodaram uste ednas G-din Erol za kolumnata za da se cue glasot na onie koi razmisluvaat so svoja glava. I jas go zalam Premierot a bogami i celo DPMNE. Lugeto se za zalenje ako mislat deka tie imaat pravo da pravat sto sakaat a pritoa nie sto mislime so svoja glava ke stoime i samo ke gledame. Vo ovaa drzava DPMNE go urna ustavot, nezavisnoto sudstvo a sega go okupira i sobranieto. A Vie sto razmisluvate so partiska kniska mesto so mozok zaprasjte se sto e toa?
хемингвеј, 26.12.2012 09:11:34
Без секирации за подома,ама со голема секирација за глобално.Како и секое експериментирање така и сега повторно кај нас,се вежба меѓусебно елиминирање на демократијата од во фиока,и демократијата на терен.Судир меѓу правотот дадено на хартија и проблемот од нејќам дадам на лице место.Загрижувачки за иднина.После кршењето на правилата на игра (и од позицијарта и од опозицијара,и од органите и телата,од институциите)се поставува прашањето зошто во иднина би ни требало цела таква војска кога само преку личен двобој се решава битката.Следи ера,голема ера на драматизација од демократија.Следи време на спуштање на концензусот при избори,до степен на други облици.Пример гласање само на пленеските поглавици.Следи мрак,како во средниот век.Не само за Македонија.Ние сме само повод за да бијат хемингвеевите камбани.
Gargamel, 26.12.2012 09:24:25
Cas po *demokratija*?Pratenicite od segasnoto mnozinstvo znaci ocekuvaat *utre* i niv taka da gi vlecat,udiraat,navreduvaat i ponizuvaat *obezbeduvacite*?Ilija Dimovski,Blagorodna Dulic,Ali, .... sramno covecko i humano nivo.Stavrevski i Jankulovska za svoite postapki odgovaraat po zakonot,krivicno,razbira se.Slikata kako so raka gi *ohrabruva* i forsira izvrsitelite go obokoli svetot.Jankulovska nemo ja pratese realizacija na izdadenata naredba.Sramna omraza i partijska zabeganost ili strav od nedonesuvanje na bugjetot?Diktatura na primitivizam,na samobendisanost,na tendersko kriminalni manipulacii,na poigruvanje so gordosta i dostoinstvoto na makedonskiot gragjanin,za dolgogodisno volontiranje,partijsko *vrabotuvanje* za 100 evra,Amdi Bajram vo politicka borba za demokratija,Horhe za izrazi na zalenje,Grujo za psihijatriski dijagnozi ... Makedonijo kade i so kogo odis?A sem Ademi,vo negovoto obrakanje protiv DUI,za interesite na albanskiot narod,kade bea sosedite za sozivot?
Leonid, 26.12.2012 09:51:30
Не сум апологет на Власта меѓутоа, Господине Ризаов, фактот што 6 години пишувате против власта и ништо не ви фали покажува дека диктатура нема. Втора работа која што е битна е фактот дека доколку некоја друга општествена група се обидеше да изгази полицаец пред очите на јавноста, сите учесници ќе добиеја кривични или прекршочни пријави. Последното прашање е дали според вас во периодот од 1994-1998 година имаше диктатура, со еднопартиски парламент, целосна контрола врз општеството и економијата и ако имало дали тогаш сте биле критичар на власта (јас на такво нешто не се сеќава��).
pameten, 26.12.2012 10:05:53
Drzhavava e vi kjorsokak i demokratijata teshko kje opstoi. Vo cela Istochna Evropa demokratijata fati koreni poshto postoeshe vetuvanjeto za integracija vo EU (i ubaviot zhivot koj shto go imaa nejzinite gragjani). Vo Makedonija integracijata se provali i logichno se ochekuva diktatura.
Наташа, 26.12.2012 10:25:46
Доколку премиерот навистина мисли да спроведе големи апсења за случувањата во Парламентот, треба добро да размисли кого се ке затвара. Правото, доколку се уште функционира во државата, подразбира и тешка кривична одговорност за оние присутни набљудувачи пратеници и министри од владеачката гарнитура кои наместо да помогнат во разрешување на состојбата, тие напротив со подршка и инструкции кон извршителите помогнаа ситуацијата да излезе од контрола со физички пресметки. Во спротивно малку ќе бидат просториите на зградите во рококо стил да се пренаменат во затвори. На нас граѓаните нема да ни биде тешко доброволно да влеземо од поголем во помал затворски простор.
