25.12.2012, 14:13 Избрани најдобрите трговци за 2012 година
Операторот „Вип“ доби признание за најдобар објект за компјутерска, аудио и видеоопрема, „Тинекс“ е најдобриот супермаркет, а „Ри-Ма“ го зазеде првото место во категоријата на парфимерии и козметика. Ова беа дел од најдобрите трговци за 2012 година според истражувањето организирано од Град Скопје и истражувачкиот центар „Свот рисрч“. Од бутиците беше избран „Денси-м“, „Лектис груп“ победи како најдобар салон за мебел и канцелариска опрема, „Божиновски“ се најдобри во категоријата златари, а „Електромагнет“ се качи на првото место меѓу фирмите за продажба на апарати за домаќинство и бела техника.
Истражувањето за најдобар трговски го вршеа мистериозните купувачи од „Свот рисрч“ во периодот од 15 ноември до 15 декември Низ 300 трговски објекти тајните купувачи оценуваа прв контакт со вработените, квалитет на услуга, продажна вештина и сл.. (Б.Ш.)
|