25.12.2012, 10:01 Израел гради нови 1.200 домови во источен Ерусалим
Израелското Министерство за внатрешни работи одобри градење на 1.200 домови во доселенички кварт во источен Ерусалим, соопшти невладината организација „Мир веднаш“.
Министерството одобрило изградба на 1.200 домови по седница одржана во четвртокот на Комисијата за планирање во Ерусалим. Невладината организација се спротиставува на доселеничката политика на Израел.
Во источен Ерусалим живеат околу 270.000 Палестинци. Израел го смета Ерусалим за свој единствен и неделлив главен град. Меѓународната заедница не го признава анексирањето во 1967 година на источниот негов дел населен претежно со арапско население и ги смета за незаконски еврејските населби. |