Mimi, 26.12.2012 11:01:10
Edna strasna slika mi se vreza vo glavata nasiot minister za finansii spokojno go gledase nasilieto i odmavnuvase so racete kako sto pravea oficerite na gestapo sto pobrgu da se ognesat zatvorenicite vo gasni komori.Vo toj moment mi zalici na niv.Znaci im davase znak so nasilstvo da gi isteraat od sobranie za da moze covekot na raat da go donese budzetot i bez problem da ja zadolzuva drzavata.
razvodneta poenta-suspenzija na demokratijata!, 26.12.2012 11:12:55
Osnovna poenta od nastanite e suspenzijata na demokratijata vo Parlamentot! Nasilnoto isteruvanje na pratenici od zakonodavniot dom e edinstveno vazhno. Demonstranti se tepaat sekade vo svetot, ima i povredeni protestanti, lideri i policija, no vo Makedonija nasilno se otstranija legalno izbrani pratenici od 370.000 gragjani! toa e najvazhnoto,no, za zhal se razvodni, se zamagli poentata! Pochna da se diskutira za sporedni raboti
citatel, 26.12.2012 11:13:33
Se pusti propagandata g-din Rizaov , od komentarite se gleda deka rabotat na toa da da go smenat opstoto mislenje Do vcera se obiduvaa da gi ignoriraat vasite kolumni a sega pisuvaat li pisuvaat.Ama dzabe im e , mene ne mi treaba vasata kolumna za da znam sto e dobro sto loso , mi treba vasata potkrepa deka ne sum edinstvena vo svoeto razmisluvanje i se uste postojat luge koi ja gledaat vistinata
ljupco, 26.12.2012 11:15:33
G-ne Rizaov Mislam deka Cercil rekol deka pluralizmot-demokratijata ne e dobar sistem,no nikoj ne izmislil podobar od nego.Jas ne se slozuvam so Cercil,no ako toa e sistemot koj sami si go baravme,toa i go dobivme.Odlukite gi nosat onie koi se na vlast,i gi snosat posledicite od nosenjeto na takvite odluki.Prema toa ne moze da stane zbor za nikakov drzaven udar.Udar,i toa opasen sprema slobodata na mediumite e izvrsen.
wd40, 26.12.2012 11:21:58
Erole Erole trubo sdsm-ovska......Crvenkovski se obide da napravi drzaven udar i na nasha sreka ne mu uspea ...ako ne ti e jasno nesto odi prosetaj niz Makedonija i ke vidish zatvoreni fabriki od periodot na tranzicijata i novootvoreni fabriki i patista od 2006 navamu.... I bez cenzura
jovan, vlada @, 26.12.2012 11:28:40
Па види сегга вака,она „кротко“ јагне Бендевска, уште покротката Мираковска која нели ич не ја нападна и не и ја истегна косата на жената од внатрешното обезбедување на Собранието,нели ич овие од опозицијата не му се сснаа на преседателот на собранието Вељановски и сакаа бок да му удрат но го спаси навременото реагирање на членовите од обезбдедувањето,Бранко ич не тргна да се пресметува со сопствениот народ од кој беа само на спротивната страна на барикадите така?Почитуван Ерол,ја почитувам вашата работа како новинар т.е годините во професијата ама неможам да се сложам со ова што сакаш т.е како сакаш да го преставиш ОПОЗИЦИЈАТА е кроткото јагне а ВЛАСТА е крволочниот ѕвер кој ги нападна „кротките јагниња“ од екс-Бихачка.Ебати државата кога лидер на опозиција тргнува да се пресметува со сопоствениот народ,со стечајците кој тој ги остави на улица,со социјалците,земјоделците нив ли ќе ти тепа,па доста бе ги утепа со таа приватизација нели ти беше доста алооооо абе вие со оган си играте.
preteravte, 26.12.2012 11:30:16
Navistina preteravte site vie koi ne se slagate so stavovite vo kolumnata. Ova e dokaz deka covekovata glupost nema granici a covekavata alcnost uste pomalku. Dragane site podobro ke ziveat koga ke prestanete da serete (se izvinuvam na javnosta ama morav da go koristam vasiot vokabular) i Vasite kompanjoni da jadat burek a drzavava ke ni mrdnese na podobro. Ovaka shaka ludje si ziveat lagodno od ovie sranja a ostatokot jadnici za sendvic i sise rakija ke se derat po ulicite sakame budjet a siroti b od budjet ne razbiraat ...Kriminal bez presedan...Ja preteravte...se blizi denot koga ova ke vi dojde do glava ...mora vo toa da veruvame
Simus, 26.12.2012 11:55:58
Јас не разбирам толку ли е тешко да се сфати што беше проблематично вчера во целата ситуација. Се разбира дека опозицијата треба да се бори против власта, тоа и е работа. Дали вака или онака, може да се дебатира. Ама оти се укина работата на комисијата за финансирање и буџет. Оти не ги ислу��аа, на комисија ќе победи опозиција, на пленарна седница власта ќе ги одбие амандманите и готово. Тоа беше прв фаул за демократијата. А за вчера што да правиме муабет. Дали СДСМ инсценираше инцидент или не, секој може да си толкува како сака. Ама оти на сила ги вадеа пратениците и уште полошо новинарите?? Се разбира дека власта има поголема одговорност за случувањата. Оти не ја прекинаа седницата откако избркаа се што им се спротиставува. Веројатно оти тоа им било и целта. Е па со тоа ја убија демократијата, тукаа е главниот проблем. А дали е Бранко ваков или Грујо онаков, тоа е само декор, не е суштината. Ќе си зборат и едните и другите, нема инцидентиве ништо да сменат.
Кој проба да направи државен удар и како се добива власт, 26.12.2012 13:42:57
Бранко проба. На власт се доаѓа само на избори и власт дава мнозинството народ. А мнозинството Македонци име не менува. Бранко заврти се околу тебе кои се разно разни клеветници што утре име менуваат. Не плашат. Како ќе добиеш кога секоја година народот гласа да не се дира македонскиот идентитет и не за некое грбаво име. Поарно име отколу ЕУ. Што не ти е јасно и тебе и на оние што упорно пишуваат да сме го сменеле. Е како ќе добиеш. а вака на сила немој народ во судири го водиш. Се виде вчера стариот непотребно го тресна некој кој треба во суд да оди за шамарот. Величко зошто гледаше во чавките а човекот го удираат. Гласови нема да ви даде народот македонски ќе си видете.
Ајван Доктор®, 26.12.2012 14:14:10
Јас,за разлика од другите,не видов „специјални полициски сили“,туку неуниформирани насилници кои влечеа и удираа легално избрани претставници на народот и новинари!Тоа посочува дека насилните сурати се паравоени партиски единици и дава појасна слика за тоа кој извршил пуч!Пwемиеwот неколку пати посочи дека бил нападнат Вељановски (а со тоа наводно и државата,па морала таа да се одбрани)иако од снимките се гледа дека единствениот „удар“е пипкање по рамото!Жално е што премиерот,претседателот и претседателот на Собранието (очигледно и членовите на ВМРО-ΔΡΠΑΜΕ) умислиле дека тие се државата и се идентификувале со неа,па секој (дури и вербален) напад кон нив го сметаат за напад врз Македонија!Не грижете се!Истото им се случувало и на многумина диктатори апсолутисти кои мислеле дека без нив ќе пропадне државата,а таа всушност пропаѓала токму заради нив!Според вчерашната изјава на Хорхе дека предвидел што ќе се случи,станува јасно дека станува збор за настан однапред испланиран од власта!
Oskar, 26.12.2012 14:22:41
Jasno kako den e deka Makedonskiot narod e podelen. So pomos na crnata propaganda sto ja vodi vlasta po site mediumi, so nasi pari, go zakrvi narodot. Ne moze i ne smee, ako se saka razvoj i odrzuvanje na edna drzava, da se ignorira eden golem del od Makedonskiot narod koi e podrzuvac na opozicijata. Dijalog mora da se vospostavi i da se cue i pocituvaat mislenjeto i na opozicionerite, nie ziveeme rabotime i plakame danoci i porezi kako i drugata strana, sto se nasi braka, rodnini, prijateli, komsii. Nie ne sme neprijateli na ovaa drzava i mora da gi imame site prava kako i ostanatite Nie ne po malku ja sakame Makedonija. Brutalnoto isfrlanje na pratenicite od Parlamentot, znaci isfrlanje na ulica i na site onie gragani koj na poslednite izbori go dale svojot glas za opozicijata. Ako opozicijata se bori za vlast sto togas pravi vlasta, osven sto grcevito i so nasilstvo se bori da ostane na vlast. Za da ostene na vlast mora da pregovara so opozicijata.
branko, 26.12.2012 14:35:07
Za Devicanecot, Feliks, Jovan vlada, WD-40 Grujo si obezbedi mesto vo mavzoleot na tiranite. svetot vide se: i kako tepaa i Amdi Bajram i onaa nesreka Stavrevski i onaa spodoba Jankulovska, no vide edna perverzija istata vecer - bogoponizniot, demohristijanin, altruiist i autist kako prisustvuva na Boziknata misa vo katolickata crkva vo Skopje... posle krv crkva???
od makedonka koja zivee vo usa i zali za makedonja, 26.12.2012 14:46:59
do feliks sekogas go kritikyvs gospodino rizov deka e podrzyva opzicijata mozi e taka ama ti se sramis da kazis deka go podrzyvas tvojo i nas diktator hikola ali i ti si od nimi
Nikola, 26.12.2012 15:03:21
Ova sto se sluci vo Makedonija denovive bese dokazuvanje deka ziveeme vo nedemokratska drzava ,mnogu blisku do diktatura. Se poveke deca ni begaat nadvor ,a ova ke bide samo pogolem stimul.Samo narodot mora da si resi sto natamu. Dali ke go trpi ovaa nasilie na vlasta ili ke se izbori za promena i sopstven spas od diktaturata na DPMNE. Inaku tekstot na G.Rizaov bese gola vistina,a tie sto plukaat po nego se samo obicni sitni partiski platenici.So niv ne vredi ni da se polemizira.
antonij, 26.12.2012 15:03:37
ovoj Grujo voopsto ne mi simpaticen i odlicno bi bilo da se trgne od politikata--samo po komentarite gledam deka onie sto treba da go smenat voopsto ne se smenile vo poslednive 10 tina god--komunstite ni dale drzava , vanco mihajlov-krvnik, todor aleksandrov -idiot , bugarite- pleme, ja baraat srbija rusija , amerika ne cini ---pa stoki edni nedokvakani kakva podrska barate od USA koga seuste ja barate srbija , jugoslavija , rusija--poprosti ste od onaa profesorkata od Stip sto saka vladata da padne a vmro da pobedi
Емил, 26.12.2012 15:34:09
Ова што се случи е преседан! Сигурен сум дека во ниедна земја власта на насилен начин не ја брка опозицијата,односно колегите-пратеници избрани од населението и новинарите; во ниедна земја за проблемите народот не штрајкува пред опозицијата; во ниедна земја власта не организира контрапротести на протестите на опозицијата.Но,во Македонија се е можно!!! Во ниедна земја не се пере мозокот на народот како во МКД! Како не им е срам на сите тие уметници,земјоделци,стечајци,администрација да глумат на штрајкови.А,вчерашното тепање на колеги,бремена жена и бркање на новинарите е = на МИЗЕРИЈА!!! Каде ќе им оди душата на Премиерот,на Јанкуловска,а посебно на Ставрески.Па и тие имаат ќерки!
redoven citatel, 26.12.2012 15:43:04
Genijalna analiza od eden od najdobrite i najprofesionalnite novinari vo mkd. Erol, te citam sekoj den i uzivam. Edno od retkite kjosinja vo nasava drzava kade sto moze da se sogleda vistinata vo uslovi na diktatura, rezim, policiska drzava i kriminal koi direktno gi proizveduva vladata na rm na celo so premierot. Megutoa me raduva faktot sto im doaga krajot. Istorijata bezbroj pati odslikuva kako pagaat diktaturite i diktatorite. A istorijata se povtoruva, neli G-dine Premier?
до „независен пратеник од Канада, 26.12.2012 16:11:21
Многу „паметен„ коментар: Мнозинството одлучувало во парламентот! Па,независен пратенику од Канада,КОЈ ГО СПОРИ ТОА??? Не ти е јасно зошто Ризаов реагира вака?Каде ти си чул дека мнозинството ги брка новинарите од парламентот,ги исклучува камерите и со сила ги вади пратениците ЗА ДА ОДЛУЧУВА КАКО МНОЗИНСТВО?А папагалите кои ги повторуваат зборовите на Груевски дека власта сакала ова или она, треба да одговорат само на едно прашање-ЗОШТО ПРВО БЕА ИЗБРКАНИ НОВИНАРИТЕ И ИСКЛУЧЕНИ КАМЕРИТЕ?Ако опозицијата физички нападнала некого или сакала да направи пуч,НОВИНАРИТЕ И КАМЕРИТЕ НАЈДОБРО ЌЕ ГО ПОКАЖЕА ТОА!
profesorka, 27.12.2012 00:42:52
Tezata na avtorot e potpolno tocna. Drzaven udar pravi cesto toj sto e na vlast, za da pretvori demokratija vo diktatura. Da se oslobodi od opozicijata. I pravi udar toj koj ima policija i vojska zad sebe. Malku poveke da ste citale Vie koi komentirate pogresno, nemase sega da lupetate. Koga go branite Grujo, branite rasturanje na zemjata i voveduvanje na diktatorski rezim. Tocka.
Stefan od Ohrid, 27.12.2012 00:43:46
G. Rizaov, Vi cestitam, fantasticen tekst. Za zal na cela Makedonija i site vo Makedonija, polos povod predizvikan od katastrofalnata vlast koja saka da vladee po sekoja cena. E, ama, ke vidime, Stapot ima dva kraja...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, 7°C

Делумно облачно

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 4°C, Мин: -5°C

Недела
Сончево
Макс: 6°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (39)
Зошто Јованка бараше масерка.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Интервју - Нема да дозволиме насилство врз медиумите
Во Собранието се прекрши домашното и меѓународното законодавство. Практично, се случи цензура, бидејќи некој реши да им ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |